Ама тебе те знаеме колку си природна и нормална. Јас ни дома не седам без шминка ама не лечам комплекси на инстаграм.
Fam ако некој си реди слики од себе не лечи комплекси. Никој на никој не должи да му докажи како е пРиРоДнО. Мене поголемо лечење компелкси ми е ко ќе гледам како постојат луѓе за да се жалат за туѓи профили и постојат луѓе шо им олеснува да извреѓат некој и цел им е да остат коментар за да повредат некој притоа за нив да им олесни. То е лечење компекси. Само отвори на профил на девојче кое е прекрасно и си постира слики. Коментираат напалени чичиња, оговараат љубоморни другарки и така. Кој тука се нервира? А то дека некоја е нЕпРиРоДнА оти така ѝ е ќеф е се сем лечење компекси.
Ауу не знаев дека тоа што не се шминкаш и не ставаш слика на социјална мрежа наменета за слики магично ти ја продлабочува личноста и душата.
Јас сметав дека овој муабет со зацементирани лица, вештачки трепки, напучени усни умре во 2012. Не разбирам стварно зошто би ми било гајле кој каква слика ставил. За да посветиш на форум цело мислење треба повеќе од 2 секунди да поминеш мислејќи на тоа која како се сликала, а мене такво нешто ми е незамисливо. Помина времето кога наоѓавме задоволство во правење психоанализи и судење за ,,плиткост" и ,,длабокост" врз основа на социјални медиуми. Напротив, сега frowned-upon е оној менталитет на not like other girls. ,,Сите девојки се шминкаат, јас сум природна. Сите си го ставаат газот на инста, јас постирам зајдисонца. Сите се сликаат со напрчени усни, јас се сликам со нормална скромна насмевка." И уште милион други примери што служат само за сопствен егодрк на сметка на други девојки. Со поинакви зборови, внатрешна мизогинија. Сите девојки, освен јас и тие како мене се плитки. Ова не значи дека споменатите инфлуенсерки не се плитки по автоматизам, ама дефинитивно значи дека вие си патите од not-like-other-girls синдромот. Девојките што се осеќаат удобно во својата кожа не чувствуваат потреба да коментираат вака за други девојки, па какви и да се.
Да бе тука секоја нека си ужива во своја кожа, нека си биде каква сака, нека се облекува и шминка како сака, да позира како сака а во темата македонските јавни фаци, па и општо се оговараат и навредуваат жени, па и спонзоруши, па глупи, па не знам што. Ај нека се одлучат некои луѓе дали сите треба да си прават што сакаат или они може да зборат за кого сакаат а после форсираат нешто. Бљак луѓенца
Место да доаѓате на форум и да пишувате кој што ставил на социјална мрежа и како тоа на ништо не личи, еве Демон фино си пишала што треба да направите. Како ви се троши време за анализа на туѓи профили и постирани слики стварно не можам да разберам.
И реченицава звучи ко лечење комплекси. И зошто толку ги демонизирате комплексите? Освен на моето ментално здравје, на никој друг не наштетуваат. Чилајте.
Не значи дека ако некој се шминка, по автоматизам лечи комплекси. Еве јас, за факултет, скоро секогаш се шминкам, не нешто претерано, но сепак, поретко одам ненашминкана. Не дека имам комплекс, сум одела и без шминка. Едноставно се чувствувам “more put together”, и поубаво ми е кога имам шминка на лице.
Моите дома ме доведоа во ситуација да бирам помеѓу нив и човекот што го сакам..после толку проблеми, стресови и караници дома мислам дека е време да се ставам себеси и својата среќа на прво место. Ни самите не се свесни колку ме губат. Ќе си го слушам срцето.
Нова фризура и време е за промени Ми се допаѓа 2021, конечно после 1 година да почувствувам среќа, со лесно ми тргнува сѐ..вака изгледаше тоа чувство да си исполнет во душата Моја 2021год ајде продолжи така и биди уште по убава
Ако сакаш да пронајдеш добра книга за читање,мораш да прочиташ и многу лоши. Така е и со луѓето,за жал.
Сакам да кажам, посакувам да престанат да се пишуваат коментари од типот дека се нереални на жени кои после породување имаат тело "од списание", слаби, без стрии, без целулит. Кога се покажува "реалноста" не се мисли само на тела со целулит, стрии, прекумерна тежина, тоа е само дел од реалноста во која спаѓаат и "слабите". Не мора никој да се извинува или да се премислува сто пати дали да објави слика пошто некој може да се осети лошо.