До кога ќе се убедуваме дека немаме време за некој? До кога ќе се убедуваме дека некој нема време за нас? Време има ама љубов нема!
СДК, албумот Животинско царство, уште си го чувам Исто како и оној од Млади Бунтовници, Покемон и Барби. Дури и ФИФА 2002 го собирав. Колку пари само сме дале на сликички...
Вистинското прашање е која бевте, дали Миа или Марица. И нормално танц на која песМа спремавте у школо. Ние на оваа @prominent @Feminka192 И од Волшебнички која бевте, дали Пру, Пајпер, Фиби или Пејџ.
Се чудам. Или јас не сум токму или треба да живеам со маска на лицето и да глумам пријателство. За мене не е својствено да се испокарам со некој, да му се изразвикам,да не зборувам одреден период со тој некој и по неколку месеци да бидиме најверни другарки. Јас ко ќе се скарам, скарано е. Здраво, како си? Доста е. Немаш право да дприш до мене.
Добро, да прашам, ама сериозно би сакала брутално искрен одговор: што е со вработениве по шалтери? Особено овие што вадењето личен документ ти го претвораат во понеделничка катастрофа. Сериозно, од каде таа нервоза, огорченост? Влегуваш внатре, се поздравуваш и се обраќаш, ни в очи да те погледне ни да врати човечки, ако врати-враќа или со подвикнување или со пола уста, едвај да чуеш што зборува. Пред мене чекаше ред еден дедо, посиромашко, тивко човече, ме праша дали е тоа местото за лични карти. Чекаше, влезе внатре најкултурно се поздрави, и нели почнуваат со ред, сликање, отпечатоци, потпис. Ајде постар човек е, обично не излегуваат многу од дома, а кога ќе излезат во места со многу шалтери и многу луѓе, збунети се, имаат многу страв и трема. Знам по баба ми, вели трема како да ме фаќа, веројатно си доаѓа тоа со годините. Не беше од оние постари луѓе што заморуваат со препрашување, прилично тивок и смирен човек беше. Која потреба имаат да му се изнавикаат онака, наместо погласно да кажат што треба да прави ако не слушнал добро или ако бил збунет. Работа со луѓе е напорна, тоа не го негирам. Ама да се однесува кон луѓе како да се животни и секој клиент да го третира како издувен вентил, не е човечки. Не се стока, особено постарите лица. Малку фали да се потресат, и она малку кревко здравје што останало не е во ред да се крши уште толку.
Повеќето од нив се од оние кои до 12 часот ги мразат сите, а по 12 и себе. Само со исто со нив, ти подвикнале, повикни и ти. Ама и јас не разбирам кое задоволство им е да малтретираат постари особи, особено оние кои се пољубезни и културно сакаат само да добијат точни информации.
УБАВ ДЕН Ново понеделничκо утρо исполнето со сончеви зρаци Нова ρаботна седмица и нови почетоци ! Аиρлија ρабота!
Сите што покрај групната слика пишаа 'за инат на Филипче' или 'за инат на короната' се избришани од мојот живот засекогаш.
Team Piper forever Дури и ми стоеше Пајпер до името на фб Иначе СДК дека ќе биде баш долг денов, онака понеделнички ќе ме исцеди
Шо прајте по ресторани не ми е јасно????? Уште да се сликате се. Море, дур не осети некој на своја кожа.. Да не дај Господ да осети... Уствари, некој само то има цел во живото. Cheers to dat.
Океј, тенда не ви се падна, столчиња со маса за у двор уште помалце. Па барем 300 евра да ви се паднеше, мме.