СДК знаете дека има апликација за да видите кој ти го гледал фб и инста профилот, така?! Не а? Да ви кажам, да не биде после не сам знајала.
^ Апликацијана got me like.. Гарант кај сите у телефон се имам појавено како што отварам свашта од досада на инстаграм. Од сега само мои слики си листам и толку, #selflove.
3 дена по ред пече, жеже онака летно, за прв пат сум океј со летово, пријателско настроена со темп. Нема веќе собни влечки, нема пижами, нема 3 блузи под блузата. Оу јесс. Варам грав, правев палачинки, надвор моментално е 28 степени, седам на тераса, бубачки од сите страни летаат. Това е. Лето бе. Лето. Си ги грејам коските од поштено имам измрзнато у јуни месец. Се мислам дали се има згреано морето или уште не и зошто не. Лежалка, корона (пиво), песок, ноочари, розеви купаки тоа сум јаст. Нека иде живот. Сва среќа вирусот ни е оставен позади нас. Топлото како јагода на шлагот ни дојде
Ми излезе на фб сликава. Сицилија. Небо, земја и многу вода!! Кристално чиста вода, со бујни песочни плажи, народот земјоделци, одглесуваат претежно лимони, мирис на лимон, погледот, стара куќарка со дрвени капаци. Тоа е тоа. Животот. Имале среќа каде се родиле и се запустиле. Со опоен мирис на лимон, со сина вода, мирис на сол, бел песок. Да ме пљукнеше бекој таму а?! По шорц и бела маичка да работам на поле со лимон и лаванда. Не ми треба ништо друго.
Фејсбук не користам неколку години по ред. Инстаграм ми остана единствено. Планирам да избришам и тоа. Инстаграм стана како натпревар. Кој од кој "посреќен" живот има кој "ужива" на базент на плажа на ресторант. Дури и опседнати стануваат седнуваат на кафе на ручек никој ништо не чепка додека не сликаат сите.
Утре е голем ден за мене. Нека го завитка некој универзумов во тупаница со палецот стиснат и нека го почува така. Ќе ми треба среќа.
Уморна сум. Не знам на кој јазик да кажам за да сфатат луѓето. Уморна сум од сплетки и интриги,уморна од луѓе. Уморна од објаснувања. Сакам мир и спокој,сакам пак да се насмеам ,од внатре да ми дојде нагон да вриштам од среќа.