Како тоа ако некој те праша зошто си слаба и ти одговориш со а ти зошто си дебела ? Одма го сфаќаат како навреда . Двојни стандарди недајбоже да кажеш на некоја дека е дебела ќе те каменуваат "боди позитивити" а ако речеш слаба си е тоа може тоа не е навреда така?
Да имам шанса би напраила геноцид. Fuck пробување да разбереш, компромиси, и слични срања. Море само стапот да заигра бре.
Конечно, работите се поместуваат од мртва точка. Никогаш веќе нема да го земам здраво за готово она што го имам.
...up? Циркулира на фб една слика за нашата лична сенка, па се присетив на Јунг и едно предавање, па после добив прашање за тоа за полагање за сертификат. Веќе кога толку се споделува, дали луѓето размислуваат во врска со тоа се прашувам?! Имено, се она кое не нервира, го презираме кај луѓето, ги мразиме заради нешто, тоа е нашата сенка, нашето ид. Ако го напишеме сето тоа на хартија, можеме слободно да се потпишеме под тоа и да извлечеме една комплексна самоанализа. Ама ... И така. Само да е добро,зошто денес не беше.
Дали само јас добивам пораки од новозачленета членка што онака лабаво ме прашува од кај сум и дали користам снап?
Денес го положив последниот испит, Математика2, најтешкиот. Пред 5 години мислев дека ова е невозможно и дека никогаш нема да успеам да завршам, но ете и тоа се случи. Никогаш не се откажувајте од нешто што го сакате, без разлика колку мака и труд треба да вложите во тоа.
се надевам дека нема јас да бидам таа повредената. моја грешка што се приврзувам толку и си ставам на срце.
“Членка” што сакаше да се “запознаеме” во втора порака ми пиша име, години и каде живее (дури и зградата) и ми рече ако сум сакала може број и инстаграм да ми прати... ?! Легендата вели дека некој некогаш пишал мислење (па макар и зафрканција) во темата анален секс и не му бил нападнат инбоксот од манијаци потоа...
Како успеваат да постат по цели денови, јас не знам. Денес истерав ден на течности, ама со мака. Напукав добри 1200 калории со добри 95 протеини и 123 јх од кои 58 шеќер и 36 масти преку шоља кафе (300 мл. вода и 50 мл. оризово "млеко"), чаша домашна комбуха, крем супа од брокула (700 мл. вода и 100 мл. млеко, по пола на 2 пати), 400 мл. спортски пијалок со електролити (по пола на 2 пати), 800 мл. јогурт (по 400 мл. на 2 пати, од кои вториот пат му додадов 4 лажички мелен лен и 4 лажички мелено семе од тиква), чај од нане, 100 мл. електролити и 500 мл. протеински напиток од ванила (по 250 мл на 2 пати). И некои си литро/литро ипол вода. Зошто по не знам кој пат имав проблеми со нагони на повраќање и мачнина која ме пратеше и ден потоа откако ме нападна екстремниот напад на повраќање, се решив да видам дали еден ваков ден ќе помогне. Искрено, не знам дали помогна во тој поглед. Знам само дека тешко беше за изведување, особено од попладне некаде околу 16.00 па се' до пред саат-два. Ептен ме фати глад, но не во смисла на стрвост, туку се почувствував вистински слабо, дури и едно време ми "се тресеше снагата", ко што велат. Следен пат ако сакам да го олабавам желудникот малку, ќе гледам барем појадок и ручек да каснам нешто како овес или домашно пире. Во секој случај, имав желба да испробам, испробав и тоа е тоа за сега.
Ќе налеташ на смешно видео доцна во ноќта и се воздржуваш да не се смееш гласно затоа што ќе го разбудиш брат ти кој спие во другата соба а не можеш повеќе да издржиш.
Како можи да бидат луѓево толку користољубиви,дволични,завидни?Дали само јас мислам дека сите се добри дека нема потреба од завист?. Каде погрешувам,каде ? Не можам да ве разберам, НЕ МОЖАМ! Барем тронка страм да имавте!
Кога станува збор за авиони, аеродроми, летови и сето она од постот на Херера, се сетив дека една од првите желби за што ќе бидам кога ќе пораснам беше стјуардеса. Не знам ниту како го знаев зборов кога бев толку мала, но знам дека ме воодушевуваше помислата патувањето со авион да ми биде секојдневие. Има нешто фасцинантно, нешто што и ден денес ми предизвикува посебно чувство при такво патување, а тогаш иако не бев го искусила во мислите ми беше нешто најуникатно. Можеби ме привлекуваше таа некоја слобода на која асоцира изгледот на авионот. Птица која во секое време може да одлета каде ќе посака. Веројатно тоа сакам да сум за во сето свое постоење мојата умешност да е сама да си ја носам слободата. Го сакам молчењето понекогаш. Ја сакам смиреноста кај луѓето. Ја сакам и енергичноста, но знае да измори. Постојано излевање на мисли, постојана напнатост, исчекување на реакција, преголема љубопитност за туѓото или целосна незаинтересираност поради толку истакнуваното јас и само секунди тишина во кои ја оформува веќе следната мисла за да продолжи. Како и да е, само сакам уште да го оставам видеово да ги чуете дечињава. Верувам дека ако се надоградуваат и продолжат да свират и во иднина со истава страст со која го прават тоа сега, можеби ќе бидат следните Two Cellos т.е. Two Violins. Spoiler
Никој: Апсолутно никој: Пораките што ги добивам во инбокс: Не е погоден вистинскио верувај sexs so nepoznat ppubavo custvo nema se opustas uzivas si prajs se sto sakas od utre ne se poznavas mi se slucilo nekolku pati