Види Нана, само ќе кажам мое спротивно мислење од твоето, немој погрешно да ме разбереш дека те осудувам, како што спомна за други, немам таква намера, ниту сум имала према некого.Кога некој се жали, сигурно има зошто, не секој може да најде, знаеш и самата како стојат работите во државава и тоа секому му е јасно, кој е патот до работата.Исто така знаеш и самата дека има луѓе кои сакаат да работат, а ради икс други причини кои ги немаат како услов за работа ( партиска книшка, врски ортоми, за второто сум сигурна милион посто, не зборам туку така) едноставно не можат да најдат работа, што не значи дека не мрднале со прст за да најдат работа.Можеби ќе речеш “ ама сама успеав“ како што мислам дека и кажа, во ред да е така како што кажуваш, не можам да мислам поинаку од тоа што го напиша, бидејки и не сум сигурна што и како е, но можам само да се надоврзам на твоево мислење, не сите луѓе имаат иста среќа, не на секој му оди лесно во животот, некој треба да се мачи, измачи, додека друг со леснотија може да му оди во животот.Тука не игра улога дека секој седел со скрстени раце и чекал од небо да му паднат нештата.Точно дека колку човек се труди, толку ќе успее, но и не значи.Релативни се овие нешта за човек да биде сигурен дека е така како што си мисли дека е. Според мене, мислам дека нема човек што не сака да работи, дали можеби дека сакам да работам, не знам.Точно дека животот не е лесен, но како што кажав претходно, кај секого е различно.Моето мислење за тоа како човек се вработил е како што кажав претходно, врски и книшка, без разлика какво образование има и сл., бидејки и знам такви случаеви.Хаос е во државава, се е наопачки. Се согласувам дека човек за да има нешто во животот, треба да се потруди, ништо не паѓа од небо, тука си во право
Да така е Гордана те разбирам јас конкретно зборев за одредени лица што ги ги знам лично кои се и што се и колкави им се можностите и затоа ги нападнав. Бидејки од многу сигурни извори знам дека можат да се вработат но подобро им е дома на фб да играат игрички. Зборот ми беше дека ако мрзливоста не им дава да работат барем да не зборат џабе дека нема...туку тие самите не сакаат и после некој друг им е виновен. Фамилии имаат на свој грб но со прст не мрдаат.и не се некои школувани и со дипломи но има место и за тие , има градежништво има икс работи каде можат но тие си ја гледаат готованската... Пензијата од бабата - мајката , социјалното и сл.
Ах бре Лела,човек ништо да не напише Не смееме да реплицираме,не смееме да искажеме сопствено мислење бидејќи ако е спротивно на она на кое се реплицира станува ука и бука. Не смееме слики да ставаме,не смееме видеа да ставаме. Па оваа тема треба да биде најслободна,да се искажеме за се што ни лежи на душа,на глава,на срце Ако не се согласуваме со некој пост,што е штетата ако изразиме поинакви аргументи? Сепак се зборува за секојдневен живот,сите сме исти овде. Ми така де,форумов е построг од Ватикан Ќе оди и постов во бришка,but I don't care
Ако бе Мароса, кажете, јас најмалку сум таа што ќе забрани. Ама општо зборам, дека во оваа тема каде што ќе се кажува што ни лежи на душа, на секој трет пост се реплицира, и тоа после него следува дискусија од три страни. Во ред е да се реплицира, да се каже свое мислење, да се развива дискусија, ама не во оваа тема и секако додека не се преминат границите. И не зборувам за оваа дискусија, имало многу такви случаи... Инаку и јас сум за тоа да не е толку строг форумов, особено за сликите во темава, па крај краева не знам што толку пречат и ја попречуваат функционалноста на форумов. Зборот ми беше да не се развиваат толкави дискусии (да не речам препукувања) со големи букви и чуда во најопштата тема. Ама што е тука е. Ај поздрав
А можда и не би било лошо да се забрани реплицирање во оваа тема. Има милиони други теми за дискусија, барем оваа нека не биде за тоа.
Моментот кога собата ти е средена... Се тушираш облакаш пижамчиња само што исперени мирисаат на ленорче легнуваш во кревет се така миризливо околу тебе а знаеш утре е Сабота ... но никогаш не е совршено секогаш мора нешто да недостига....А тоа си ти ...Лека ноќ каде и да си....Среќа е што сме под исто небо ....Те сакам Лека ноќ
Сакам да кажам шо е убо вака ми се цепа битолски некако,од кај инспирацијава не знам,и викам на сестра ми поручваше? И оваа што ти е бре Епа тоа ти е,татковска линија,почнам тро појќе да трескам Ама скопски си е скопски
Човек во животот, секогаш треба да биде доследен на себе си, да биде храбар, а не секогаш да биде под туѓа закрила или да биде како сенка на друга личност.
И така деновите си врват, а мене ми е преубаво. Не мислев дека олку убаво ќе се чувствувам. Секој ден одењето на работа до лани ми беше измачување, но кога работиш опкружена со позитивни луѓе и денот е поубав. И не мислам да се жалам од народот овде. За мене не се ладни, не. Кој што сака нека зборува, вака било или онака, се додека лично самиот ти не го доживееш, нема да знаеш, а од муабети рекла-казала преку глава ми е. И нели сите сме различни карактери? Само ми недостига тој, да го гушнам. И мајка ми, татко ми, бате... Тие се мојот живот, моите најсакани.
Музиката е таа што ни го исполнува животот, му дава секакви бои и значења... Ни го диктира расположението.. Јас ако сакам да се расположам веднаш знам каква песна ми треба, исто и ако сум ептен нерасположена, знам што ми треба да ме доуптепа... “Music gives a soul to the universe, wings to the mind, flight to the imagination and life to everything.” ― Plato
Дечки... Како да ви кажам... ми искочи федер на сред душек, мамата изфедеросана негова! Муки ќе си мучам сеа. Па од цел кревет, тој на СРЕДИНА нашол на никне, бе? Не можеше некоја друга локација да смислиш? Сунце ти твоје... хохшаплерско. Сеа пробувам разни положаји, за да го избегнам, сестра ми пука од смеење. Ама ако! И на нејзе бе некад ќе и' никне федер. Шо мисли она? Само ја имам федери? Е па ХАААА! И ти имаш федери. :смајли.што.си.ги.скрстува.рачињата: А знаете што беше личен кога го купив? Со ананас! Сама си го избрав. Да знаете само колку време ми требаше да се одлучам за шарата... мислиш лансирам ракета за во вселената. Демек некој ја виде шарата, освен некои бубашвапки и пајачиња? Али битно он мене вака ме извиси, а ја него го избрав од толку душеци на цел свет? Никогаш нема да му опростам! Сакам да го кврцнам, али ќе треба постелнината да ја вадам. А што убаво мама ми ја намести пред некој ден. Нема смисла сеа... се мучела жената. А со што да го кврцнам, бе? Со ножици нема да сака... со турпија па ич па. За со клешти ќе треба до гаража да идам (а тато спомна дека некоја мачка се вртела таму у последно време, можно било да има некое глувче). Знаете што? Убаво ми е со федеров. Кога сестра ми ќе отиде, ја ќе го сменам со мојот.
Само што се запознав со црвчето кое живееше во мојата слива. Многу мила личност, која чест ми ја направи. А, јас пак, наместо да го поздравам како што треба, да го почестам нешто, сепак гостин е во мојот дом... Јас го фрлив во канта! Се чувствувам како чудовиште. Како ќе спијам вечер?
Ги зезнав сите. Ама морав да им докажам дека можам сама. И на крај излезе подобро сама отколку со некој друг.
Во животов нема правда! Имаше пишано некоја феминка зошто Господ ги зема најдобрите? Да зошто? Вчера прочитав на интернет починала Ивана, една млада девојка полна со желба за живот и позитивна енергија. Девојката се натпреваруваше во квизот се или нешто и покрај тоа што беше болна од рак, не се имаше откажано од животот, ама ете таков е животот, суров. Исто IvanaMkd, зрачеше со позитивна енергија, секогаш ја читав и ми го разубавуваше денот, кога прочитав дека починала, не можев да се соземам од плачење. Потоа овие пилотите 4цата, еден од нив беше другар на тато, добар човек и зошто? Тоше Проески, еден ученик од наше школо Андреј Ѓорѓиевски и за него имаше тема на форумов, беше болен од леукемија, а пред тоа и неговиот брат имаше починато од леукемија , баш ја читав пред неколку дена темата и сега повторно се расплакав. Ми текна и на баба ми, која што почина од рак, само што ја зема првата пензија, не не е фер воопшто. Ама каков и да е животов, мора да живееме. Не вреди да се нервираме за се и сешто, денес си утре не си. Затоа да го живееме најдобро што можеме, да се трудиме што помалку да се нервираме и да бидеме среќни. Имајте убав ден, си се изнаплакав јас.
Емотивна личност сум по природа,сега за прв пат ја видов темата за IvanaMkd,ја разлизтав цела,а и дел од нејзините мислења,стварно многу жално,колку и да не ги познавам личностите се наежувам и стварно ми е жал и за четворицата пилоти и за петкратното убиство и за се. Не знам што да кажам, животот е суров и приредува секакви изненадувања,дека добрите луѓе умираат брзо и се друго се потврдува со еден наш пријател, пред 2 години (2012) беше болен,не ни сакаше да одиме јас мајка ми и сестра ми да го видиме во болница,само татко ми,за да не го видиме во таква состојба,вечно беше насмеан ведар,дури почина неговото внуче,не знам како го пребродив тоа,кога толку ме засака малечкото Очите вечно ми се насолзени за вакви теми Сега е важно да сме ние живи здрави,како викаат не се умира со умрениот,живот иде даље.. Ве поздравувам,имајте убав ден Spoiler Се извинувам што продолжив со ваква тема,ама морав да се искажам.
Никогаш не излегува онака како што планираш.. кога ќе го сфатам јас тоа Не планираните работи секогаш излегуват подобри ама ајде де.. оди разбери се не можам да си помогнам, не можам да тргнам некаде ако не испланирам било да е на одмор, викенд или пак на еден ден. Понекогаш и завидувам на другарка ми, ранецот, две маици, фармерки, и малку пари и заминува, без план, без ништо.. зошто јас не можам така туку морам да испланирам се до детали, каде ќе одам, за ова колку пари ми требаат, за она како ќе си поминам, какви гаќи ќе носам...добро де не е до толку Ама озбилно, се ќе испланирам и ако на крај не излезе така, се разочарувам.. нормално Уште само некој ден и ќе го видам дечко ми.. едвај чекам
Моќта и непроценливата љубов на жената, се олицетворение на оваа слика... Треба да сме горди жени! Никогаш не се потценувајте. Вредиме како ништо друго на светов