Ноќва на 5ти мај секогаш ќе ја паметам како најтажна во животов. Пред точно 7 години го сонував сонот кој секогаш ќе ме боли. Во сонот, јас и дедо ми, шетаме по некој пат кој се дели на две. Едниот продолжува право, а другиот скршнуваше на лево. Баш таму кај што се делеше патот ме застана дедо, ми вели „ти од тука па натаму мора да продолжиш без мене, мене друг пат ме чека.“ Ме гушна и сврти лево, а малку понатаму го чекаше еден човек, па заедно продолжија. Полека и несигурно чекорејќи сама по патот сфатив дека и мене натака ме чека некој, целата моја фамилија, другарките... Се разбудив жива вода. Дедо ми беше во болница веќе некое време, а сите знаевме дека ситуацијата не се подобрува. Истата вечер мајка ми доби повик од болницата. Еден нејзин крик беше доволен да сфатам што се случува... Дедо ми беше најдобриот човек што го познавам. Со децата знаеше да биде дете, со возрасните - возрасен. Секогаш беше позитивен, безразлика на ситуацијата. Баба ми ја чуваше како капка роса на дланка. Немаше човек што не го сакаше... Знам дека и од небото ме чуваш, деденце мое. Фалиш.
Она кога имаш еден куп нови книги и те фаќа паника и не знаеш со што да почнеш...и не почињаш зошто стварно не знаеш од каде. *смајлишосешлапапочело*
Моментот кога ќе добиеш убава вест. Не убава, фантастична вест. И додека читаш, ти доаѓаат солзи радосници на очи. Време беше
Добро вие што по сто пати пишувате „Здраво" на личност која очигледно ве остава на сеен си ги бришете разговорите или гордоста ви е на ниво мравка?
Она кога ја прашуваш мајка ти, мамо како си? А она ти одговара - Шминкам, се облачим се, имам јаку вољу за живот, ја би и да се удам, ал ме нико нече.
Има една бабичка во комшии, има околу седумдесетина години и живее сама. Сабајле ја прашав дали и треба нешто од Кам, откако ми одговори потврдно и го дадов мојот лист со намирници за кога ќе појде да ми купи и мене. Треба да бидеме хумани и да си помагаме едни со други, особено сега.
Дали е чудно видео што за 5 дена собра 7 милиони прегледи, а за три недели има 11 милиони прегледи, ни еднаш не излегло како препорачано или пак на трендинг? Сигурно уште почудно е што кога ќе го пребараш на ЈуТуб, не искача никаде... Единствено копии од истото, и одоздола коментари и коментари како никој не може да го пронајде истото, па ќе се најде некој херој шо го зачувал линкот, оти знае како функционира светов... Еве ви, образувајте се малку во каков свет ги растете вашите деца. Првата верзија е на англиски, втората со српски превод.
Пред некој ден @Herrera имаше пишано дека сакала да се вози со друштво и музика во кола, па ме врати во еден убав период. Периодот кoга почнав на факултет така се возевме со две другарки. Слушавме музика, се возевме, пеевме, се смеевме, снимавме. Убави безгрижни денови. И ден денес сме најдобри другарки, па баш ќе ги прашам дали некоја чува видеа од тоа време. Му кажував на дечко ми за тие моменти, и ми вика па и сега може да се возиме ако ти е мерак. Си реков зошто да не? Немаше што да правиме попладнево, па се воземе. После долго време се возевме без потреба и без цел. Слушавме музика и теравме. Возевме по нови патчиња, места, ливади. Излеговме и на автопат па ме убеди со 5та да возам. Ете новост...Со 5та возев за прв пат Ја истражувавме природата низ Македонија, ама почна полициски час и назад дома. Искрено не погрешивме што така се возевме. Убава и интересна промена, фала Херера за идејата Не мора да е толку брзо возење ко што сака @Herrera , може и умерено, само да имаш добро друштво и патот сам ќе ве води. п.с. Успат бурек и јогурт купивме да не е апла за џабе возењето