Песнава како измислена за Доне. Апдејт: Кликнал accept од некоја страница и му стигнува адвер од типот добивте ајфон, имате испуштен повик... Ми текна комшиката кога дојде со телефонот на маж и, и ме праша која му е таа Стојна. Го земам и гледам, "Стојна од Драчево, 15 км од вас сака да ве запознае."
Најмногу мразам кога ќе се разочарам самата себеси, значи најмногу, во такви ситуации ми иде да си пукнам
СДК дека има денови кога не ми се станува од кревет. Тогаш не живеам, само живуркам и чекам да се стемни. И е сосема во ред, утре ќе биде подобро. Нема упатство како треба да се живее животов, сите го правиме најдоброто што можиме.
Под итно морам да се средам,да затворам стари рани,да го оставам минатото позади себе,и да почнам да чекорам по нови предизвици.Време е веќе да мислам само на себе,да работам на себе,а коцките сами ке си се склопат.
светот страда од недостиг на храна,вода,основни животни потреби а народот кај нас мисли како да се облече по модерно и по луксузно да живее
“Emily in Paris “ е виновна што го ставив Париз на мојата travel листа. Не можам да ги заборавам прекрасни кадри од градот.
Жално е што семејното насилство замало толкав замав за да поединци веќе почнале да го сметаат како нормално...
Ден 25 од 2021, уште се осеќам оглупено, отапено, апатично и како да сум ја изгубила секоја креативна клетка во телово, секоја моја способност да напишам еден убав текст и да го скоцкам во мој стил. Имам некое сивило што се вгнездило и што се шири низ сето шаренило што е во мојов мозок и не знам како да го тргнам. Аман.
Кога ќе почните да си го вреѓате сопственото дете, запамтете дека еден ден ќе остарите....дека единствено само тоа дете што го вреѓате сега ќе можи да ви поможи. Не правете сега работи - за тогаш да нема кој да повикате
Згрозен сум од коментарите дека тинејџерките во денешно време "самите си го барале" со начинот на облекување, голотија, провокативно однесување и сл. Значи, НЕ! Нити едно од горенаведениве не им дава за право на било кој да извшри сексуално дејство без претходно одобрение! Се надевам дека истрагата со тренеров по џудо нема да се заташка и ќе си добие судење како шо треба. Време е да им се даде храброст на жртвите на сексуално насилство, да им се обезбеди сигурност и гаранција.
Дали луѓето што живеат покрај море имаат проблеми во животот?!? Ми фали звук на тивки бранови, мирис на јод, песок на стапала, арома од таверна, вкус на школки и октопод и кафе дел мар тонови. И ко за инает јануари трае три месеци. Си сонувам...
Сакам да кажам, спотот на Lazarus од Bowie до ден денес не можам да го догледам целосно. Кинематографски маестрален, а страшно вознемирувачки и тажен.
Се, се, ама само да не се затрескам толку многу што ќе го изгубам паметот и ќе сакам да носам пар маичка - Queen & King. Или Тој е мој ---> <---- Таа е моја.
И така си поминаа 4 години откако сум на форумов. Гледајќи назад, многу поинаков ми беше животот тогаш, имав и поинакви погледи и сфаќања. Луѓето што тогаш ми беа блиски сега ги нема, сега имам сосема други луѓе. Сѐ на сѐ, форумов ми е прекрасно катче каде можам да се искажам, да споделам како ми поминал денот, да побарам совет, да дадам совет, да кажам мислење.. Ќе излажам ако кажам дека форумов нема(ше) влијание на моето созревање. Секојдневно читајќи тука научив многу работи, видов како некои работи изгледаат од туѓа перспектива, проширив видици, сфатив дека не е ништо црно-бело. И она за кое најмногу сум благодарна е што тука запознав прекрасни луѓе, со некои редовно комуницирам и надвор од тука, склопив нови пријателства кои сакам да траат засекогаш. Фала ти Фемина. Сакав да пишам неколку реченици но испадна говор. Не се извинувам за емоциите искажани, cos that's who I am.
Nope. Се е полесно, како на пример кафе на плажа во зимска облека, гледање зајдисонце од највисокото место, шаренилото на небото секое утро. Шумот на ветерот кој ти ги гали косите и румените образи.