Ќе видиме - два збора со кои на најлесен начин можеш елегантно да одбиеш некого и во исто време да го ставиш во неизвесност... :geek:
Ќе се договориме - на фин начин те одјебува. И ти дава дознаење дека никогаш нема да се договорите. Него, сигурно некогаш сум ви кажувала дека јас мобилниот не си го рецкам 2%. Го користам само за аларм. Вчера кога моите легнале да спијат, мојот мобилен почнал да титка кај нив у соба. Татко ми почнал да вика, али не сум слушнала. Се изнервирал, го земал мобилниот и рекол: - Е сеа ќе го и' го оставам на тераса, па утре она нека го бара. Кога не знае кај го остава... И знаете што? Јас не ни приметив дека ми го нема. И денес ми вика: - А бе ја те викам, ти наудрена се праиш. А бре човече, спиев! Ништо не сум осетила. И го земав мобилниот, да видам кој ме барал. Демек нели немам фејс, па можеби на некој му текнало на мене. Guess what? Батери лоу ме барал. Затоа титкал. Ај чао. Spoiler
Имам неколку СДК јас сега. СДК1- Home sweet,home.Доме,слатки доме.Како Битола моја нема ништо поубо! СДК2-На патиштата во Грција,македонските вода не можат да му носат. Колку убави патишта.Кај нас сите дупка,до дупка.Такму убајни... СДК3-Ама убај биле овие грциве.. СДК4-Ама убав роденден сум имала. Можеби не стигнав до островот со пливање и пола одмор не се капев,зарди теткана. Ама со бродот бев таму. СДК5-Aбе срамота се јас и мајка ми се загинавме во еден трговски .Тоа ти е кога во БТ наша,њама такви чуда СДК6-Ми недостигаше Фемина и сите вие феминки,ве сакам! СДК7-Ви благодарам на честитките за роденденот. Да ве початсам со колаче. Имајте убава ноќ! ВЕ САКАМ!
Вежба боречки вештини, на тренинг му го пукнале носот и одма селфи на фејс со пукнат нос, крвав, никаков Дечко да те потсетам имаш 29 години
Како си заминуваат луѓево страшно луѓе што ги знаел човек, што се вика до вчера ги гледал, за наредниот ден да ги нема.Премногу може да биде суров животот, некогаш изгледа како да трае секунда, еден здив и ништо повеќе, што е уште пострашно се повеќе умираат, што млади, постари, уште полошо кога се случува тоа брзо, коси се пред себе, страв да го фати човека...
Ме нервираат самопрокламирани слободни умови кои сметаат дека погрешна љубов не постои. Уште појако - водени од тоа мото уништуваат се пред себе, па и самите себе. Да, погрешна љубов постои. Љубов од која не излегува ништо добро е секако, погрешна љубов. Љубов која уништува е погрешна љубов. Интересни ми се луѓето кои се чувствуваат современо во својата примитивност, луѓето кои се сметаат за добри во својата злоба, или такви кои се сметаат за цивилизирани во својата распуштеност која е како некоја грда смеса од најлошите животински инстинкти и најлошите делови од нашата цивилизација.
Ги сакам оние луѓе кои се мирни во дадена ситуација и кои кога ќе кажат нешто ги оставаат сите со отворена уста. #штосуониопасни
Одамна не ме фатила ваква несоница...веќе нема ни поента да се трудам да заспијам кога и онака алармот го наместив пред 8. Не знам дали е до климата или до месечината или па можеби до фактот што во последниов период интензивно ми се вртат мисли во глава за тоа како ми недостига возбуда во мојов живот. И не мислам на љубов, дружење и излегување. Нешто што најмногу ме тишти периодов е тоа што одам на работа, а нозете ми се враќаат. Толку ме утепува помислата дека работам нешто од што морам и дека ни под разно не смеам да престанам. И не е дека сум мрзлива, ама сериозно, баш напротив, моментално размислувам кај да одам џенем да фатам, да се убијам од работа - ама буквално, само за да станам и да си легнувам со возбуда дека денес или утре ме очекува нешто ново, поинакво, значајно...и искрено заборавам дека имам и фамилија и дечко и другари, е до толку ми фали да го пронајдам тој дел од мене, затоа што инаку ниту една друга среќа нема да ми биде комплетна. Не ми е ни до парите толку колку што моментално ми е скршен духот што го имав и тој фин динамичен систем во којшто си постоев. Веќе четврт век поминав, а уште лутам и се осеќам како да не сум почнала да живеам. Чекам некоја коцка да се намести, чекам да соберам храброст, чекам да се соочам со некои стравови... Ако знам јас што се случи со мене во последнава година - две, еве главата на трупче ќе си ја ставам.
Да не ми даде човек пола слободен ден. Се наголтав пола кило кафе од данкин и се наполнив со фамозните бостон крофнички,пуштив три машини и три сушари, се издепилирав, се измив и се исушив коса, значи да се исушам коса е огромен луксуз кога се бањаш двапати дневно, си испазарував јадење за неделава, ги испратив сите да спијат и дремам како тоа мисирите морски што дремат пред ѓубрето наше на работа и чекаат да колвнат нешто. Дури имав и желба да поминам да ги поздравам на работа, чисто онака, да се задрам, арни ли се, добри ли се... Колку се смеам таму, не е нормално еј, ми се продолжи животот од тие луѓе. Страв ми е дека премногу ќе се приврзам и ќе ми биде тешко, оти додека трепнам летна месец, а ќе летнат уште два. Би дошла пак и пак тука, ама сметките некако не испаѓаат по планот... Уф, глава ме боли кога мислам на тоа. Детето се задева исто така, се задевам и ја, веројатно си го барам, со боринче и тоа. Ама ептен успешно се инфилтрирав меѓу Америве, си ги имаме шалите, хуморот, не де сеќавам кога некој ме смеел толку многу. Мислам дека се смеам со цела душа, се смеам за да надокнадам за годинава. Толку светната си идам дома што овие дома мислат дека којзнае што правам таму, а јас како идиот само хихи хаха... Вчера морав да застанам во најзатскриениот дел, не можев да се соземам, солзи ми течеа од смеа, срамотилаци. Не ми се спие, а сум уморна, само јас знам нозите и грбот колку ме болат... Море не се жалам, се трудам, та креми, та ампули, та триста чуда, ама болат бре... Болат на 21 година, на 70 ќе ми отпаднат изгледа. Не дека се жалам, пак ќе речам, ама сите заспаа, јас како да не можам да заспијам ако одработам само 8 саата, мора 12+, да не ми пишат минус... За некој ден, ле ле, прв цел слободен ден по не знам колку време,пола ќе го потрошам во продавница, пола оптегната на креветот со списание, сокче од портокал, ладно овошје и ќе кулиииииирам за сите пари на светот. Оу јес ај уиллллл... Леле дај да ми се приспие, си играм мајтап а утре Митре нема да работи за мене. И морам да почнам да ги терам луѓево да стануваат кај шест, со сите се промашувам, ми се разговарааааа, онака дип дип дииип разговори... нешарлатански, ненаметливи, како што си знам со моите луѓенца да си терам...
Синоќе, направив една од најголемите грешки во мојот живот и како по обичај, не се каам - многу нормално за мене Бевме на роденден и како по обичај - сите пијат. И јас и една другарка ајде и ние една чашка, па две, па три, па четири, па пет И многу нормално кога за прв пат пиеш - ќе те фати Прво, не сакав да си одам од роденденот затоа што супер си поминував, второ, малку ми се вртеше, а адреналинот ме тераше глупости да зборувам, трето, убаво успеав да се посрамам кога излеговме од роденденот, четврто, истурив црева, петто - леле ако дознае тато Потоа си отидов дома и како по обичај одам во собата на моите и се држам за вратата затоа што ми се врте, си направивме муабет со моите и добро е не ме приметија, а и јас брзо ги откачив под изговор дека ми се моча Потоа одма си легнав и ми се чинеше дека собата ќе ми се сруши врз глава. Сабајле се будам и полека ми се враќаат срамните моменти од синоќе и така, сега другарките и другарите доживотно ќе ме заебаваат
Животот не е фер! Ајде не сакам да се жалам за материјални нешта, несакам да се жалам за пари бидејќи некој живее уште полошо... Но ме боли бре кога гледам како моиве се отепуваат од работа, душата им излегува трудејќи се да заработат и повторно неможат да си дозволат многу работи. Треба да студирам, знам ќе имаме многу трошоци, па така нема да одиме на одмор. Жал ми е што цела година глава не кренале од работа и сега поради мене ни 5 дена неможат да одморат на раат некаде на плажа Татко ми ми вели „ај да одиме на 1 ден во Охрид“, му велам, „тато бе да не правиме трошок, не мора“, а на тоа слушам „па што, секако ќе умреме, што ќе ги чуваме парите“... Нозете ми се пресекоа, само си излегов од собата и си чукнав во дрво Вчера видов метеор како паѓа Можеби го приметивте. Дури и се слушна слаб звук кога минеше, се забележа долга огнена опашка и набрзо изгоре во воздухот. Убаво се почувствував кога го видов. Ми даде надеж и замислив желба, за подобри денови
Идиотизам брате. Па ќе се фрлам од таван значи. Мене као демек ми е гајле шо сте вие фрлиле 360 денари за глупио сируп. На, пиј го ти да вкусеш одвратност. Па и екстрат од шипка и коприва, па и мед, аха, се` убаво, ама јас тоа НЕ го пијам бре. Чинам смрта ја искусив. Значи, не гледаш дека сум подобро? Кашлам ли веќе? Кивам ли? Уствари да, али малце бре човек. Значи глеј сеа, ќе умрам поради еден мочан сируп. Оди испиј го ако ти се пие. Ааа, па и 250 милилитри бил. Бравос, доволно за цел век имам.