Јанаков е еден од најдобрите професори кои ги имал институтот. Сега го заменуваат неколку професори, зошто реално тие предмети се old school психологија и јадро на психологијата. Јас слушав предмети и полагав кај него, па ги знам книгите, додуша гледам дека некои се извадоци од години после дипломирање, па не сум ги прочитала сите, но оние што ги знам се извртени и извадени од контекст. На пример еве имаше извадок нешто поврзано со личен простор на жената е кујната, така нешто. Не е тоа личен став и мислење туку дека најчесто е тоа така. Неговите книги се огромни и за да разбереш што сака да каже треба да се прочита во целост, а не само извадок. И изборни земав кај него и се сеќавам дека бев студентка додека го тужеа за истава работа. На предавање разговараше со нас за тоа. Разговаравме и за хомосексуалноста. Некои делови се несензитивно напишани и беа модифицирани. Не знам од кое издание учат сега. Да, човекот е ексцентричен но е професор и терапевт со кредибилитет. Јас имам искуство со хомофобни изјави од друга професорка, но неа никој не ја спомнува и тужи.
И Фројд бил "терапевт со кредибилитет", па неговите учења нанеле и нанесуваат непоправлива штета на женскиот пол.
Јас всушност сум свесна дека дел се изваени од контекст и апсолутно се согласувам за тие неколку слики со тебе. Ама биди чиста и ти па кажи дека дел не се вадени од контекст. Исто така, прилично сум свесна за изјави негови за време на предавања за шо, овие вакви слики шо произлегоја, се блага вода. Ама то и ти го знајш, не? А дека некој е терапевт со кредибилитет - можеби. Само мене ми е тешко да вервам дека чоек како него би бил. Пошто терапевт не смеј да има предрасуди и не смеј да има гнасни ставови и без срам да ги кажва. Зошто терапевт значи дека ти си таму за пациентот и му си поддршка дури и кога ти ги кажват најлошите делови за себе, делови од кои можеби и се срамат, делови за кои со никој не зборат. И терапевт е некој шо и покрај присуството на симптомот, ти пак се осеќаш прифатен и не прај да се осеќаш ненормално зошто шо е крај краева нормално? Нормалното е субјективно и од таму иако влегваме со одреден bias на терапија, треба да се лишиме од него максимално. И ако јас одам кај него, како ќе очекувам да бидам разберена? Зато ова шо го збораме е толку важно. Зошто терапијата посекако не е нешто особено популарна кај нас, а дотичниот прат да е уште понеатрактивна за луѓето кои уствари имаат потреба. И ако имаш искуство со хомофобни изјави од друг професор - споменувај ја. Тужи ја. Мора од негде да се слушни. Те охрабрувам. Само зошто има уште некој, не исклучва дека то шо сега се дешава со овој не е дискутабилно и гнасно. Едното не го исклучва другото.
Да, токму поради тоа што вакво деградирање и понижување на жената го претставувате како ексцентричност и токму поради тоа што има студенти како тебе на кои човеков им е позитивен пример за професор, баш затоа сме тука кај што сме како општество. Блазе си ни ако да си професор значи да пишуваш вакви небулози.
Фројд и Јанаков ќе ги споредуваме? Јас како што се изјаснив и се оградив, зборувам за извадоците кои ги знам додека студирав. Во последните 5-6 гогини не сум читала нови изданија. За оние што ги знам се извадени од контекст сигурно, зошто кога ќе се прочита во целост книгата поинаку се сфаќа. А со хомофобни изјави кога не ја тужев кога беа изговорени, што ќе постигнам после толку години? А и сама јас што ќе направам ако другите 200 само ќутат? Дали ти си била негова студентка? Едит: Какви се тие студенти како мене? Ти ме познаваш, ми ги знаеш ставовите на пример за хомосексуалност, феминизам, абортус, бременст, расизам, национализам? Не. Тогаш како знаеш каква сум јас?
Па мислам дека Фрој е попознат од Јанаков. Плус колку што се разбирам вака лаички психологијата Фројдовска му е. Она со лошата цицка, омилен дел
Не. Ако ги гледаме така работите, повеќе е насочен кон Јунг. Фројд е спомнат само за теориите, а сите му се побиени.
Па сега не ќутат за дотичниот пошто еден некој напрајл извадок, пратил на друг, зборале, нашле трет исто шо мисли and so on. Така и се почнува. Така и се продолжва. Океј, сега можи не можиш ништо да напрајш после многу години, ама ова совет за во иднина. Види како мислат тие околу тебе. Честопати ќе се изненадиш дека сте на иста страна. А дека 200 души од нигде никаде станаа гласни ... ти се молам. Уз зборање дознале дека се на иста страна и ете кренале глас, моментално против него. Насочи ги против другата професорка која сметаш дека е потоксична. Пиши која е. Зборај со некои моментално шо студираат да видиш шо мислат за неа и нејзината хомофобија. Ама да седиш и да се думаш зошто него, а не неа ми е малку ... Ако сакаш за нешто да се збора, биди првиот шо ќе го напрај првиот чекор и го дај првиот збор.
А сите кои се обиделе да се самоубијат се ненормални и ппреметени? А и штом кажал дечко ти, верувам дека е вистина Јас не се думам како велиш, туку зборувам од искуство.
И исто така исклучваш важност на едно, наспроти друго. За другото да има ист интензитет како првото, мора да има пристап ист. Така да ако сакаш ист ефект, разговарај со моментални студенти и шо мислат за професорката за евентално да се деси ова шо се дешава со Јанаков. Као ... Ќе се самоцитирам јбг: Имај убав ден Емошнл, не знам како поинаку да објаснам то шо го кажвам од првичното мислење навака. Мислам дека цитатот добро сумира шо сакам да ти кажам тебе сите овие цитирања. Чирс.
Да сум била студентка кај него верувај досега ќе ги обелоденев ваквите глупости. Немаше теоретски шанси да учам и полагам за такви нешта, па макар и милион пати ме паднал. А за твоите ставови доволно ми говори тоа што после извадоциве, идеш да кажеш дека човекот бил ексцентрик, дека сите овие луѓе кои покренале тужба не провериле дали нешто е извадено од контекст или е личен став на дотичниот, дека имало и бетер професорки од него кои за ништо не биле тужени, а ти сета свесна за ова седиш и си пишуваш на форум дека ако таа не била тужена, па зошто и овој?!
Каде го реков тоа? Додека јас бев на студии тој беше тужен и не се докажа. А сметам дњка она треба да биде тужена. И како што кажав веќе 2 пати, извадоците кои јас ги знам се извадени од контекст за ситуацијава. За оние кои не ги знам, не можам да кажам. Не се правете селективно слепи
Повели. Како што ти кажа Демон, едното не го исклучува другото. Ако сметаш дека треба да биде тужена, покрени иницијатива. Ние говориме за овој за кој дознавме, нека извадат и нејзини предавања па и за неа исто ќе настапиме.
Значи она со цицката е побиено или ставено како факт? Инаку, не отфрлам можност да се прави хајка на слободната мисла и слободата на универзитетското изразување, па да тргнале од коалиција Маргини по стапките на она што го гледаме на американските факултети во стил "се што нам не ни се допаѓа - не смее да се споменува". Ако професорот смета дека се извадени од контекст и се нарушува неговата репутација слободно може да им удри контра тужба за повреда на углед. Здрава академска дебата секогаш мора да има две страни, нели. Ако постојат мисли на кои не смее да се спротивставиме сме наебале.
Ето видиш? Никад не е толку лошо ( елкиштето) , за да не може да биде уште полошо. ...стара животна мудралија. Грда јеТ али има убА душа.