Ги барам деновите,кога единствено нешто на кое мислев беше што ќе носам и дали ќе има уште еден спомен запишан во мојата душа. Вратете ми се назад!
Oфицијално ветување давам до жешково лето дека повеќе нема да се жалам на здодевност, оти си ја научив лекцијата! Па, така ми текна после долго време телепатски да воспоставам комуникација со универзумот, со што му пратив мисловна порака да ми даде знак за една важна животна одлука. Немаше ни 10 секунди, и слушам зад мене едно јако брррррррррррм, лагано се вртам и гледам - колибри ми влегло во соба. Кога фатив тоа тетратката, мани ваму, мани таму не можам да го фатам. Иш, мрш, брум...Абе со сите ишарети пробав да му е*ам мајката Слободно можам да кажам дека ова му дојде нешто како ,,Егзорцизмот на Валерин'' втор дел, пошто бев привилегирана веќе да добијам прв дел пред неколку недели со осата. Фактички ова беше повторување на приказната во уште поултимативна верзија, само со полусреќен крај, ако не ги рачунаме изгребаниците здобиени од акање во ѕидот и буткање на стакларникот. Како и да е, на крајот успеав некако да му го скратам летот... и еве ме сега жива и среќна во борбата против колибрито! :geek: Spoiler И сериозно треба да почнам да снимам филмови за искуство со животни, инсекти и сл. ѕрнѕалки бидејќи последниве месеци изгледа дека сериозно коваат завера чим вака се настрвиле да ме напаѓаат.
Почнав да си го спремам CV-то уште откако се запишав на факултет и постојано го надополнував со нови детали. Ама денес за прв пат аплицирав за некоја работа, па држете ми среќа. :wink: Не е работата што ја посакувам, нема врска со мојата професионална определба ама добро би ми дошла додека не дипломирам.
Со ова модава на долги сукњи и фустани не верувам дека машките му се радуваат на доаѓањето на летото како порано.
Сакам викенд во Аурора Спа, на базенот кој виси и појадок со беровско сирење со пиперка. Сакам викенд во Романтик Дојран, и ручек од риба и помфрит. Сакам викенд во Радика и десерт во соба од карамелизирани круши. Вкупно за двајца, 200 евра. Веројатност да се поскржавам, 100% Затоа ке биде викенд дома, со милион серии и фб. Сакам и луксузна мала веселба, со малку одбрани луѓе, со сладок фустан и журка со насмеани луѓе. Веројатност да продолжам да живеам во страв да ја потегнам темата, 100%. Затоа, ке биде вечно одложување и смрт на госпогица. Сакам и да не се случеа некои работи пред 10 години, ама веројатноста да сменам нешто пред 10 години е помала и од 0. Затоа, болката ке живее додека живеам јас. Сакам и очиња и над нив две црвени кики, расчепкано носе и збунети чекорчиња наутро. Веројатност да ми се исполни ова е само 5%. Бидејќи од опрема, имам само скриена желба. Затоа, постојат иглолисни дрва без плодови. Убави се и корисни, ама од нив нема храна. Нема јаболка кои се смеат. Само иглички. Сакам и да ослабам 10 кила. Веројатноста да прекинам да се тешам со храна и да надоместувам среќа со тестенини е ужасно мала. Волјата за убаво тело ми е секојдневно убивана од недостатокот на задоволство во денот. Затоа, ке се надевам дека љубовта на мојот живот ке ме сака и ваква. Сакам и да пишувам повеќе на формов.После месец и некој ден, прв пат имав потреба да пишам, не желба. После сите клети коментари и омраза, бесцелно е да се трудиш да си во друштво со луѓе полни со омраза и црни души. Веројатност пак да пишам, голема. Услов, да не гледам плукање катран. Можност за да не мразат, никаква. Затоа, ќе читам. Сакам и да се одморам. Веројатноста е голема. Со сета сила ке се трудам да не одговарам повици, маилови и да проверувам дали е се ок. Затоа, стрпливо ке чекам одмор. Во меѓувреме ке го гледам како мирно спие и диши секоја ноќ. Тоа е мојот дијазепам.
Извини што осетив потреба да те цитирам, ама 90% од работите се токму во твоја моќ да ги промениш. Само понекогаш човек од недостаток на воља и цврстина, не се бори да го добие она што го сака и ги пушта работите да течат во еден правец и си се теши дека така требало да биде. Добро, зашто да не ја потегнеш темата, што ќе изгубиш? Сакаш нешто? Кажи го, никој нема моќ да ни ги чита мислите, па макар и најсродни души на свет биле. Со страв во животот ништо не се добива, само се губи. Извини уште еднаш што си земав за право да ти давам совет без да го побараш, ама постот ми падна во очи и осетив потреба за тоа. Бидејќи свесна сум дека токму најголемите одлуки во животот се најчесто во наши раце, а не на судбината.
Сте виделе ли како гори стрниште, како цела шума пламнува откако само едно дрво ќе се запали? Е, така пламнувам и јас за него. Не ми требаше време, не ми требаше причина да го засакам. Имав момче и пред него, ама ова со него беше неповторливо, за прв пат доживеано. Немојте да ми кажете дека обично така зборуваме, дека новите љубови ги бришат старите, не кажувајте ми дека секогаш велиме: „Ова досега не ми се случило„.. Тоа е интересен феномен, чудно е тоа зошто забораваме, зошто ни се чини дека се до тој миг не сме сакале вистински, којзнае.. А јас, јас фрлам еден поглед кон него и го засакувам. Лудо го засакувам. Кај него не важи она два пати мери еднаш сечи. Веднаш сече. Многу малку, тоа ти е. Ќе носиш. А јас богами, добро се носев со него. Ама тоа е.
Сиромаштијата несомнено владее, ама барем свој став да имаш за нештата е бесплатно. Едноставно - размислувај. Не може, а и не мора да е точно, ама користи го тој мозок, колку и да е! Преку јебулига (копирајт: баба) од оние гламурозни, бурни животи замаскирани со триста преувеличувања и фасадирани со шминки, кои, за жал/среќа, не ја прикриваат глупоќата. Искрено да ви кажам, гледајќи вака, среќна сум што не лежам на подот на некој подрум, несвесна за сопственото име, што ми се паднало нешто повеќе црпка да не сум комплетно игнорантна за светот и случувањата во него, па и што уште не сум затруднела преку папок, далеку било. Е де, имало и ќе има попаметни, поубави, поуспешни...нека им е, доволно е и да не си само лекоумна и лакома црпка со главна окупација шминка, фејк луксуз и мажи. Ама не варам како може тоа да е нечија животна цел покрај толку многу можности, и стварно преку тасета од глупави, неинформирани, а тврдоглави створења. Стар муабет е дека главата не служи само за фризура...па бар и фризурата да беше некоја саглам.
Поттикната од некои секојдневни ситуации на блиски, познанички итн... СДК, жал ми е кога ќе видам како некои девојки се погазуваат целосно себеси само заради некој клошар што нема ни трошка почит спрема нив. Жал ми е кога ќе видам што се' трпат само заради "љубовта" која мислат дека ја чувствуваат и годините кои ги поминале заедно. Зошто бе девојчиња? Сакам сите девојки што се наоѓаат во таква врска да ги прашам ЗОШТО? Толку ли не се цените и почитувате себеси? Толку ли е ниска вашата цена како личности? Мислите ли дека заслужувате таков третман? Зарем не сакате дечко кој ќе ве држи во раце? Зарем не сакате дечко кој ќе ве опсипува со најубави зборови? Секоја жена заслужува да биде третирана како највредно нешто, заслужува да биде чувана и заштитена, како капка вода на дланка. Како зеница во око. А замислете што добивате вие. Јас го сакам со секое мое делче од телото и со цела моја душа. Најискрено од дното на душата ви посакувам да имате храброст да ставите крај на пеколот, да заборавите на лошите искуства и сите еден ден да се почувствувате вака и да имате личност каква што јас имам до мене. Личност која да може ќе ми го поклони цел универзум вo раце. Личност што прво гледа за мене, па потоа за него. Само А да речам тој веќе е до мене да не случајно ми треба нешто. Личност за која јас сум единствената среќа. Јас сум му најбитната личност. Личност која никогаш не ми го повишил тонот и освен "љубов, среќа моја..." ништо друго не ми рекол за овие две ипол години. Да може или да треба би ме носел во раце цело време само за јас да не се мачам и да не морам да одам. И не, не сум јас девојка што ќе ја злоупотребува неговата добрина и љубов, туку тродупло му враќам за се', барем се трудам колку што можам највеќе. Ама знам дека никогаш нема да ја достигнам неговата широка душа и мислам дека колку и да правам добро никогаш нема да му вратам за она што он го прави за мене. И не е ова некоја моментална заљубеност, туку е вистинска љубов која трае со години и која од ден на ден е се поголема и се поголема. Како што изминува секоја секунда од денот така јас се повеќе и се повеќе го сакам. И еве прв пат си признавам сама на себе и гласно можам да изговорам дека еден ден сакам да имаме две мали душички кои ќе бидат целосно негово олицетворение. Зарем не сакате да имате такво нешто? А можете, сите можете да имате такви личности до вас, само ако сакате. Ако барем 90% од времето не се чувствувате вака, бегајте од моменталната врска.
Сакам само да кажам дека... -Диполмирав. -Повторно сум среќно заљубена и исполнета. -Анксиозноста дојде до тоа ниско ниво што речиси и ја нема. -Пред мене е можност за некоја недела да заминам во Германија да работам некој месец. -Среќна сум, затоа и ме нема овде. Конечно работите почнаа да добиваат некаков колосек кој се надевам дека е вистинскиот. За само неколку месеци многу работи во животот ми се сменија од корен. И сфаќаш дека е се релативно. Пред некој месец ми се чинеше дека животот неможе да ми биде полош, сега гледам преку розеви очила и го проживувам овој убав период кој конечно ми се случи. Тркало е животот, ќе се заврти пак знам....ама повеќе не е ни битно, ќе ја оставам иднината да мирува а јас спремна ќе ја дочекам каква и да биде. Толку. Имајте убава ноќ.
Се чувствувам исполнето, среќно и немам грижи благодарение на мојот дечко Почнувам да мислам дека постои совршен човек и баш тој човек е мој
Секоја вечер убаво ми вика детето, да те однесам до дома, не бе, супер сум, таман ми е. Сигурно? Да, да... Како да ми е супер да се акам по темницине сама, па и бројот не ми работи, а во потрага сум и по ламбичка.Некогаш кога си одам си ја пеам таа на џуџињата, хај хо хај хо... А па капак на се', најавуваат и ураган и торнада и чуда, им иде најголемиот државен празник на кој очекувам да не потопат со бакшиш, па ја пак ќе се јуначам по дождовите. Зборот ми беше... И секоја вечер таман, таман, не дека во три недели еднаш имав само слободен ден цел, па госпожата одморенс и свежа пешачи по н саати работа... кога детето во комшии да ти било, по се изгледа, ако ништо друго, мине од тука. Е, па, се погоди детето, од Господ пратен... ете кој од утре ќе премине од песната на џуџињата на песната од кочијата на Пепелашка. Не е лошо да си легнам, детето вака, детето така, ама детето нема да работи за мене во наредните дена.
Од секогаш им се дивам на луѓето кои рано стануваат, а притоа функционираат најнормално. Јас, за жал, не сум една од нив. Дајте ми казан кафе! Spoiler
Сакам да кажам дека постојат многу психопати. Сакам да и кажам на таа другарка моја што се нарекуваше да не јаде многу гомна и нека си гледа свој живот. Сакам да кажам дека не сум нејзино ниво, нема да кажам ниту еден збор со мојот молк ќе ги убедам луѓето дека имам многу да кажам но ниту едно од тие не е за добро.. А ти дечко мој, време лечи се, ќе бидам трпелива само време ќе покаже дека многу грешиш во врска со мене времето ќе ги излечи сите тешки зборови што ми ги изнарече Тогаш ќе сакам барем едно извини што ме нарече нешто што не сум.. (и ти тоа многу добро го знаеш)
Ете мала промена за летово,тука во дворче 24/7 е супер Деновиве немам пристап до компјутер ама и вака се снаоѓам Имајте убава недела,најмили
Слушам еден дечко нашироко се фали за својата положба. Пари напраил и сега му е време да си најде некоја. Го очекувам за некој месец до година (зависи на колкав репрезентативен примерок и во колкав временски период ќе истражува) со коментари од типот на ... она фамозното овде барем „сите жени се ....“ сите го знаеме продолжението. Епа не може сите риби во морето да не чинат. Можеби не е употребен вистинскиот мамец. Материјалната подготвеност игра улога, признавам, но не е доволна за да ја најдеш вистинската.
^ Па ќе дојде на форумов и ќе не стави сите во истиот кош и ќе не плука. Многу брзо поминува летово, камо и зимата вака да поминуваше. Сакам да застане, да си биде секогаш топло. Во овие денови сфаќам до кој степен ја мразам зимата. Ич не сакам што времево има толку влијание врз мене, би сакала секогаш да ми е рамно, без разлика на сезоната, ама не може едноставно. Ко мечка зимоска кога ќе се затворам, никаква желба за живот немам. Еххх.... И уште да ви кажам право не ми се јасни луѓето што го живеат животот за другите. Ако ова, ако она, па што ќе кажат, па што ќе мислат за мене, па ограничувања еден куп. Стојна почива овде, го проживеа животот за другите... Многу примамлив епитаф богами. Туку, како ми забега муабетот од летото до епитафи? Ајде да фатам повесела нота, мислам дека да можевме сите да си дозволиме еден одмор годишно ќе бевме многу посреќен и порелаксиран народ. И како тоа е повесела нота? Знам, знам, јас се што има одмор во него автоматски мислам дека е повесело. Ајде август, доаѓај побрзо... А од друга страна сакам да застане летово... И мене не ми е лесно.