Мислев дека сме далеку од Чеченија, но изгледа Чеченија е далеку од нас. Какви морони на виделина извади ТикТок-ов... Капак, детенце го учат да пука со пиштол. Со една реченица scum of the earth. Земи си го данокот земјо мила, не дозволувај нецивилизирана раја да те гази.
Среќна Нова Година на сите, да бидете здрави, живи,весели и опколени со многу, многу љубов. Се надевам дека 2021 ќе биде многу подобра одошто претходната, во секој аспект. 2020 како година ни докажа дека без се и секого се може, дека само семејството е она што е најважно, само така да продолжиме во новата, со луѓе кои стварно не заслужуваат.
Колку часови од животот имам поминато на форумов Пд една страна си велиш залудно потрошено време, од друга ти е топло на душата. Колку само душа оставаме овде. Колку насмевки, совети, подршка.. Нервози И тоа се од непознати и далечни личности. Презаситаноста прави да дојдеш и до ниво да неможеш да го разграничиш виртуелниот од вистинскиот свет. А нели светот е еден уствари? Освен ако ние се претставуваме нешто што не сме. Се приврзувам за предмети, луѓе... И повеќе од што треба. Најверојатно обврските си го направија своето па од тотален зависник од форумов, се ставив во мирување.
1ви Јануари возење велосипед, 2ри Јануари пешачење до Водно, плус и си правев благо. Абе вака да ми биде цела година
Навистина љубовта доаѓа кога не ја очекуваш Седам во дневна сама и зедов медени срца да јадам, вадам од пакетчето едно па друго, така ги изедов сите и сега сеуште сум нерасположена и се мислев да земам уште нешто благо да јадам, НО се вртам и едно срценце ми останало, заборавив дека го ставив на креветот и кога го видов си реков ете не губи надеж гледаш дека љубовта доаѓа кога не ја очекуваш...така го изедов и последното срце и сеуште сакам благо