Колку само ми фалат обични и површни работи од пред пандемијава кои сега сфаќам колку сум ги земала здраво за готово без ни да размислам дека ми прават добар дел од секојдневието...
SATC нова сезона got me like: Сите сезони и филмовите може ги имам изгледано повеќе од пет пати. Саманта ми е омилен лик, така да дефинитивно ќе ми биде многу криво што ќе ја нема во следната сезона ама и премногу сум возбудена да ги видам повторно останатите три . Ме интересира Mr. Big, Steve и Harry дали ќе ги има .
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3891824590880249&id=152818384780907 Коментарите. Туѓ срам ме изеде.
Каков срам, ова е ера на просветлување, фала богу има интернет и сите имаме можност да прочитаме една статија од 2 минути и да видиме видео од 7 мин и да сфатиме дека цел живот нѐ лажеле, ама секој си избира дали ќе се разбуди или не.
Седиш сама во соба во студентски дом и слушаш звук од тркалата на куферот и знаеш дека некој си оди дома, а ти остануваш сама со себе и книгите. Знаеш дека нема да си одиш уште неколку денови, понекогаш и недели и сите можни носталгични чувства ти се собираат во душата и растат секој ден.
Сакам да кажам дека многу воскреснати теми видов и ги отворив ( 2015г). Секогаш отворам да видам шо сум коментирала. И има едно нешто шо е заедничко во се шо видов денес. Сегде пишам „не дај Боже“. The God was strong in that one. Ама како можи се шо отворив та фраза да ја има, или премногу ја користев или ептен таргетирано беше се.
Па да го испратиме и последниот понеделник за 2020 Искрено, можам да кажам дека понеделник се покажа како најдобар ден од неделата оваа година
Не можам да разберам неедуцирани луѓе, односно луѓе, кои освен Зоки Поки не прочитале ниту една книга. Не можам да разберам луѓе кои сметаат дека учењето и напредувањето е безкористно. Како што би се радувал на уште едно парче облека, зошто не би се радувал на уште една прочитана книга? Зошто би бил среќен, ако некој ти даде, и си побогат за 100 денари денес, а не би бил среќен ако си побогат со некоја нова информација?
Сакам да кажам дека симпатијата ми рече дека убо би било наскоро да зборниме на шо сме. П а н и ч а м. Ама неќам да официјализирам ништо пред НГ оти годинава ми е срање и сакам со убо да ми почни следната ако веќе одиме таму.
Еден од појаките аргументи на рамноземците е - Ако Земјата е топка и се врти, како ние не осеќаме дека се врти, а осеќаме кога се возиме во кола? Кој ја е*е физиката бе.
Дај некој нека објасни кој е бенефитот да не лажат дека е кружна земјата? Ме мрзи да барам на гугл Мора да е смешно нешто
Шузнам... Туку интересно како се бунат луѓе кога станува збор за предмети како историја ако се скрати материјал или се интегрира, а за природните науки... сеедно ни е. Колку ствари од физика што сме ги учеле, свесно или несвесно ни помогнале у реалноста, не сме свесни.
Тоа е зошто најголем дел од луѓето се медиокритети. Небитно дали општествени или природни науки, знаење не наштетило никому. Ама голем дел од родителите се: "ШтО ќЕ мУ е МаТеМаТиКа аКо ОдИ нА ПрАвЕн". И нели наставничката сите ги мрази.
Сигурно е нешто за пари Не сум размислувала никогаш на темава, сега не ќе можам да заспијам од мислата- what is behind