Да беа и мачките цивилизирани ваљда ќе се симнел и ќе се разберел ко човек, видете, разбирам секс и време за парење и све али страшно сум уморен и ми се спие, ако може на друго место да се префрлите. Ама не се.
Ако апатијата имаше друго име KateKane ќе се викаше. Ме уништи државава, ме уништи менталитетов, ме уништи со кои дебили делам воздух. Од среќен човек што е полн со љубов, полека станувам мизантроп. Овде се собрани најголемите олоши и ѓубриња, со лесно и со среќа на сите кои периодов се заглавени тука.
Кога ќе почнете да ги ценете машките по нивните особини и квалитети а не по нивниот новчаник, можда ќе станете среќни.
Кога ќе понудите нешто друго освен тоа колку пари имате на смета може ќе почнат да ве ценат. Се дури појдовна точка ви е не ме сака оти не сум милионер ништо не правите.
Цук пријател, ако ви беше полн и квалитетен (Гучи) новчаникот, ќе немаше посреќни од нас. Сарказам. За тие шо не ме познават.
Мора еднаш месечно да ни дојде некое искомплексирано хе-хе маженце кое вината за својот неуспех кај женскиот род ја бара строго само кај нив. Ммм
Што не ме роди мајка ми пред 150 год па како јунак да загинам у Крушево а не овака како пизда да голтам секој што ке ме плувне.
Не ме заследил никој, не го кажувам ова за да го брецкам, туку гледам дека еден куп имаат перцепција дека девојките само евра бараат. Да, финансиската состојба на партнерот е и те како битна, односно битно е колку има амбиција да работи и да заработува за пристоен живот. Ама дека сите девојки седиме дома со бележници кој колку пари прави - не го правиме тоа. И да нема некој сега во моментов ми е многу побитно од тоа да учи, да се усовршува и да гледа да се снајде за подобар живот. Луѓе со пари што апсолутно за ништо не се потрудиле во животот не сакам. Од политичари лопови кои со крадење добиле се во животот бегам ко ѓавол од лук. Да не зборуваме па колку ми е одвратно ако некој нема карактер комплементарен на мојот, не ме почитува, стиска лајкови на хехенца од јавна соба, се понаша ко кретен и сите тие "врлини" кои најчесто му следуваат на ваков тип на луѓе. Не велам дека нема девојки кои се опседнати со пари и со богатство, ама дека сите чекаме на готово, тоа никогаш нема да се согласам. Проблемот е што најчесто одбивањето од некоја женска одма си го препишуваат на дебелината на новчаникот, а најчесто не е ни тоа причината. Хемијата и односот го прават тоа. Не мешајте привлечност кон некој кој се труди да работи и да заработи за пристоен живот и луѓе на кои само еврата им се критериум.
И сега мислиш дека некој шо 30 години има ваков став ќе те разбери? Нема. Мене ова тема најмногу ме нервира само сфатив дека е џабе да објаснуваш. Сакам да имам среќа да најдам некој шо нема да го дели мислењето со членот, оти се' повеќе на такви наидуваме.
А,кога вие ќе почнете да ги цените женските по нивните особини и квалитети,а не по физичкиот изглед и не по мислењата на друштвото и комшиите,можда ќе заслужите да ве ценат.
Па битна е бе Бриџо. Битно ми е некој да не е мрзлив, couch potato и да не сака да работи. Сакам луѓе што се амбициозни, луѓе желни да постигнат кариерен успех и да се стремат кон подобро. И некој да нема во моментот, многу ми е побитно да има желба да направи отколку некој кој е заглавен во сива зона и не сака да излезе од истата. Едно е да сакаш амбициозни луѓе, сосема друго е богатството да ти е критериум за дали би била или не со некој во врска. Многу различни работи се. Не би била со богат човек кој парите ги добил на начин со кој јас не се согласувам. Ама исто и не би била со некој кој не сака да мрдне а има очекувања.
Другар со речников и милионер да бидеш пак исто ќе биде. Еве јас ќе ти кажам дека не сите гледаат пари. Поработи на себе другар па после плукај ги девојките. Вакви биле такви биле онакви биле @Lella оф топик сум ако сакаш и бан удри ми и не се извинувам што сум оф.
Реченицава друго кажува, башка, со ова ги отфрлаш и срамиш сите што се во некаков период на апатија и збунетост, не знаат кои се, што се, што точно сакаат, како да го добијат тоа што го сакаат во шити држава, имаат ли, немаат ли тоа што е потребно за успех, пробале, не успеале...што не е ретко на млади години. На друга страна па имаш фејк амбициозни, да ги слушаш светот ќе го освојат и пред нозе ќе ти го постелат а на крај, ете, завршуваат неславно. Ама, ко што си кажа, основа финансиска и те како е битна, останатото очигледно е плус, за отпосле. А и кој е надворешно посигурен во себе и своите можности, кој е поамбициозен и со поголема самодоверба спремен да "граба" од живот? Сигурно не дете од скромна/сиромашна фамилија без врски и потпора. Такво дете нема од старт да те привлече затоа што ја нема таа аура, па така... доаѓаме до тоа и дека типот погоре и не е далеку од вистината. Барем ти не не убеди во тоа.