Не. Некогаш ако продавам ќе кажам ама сега не зошто само со mandalas сум самоуверена и н и ш т о друго. и во нив гледам грешки ама генерално сум задоволна Ама мило ми е вака да слушнам дека не е лошо.
Све ми се бендиса што видов, све. Али тие 'миленцињата' ти се закон. И друг пат ти имам кажано дека не ми се верува дури дека го правиш толку совршено
Годинава не си прва со прашањево, мислам дека треба да го размислам како опција во новата 2021. Ама без ветувања. @Bubce38
Извини, ама навистина си бу*ала што не си го уновчуваш талентот и трудот. Еве предлог. Почни со мене. Немаш престава колку лесна рака имам како за прв купувач. Сериозно
На 4 дена до новата година, гласајте за опција број 4, @CameliaMiller ,на изборот за форумџика на годината
И што значи тоа? Дека треба да се мразиме меѓу себе, оти немаме асолни водачи? Не ми треба 'водач' да ми кажи што да мислам и како да се чувствувам. Сите земји делат историја. И тоа, само-по себе, не е негативност. Историјата е само запис на фактите од минатото. Џабе јас 'ќе сакам' да не е нешто како што е. Веќе се случило. Не мојш да го смениш.
Не ле Вајлдке, никаде не сугерирав дека треба да мразиме некого. Под "водач" мислев на политички влијателни фигури, кои во мк се ко од Монти Пајтон излезени со ретки исклучоци. А за мисли и чувства во право си, не треба да ни ги диктира некој. Бај д веј, како што заедничка историја не е ништо само по себе негативно, не е ни ништо само по себе позитивно. Историјата (има една поговорка) е учителка на живот, бар така би требало да биде, ама како , кога секој си пишува своја верзија , и по потреба таа се менува и ревидира , ко да сме во книга на Орвел. Не ми е мене целта да ти ги симнам розевите наочари, доволно е сив светот ионака, туку ти тргна од сличниот мелос на балканците и преминуваш во " why can't we all just agree and hug" , е па, дарлин, токму ради заедничката историја , народите имаат отворени прашања меѓу себе. Енивеј, сори шо ти упаѓам во нирваната неповикана
Па и ние си пишуваме како сакаме, како и сите други. Во право си. Не чини. И баш тоа ми е муабетот. Историјата поминала. Доказите се докази, интерпретацијата е политичка. Затоа историјата треба да се остави на историчари, а не да ја баратаат политичари, ко на Балканов.
Најавена нова сезона на Сексот и градот. Oва е прва вест што ме израдува годинава, мислам дека тоа кажува се'. Spoiler
Знам. Сакав да пишам во Светски јавни личности, ама заборавив. @LiliBoz, Ким(Саманта), има кажано дека не ѝ се допаѓа целокупната екипа која работи на серијата, а поготово Сара Џесика Паркер. Кога почина брат ѝ на Ким, Сара имаше изразено сочуство, а Ким потоа објави пост кај што ѝ кажува на Сара дека не се пријателки. До тој момент мислев дека Сара можеби навистина е шејди личност што глуми фина пред екрани, ама не знам колку треба некој да ти има згрешено, за јавно да не прифатиш сочувство во таква ситуација. Како и да е. Нејзиното место во серијата мислам дека никој не може да го замени.
Секоја е приказна за себе во серијата, ама не е исто Миранда да ја нема и Саманта да ја нема. А ова што велиш, да не прими сочуство е стварно да се запраша човек...
Од поодамна сакав да го изгледам документарецот за животот и кариерата на Ејми Вајнхаус на Нетфликс. Бидејќи постојано имав и други нешта за гледање, одложував сѐ до вчера како одлична идеја за самосаботажа на расположението на точно 5 дена до Новата година. Ако треба да кажам впечаток со една реченица: Едно огромно разочарување од човечкиот род. Почнувајќи од силните траги кои родителската негрижа ги остава врз детето, како може да побара излез во погрешни нешта поради истата, како неинформираноста и незаинтересираноста на родителите може да ги влоши здравствените проблеми на детето, што значи да го препуштиш целосно само на себе, како понатака тоа влијае на врските во кои ќе влегува, како ќе се губи себеси под налетот на животните бури за кои нема рамо за плачење, мршојадството на медиумите во потрага по сензационалистички наслови, нанесување удари не само на професионално ниво туку и на едно многу персонално ниво, какви гадни коментари се кажуваат за луѓе кои се справуваат со одредена психолошка состојба, зависности од алкохол и дрога, за луѓе кои имаат нарушување и дисбаланс во начинот на исхрана не по своја вина и избор. За крај откако тие луѓе се доведени на работ и повеќе ги нема, да настапи лицемерието. Тагување за некој кон чие отфрлање придонеле со нивните празни души и уште попразни глави. Никаква хуманост, никаква емоција, грам сочувство и разбирање претходно, реки од солзи потоа. Жални се обидите да се биде човек потоа. Бидете тоа тука и сега. п.с. Иако е тажен да се гледа, искрено ви го препорачувам. Само во некое попогодно време од претпразничното.
Видов, и искрено, I take what I can get. Spoiler Ja разбирам, а со оглед на тоа какви се обично продолженијата на култни серијали, секогаш има повеќе разочарани од среќни. Ама премногу сум носталгична за да не бидам оптимист... мислам дека ме дефинираат ко целна група. Ако ви се тепа време, одлично интервју: