Сите овци ми се наброј денес. Дали зашто станав порано и си го затерав денот на тенане, дали зашто си имавме заедно скајп доручек. Му објаснував по телефон како да прави француски палачинки по македонски рецепти, додека ја овес варав. Два саати си муабетевме за мини работи и баш убаво ми дојде. Почнав да средувам, почнав да пакувам, едвај чекам искрено да извлечам куфер и да наредам сè. Скопје уште не е на повидок, белким јули ќе биде. А ми прифали деновиве. Кујна која си ја баратам и има се што треба (и 50% што не треба), турско кафе на тераса, двор за подработување. Јули и август, се надевам, ќе можам да ги посветам на ставање некои работи во ред што одамна ми тежат и ме нервираат. Ама немаше ни прилика ни услови да се разработат. Останатите работи ќе си дојдат. Два-три пати месечно имам кризи на идентитет ама се извежбав да некако да не си правам бајрам со умот. Реално, никаква моќ немаме. Колку и да планираш сосема 15то ќе излезе, кај мене тоа е од секој аспект. И во ред ми е искрено. Ништо многу не кажав, ама ете.
Колку сакам да постои услуга некаква некому да платам да ми брка бирократски ствари или да ми издроби чекор по чекор што да правам и да не лутам.
Вака.. Една стара будала си има некои проблеми со мозокот и цело време загледува девојчиња. И збори муабети од типот на ,,ќе ти го н***кам” ,,ела” ,,еве го тука е” Иде со свлекнати панталони намерно. А жена му со здрав мозок го остава тоа да го праи и се смее. Дали ако викнам полиција ќе го однесат негде? Еднаш до врата дојде не можевме да искочиме со девојчево од НЕЈЗИНИОТ двор. Му викам ќе ти викнам полиција и ми вика ,,дојди дојди”
Многу паника ме фаќа од бројкиве за корона. Не дека се високи, туку причината за тие бројки е лажење, непазење, нетрпеливост, силење, инат водење. Простил'к кој продолжува и продолжува. Како да ќе нема крај. Кај сите се подобри, само кај нас ептен се влоши. П а н и к а.
Ама до сеа не ме нападнал физички.. Да не ми речат после ,,нема основ за пријава” Стварно е напорен чоекот.. Мора у двор да простираат алишта за да не нѐ гледа кога седиме со другаркава. Стварно не е пријатно и нервира. Колку и да го игнорираме пак збори
Ке кажеш дека човекот не е добар,дека на сите жени им збори такви глупости,дека иде по нив,дека ти дошол до пред врата,и дека ти е страв,и све она горе што го кажа.Ваљда не треба да се силува за да има основ,доволно е ова што те вознемирува,и сее страв по Девојки/жени.Ке кажеш и дека неговите дома го оставаат така да прави,пријави го,не чекај да дојде до недај Боже нешто лошо,после џабе е и Полиција и све.
Кога стануваш медицинско лице ти веќе не си обичен смртник. Ти веќе не си обичен човек. Твојата свесност, а пред се совесност, треба да е на некое многу повисоко ниво отколку на народот. Ти си одговорен за смртниците. Ти држиш животи во твоите раце. Ти си господ за некого. Да некоја амеба од свирипичино со трето одделение сее по клиники (не една, туку две) вирус кој сеуште никој не му го знае чарето и тоа на оделенија кај новороденчиња... Ајде, ќе речам амеба е. А ова со диплома од медицински... Пуштање јавно име и презиме, одземање лиценца доживотно (јес да ја нема сеуште, ама да не може да ја извади), тужба од сите родилки ставени во ризик, тужба од сиот медицински персонал ставен во ризик. Ако цаца ја колневме, ова бетер треба да се колне. Душичка таа, од угледно семејство била. Пу!
Јас искрено не ги сфаќам овие што се бунат за теретаните ( клиентелата). Ај газдиве ги разбирам, ама вежбачиве никако. Во една сала, со пологично добра климатизација да вежбаш и потиш и здраво било не?! И се Бунтова уште. Ете земете ги пример постарите спортисти, како тие вежбале бе? Во теретана? Брус Ли сигурно одел и се чкрапалнс огледало. Добро е со коронава што ни дозволува на ова убаво време надвор да ја имаме физичката, природна активнсот.
Парализирачкиот страв е она од што всушност се плашам. Стравот дека би ми било страв да делувам. All those moments....се живи глупости на квадрат.
Не мора да значи ако одиш во теретана сакаш да се набилдаш, луѓе имаат многу причини. Јас лично имам проблем со грбот и ми рекоа морам да одам во теретана. Ако си правела вежби најобични и ако си вежбала на справи, има голема разлика. Не значи ако надвор е сончево дека ќе возам точак покрај кеј, мене не ми годи исто и на повеќето.
Леле со овие бројките што ги вадат секој ден што ќе се прави? Ништо нема да отворат, само да го уништат народот ништо друго.
Ама летово тапа.Викаат као демек ќе сме имале многу топло и суво лето.А нигде не може да се отиде годинава.Дур беше карантинов се коа сме слободни врнеше,коа си дома пршти сонце.Ептен сме значи баксузи
Затоа што се залажуваме сега секогаш ќе имаме уште една шанса... Затоа и многу пропуштаме, па се каеме, па си поставуваме прашања, што ако соберев храброст тогаш, што ако постапев така како што јас сакав, а не според некои измислени ограничувања.