Ајде една гатанка. Што е тоа што оди едно назад па потоа две напред? Spoiler: Одговор Моите килограми јеј
Толку беше прошетката. Бевме и на црква чисто да се стоплиме, завршена беше службата, ние покасно отидовме и правец назад. Она што го приметив во црквата беа многуте пораки испишани на мали ливчиња и закачени на големиот крст , тие пораки се однесуваа за молење што побрзо да заврши Короната , па пишувал народот со надеж дека Господ ќе им ги слушне молитвите и ќе заврши пандемијата. Еве слики од денес
Sakate da vi kazam do koe dno dna sme stignati? Covek programer pravi od stari komp novi, a kerkit e i sincinjata na politicarite seuste si studiraat vo stranstvo... Izgleda ke napravat uste poveke pari od umrenite od korona, ova e legalen masakr
Аман со тоа за братучетка се работи. Ова е форум имаш прашање, прашуваш и чекаш одговор. Што е важно за кого се работи. Никој од вас не бара објаснување.
Реалност преселена на анонимен форум што подразбира објаснување пропратено со оправдување Да се задоволи љубопитството со сите премиси...
Јас, член на фемина форум 8 години, кога пак нема да се најдам на списокот Форумџики кои ја обележаа годината..
Дома сум. После толку време се чувствувам како конечно да има мир во куќава. Душата ми плаче од среќа.
Знам дека кога ке дојдете денот,на Нова Година,90% од луѓето ке посакаат иста желба,да ја снема Короната во новата 2021 година.Ако и ти мислиш така,напиши во коментар ИШ КОРОНО ИШ.
На 3 Ноември 1957 година беше испратено првото живо суштество во вселената, малото куче Лајка. Го собрале од улица, затоа што било питомо, мило и пријателски настроено со луѓето. Минело низ ригорозна обука за издржливост, пропратно, морале да му ја ампутираат опашката поради проблеми со вселенското одело. Било избрано како најздржливо женско куче, пошто процесот на исфрлање на фекалиите бил полесно да се вгради кај женките. Деновите, додека траела обуката, Лајка го минела својот најубав живот пред да замине на неповратната мисија. Советите, иако знаеле дека сеуште немало изготвен систем за враќање назад, сепак планирале Лајка да помине некои си недела дена жива во вселената. За жал, дури во 2000те години се дозна дека Лајка поради проблем со вентилацијата се задушила два часа после летот. Советскиот сојуз ја известувал јавноста за како го мине времето во вселената малата Лимончек 6 дена. Иако нејзиниот крај бил трагичен, малото улично кутре стана симбол за Советскиот Сојуз и целото човештво како првото куче кое било во вселената. Се разбира, пред неа имало уште мисии кои биле безуспешни и кучињата завршувале мртви дури и пред да пристигнат во вселената. Вкупно 12 кучиња од 51 завршиле трагично при овие експериментални летови. Нека биде овој пост во честа на нашите најдобри пријатели, кои поради својата милодушност кон нас, им го ускративме животот.
Ќе платам некој што ќе ме нокаутира секоја ноќ во 23:00 пошо тоа ќе да е единствен начин да си легнувам во отприлика нормално време.
Денес е ден за мене. Ден за филмови и многу вкусна храна. Ке биде убав ден за поминување самата со себе а дождот само ќе ја зачине атмосферата.
Јас сум личност што при најмал звук не можи никако да заспие. Им се чудам и на луѓе кои велат дека не можат да заспијат без телевизор или без музика. Само потполна тишина и црна темница може да ме заспие, без разлика колку сум уморна. Но има еден исклучок што и ден денес не можам да си го објаснам, а тоа е звукот на дождот кој удира по прозорот. Тоа е единствениот звук што не ми смета за заспивање. Надвор можи да истура, а јас мирно ќе си заспијам. Па и затоа многу си го сакам дождот.
Сакам назад во Скопје. Ми фали студентскиот живот. Ми фали излегување и дружење со колегите. Ми фали трчање по 5ка 3 пати дневно. Ми фали самостојноста. Ми фали приватноста што ја имав во стан. Многу убаво ми беше. Заминавме дома на 2 недели и останавме 10 месеци. Не сакам да ги поминам преостанативе 2 години дома, пред компјутер. Сакам да се врати на старо, колку може. Уште две години имав од таквото секојдневие. Се надевам барем од октомври, кога ќе сум 4та дека ќе ми се исполни желбава и ќе си се вратиме назад кај што припаѓаме.