Се уште има мажи што ви ги лајкнуваат сликите и ви пишуват пријателски пораки, не за да ве легнат сите вас. -Полека, опуштете се, не драматизирајте.
Многу негативно се чувствував деновoве, па како што скролам низ Фб ми искача група за рецепти, се зачленувам и гледам пуна е со бабички. Од што личеа толку вкусни јадењата, автоматски се расположив. Spoiler: Заклучок Храна те прави среќен!
Глупости. И јас сум дете од фамилија без врски и потпора, некоја средна класа што е во изумирање. Она што го опиша, ме опиша точно мене. А верувам и ти си била во таква позиција да не си задоволна од местото кај што си, па си се селела. Тоа значи дека ќе дадам се од себе да го сменам тоа, да не лежам и да чекам од моите, а исто да не правам дубари за да дојдам до лесни пари. Да, финансиите се битни, ама мене лично ме нервира кога некој вика дека се еден и едини фактор за машко да биде материјал за дечко или не. Смачено ми е од такви површни муабети дека жените трчаме по пари, дека колку подлабок џеб има некој, одма е попосакуван. Тоа што финансиите ни се битни во животот како еден од факторите за квалитет на живот не значи ништо друго освен баш тоа, дека се гледам во иднина со човек што знае што сака, а не дека сталкам фраери кои возат скапи коли и се расфрлаат со пари. Пак ќе повторам и ова сега го викам последен пат, едно е да те привлекува амбиција, друго е да те привлекуваат луѓе само со пари и ништо друго. Не знам како поинаку да ја доловам поентата освен да направам паралела дека пре би била со дечко што нема милиони и скап џип, туку има шарм и харизма, отколку со некој кој освен скап џип нема што друго да понуди. Ама тоа не значи дека не ми е битно некој да не е амбициозен и да не сака ништо да работи. Многу различни работи се.
До кога со вакви изјави ме интересира? Утеха ви е некоја дека немате квалитети човечки, па ќе се тешите жените сакаат пари? Кога нема машко шо да понуди освен пари и кола (поглупо нема од таква фалба), женските ви се криви. Вакви изјави колку ме иритираат значи.
Добро, а му го прочитавте првото мислење во кое кажува дека му се допаѓаат само зафатени девојки и мажени? Тоа кажува се за профилов и нема потреба од понатамошна дискусија. Ем шуто ем боде. Стани милионер па ќе ги освоиш сите зафатени и мажени кои ги посакуваш бидејќи жените само пари сакаат.
Шетам со другарите низ град. Татко ми мине до мене, става нешто во џебот и ми вели. -Да имаш за кафе. Се бркам да видам колку оставил. Кога гледам едно шеќерче.
@KateKane а зошто зборуваш во множина и генерализираш? Јас пак еве да кажама потекнувам од мизерно семејство дисфункционално од повеќе аспекти. И на финансиски план и на емотивен. Позитивно од тоа извлекував се шо прам да прам да не стигнам да имам вакво семејство, ме изгради како личност. Си завршив факултет како така, си работам, се снајдувам. Конкретно еве последно работев сезонска работа, земав околу 32-36 илјади месечно, паралелно и онлајн препродавам. По струка инженер сум, склоп на околности и услови што ми се нудеа работев, но не повеќе, не ми одговараат, не битно. Значи да не се фалам себе си ама морам да се опишам, ем имав време за девојка, за забави, другари, ем работев и доволно пари да се носам ситуирано и одржувам себе си. Што добив за возврат? Емоционално и физичко изневерување, исто така од нејзините родители демек инженер сум, не сум доктор итн. Ај океј тоа ќе го преџвакаме некако, но девојкава ги уживаше сите права да речам, односно се што сакав да правам е да ја усреќам, а и јас да сум среќен.Внимателен, грижлив, поддршка, било каква сум и пружил и разбирање. Најпосле ми вика, родителите ми викаат јас требало да бидам на коњ, а не на магаре итн. Во смисла сиромав сум, немам ништо, ќе сум и барал неа пари итн. Капак на сето тоа, ја фатив на сред ебење со бивши дечко. Ако се спуштам на ниво и го опишам него, а многу добро го познавам, пошто од ист град сме, тоа е едно несфатено момче, што нема ни завршено факултет, ни работи нешто, ботаничар прва класа, што ја забремени и фрли како партал (бар таа мене така ми кажуваше). Кажи ми дали сеа јас треба да плачам и да ми се искриви перцепцијата на тоа како треба една љубов да изгледа и општо светот како функционира? Нити генерализирам, ниту пак зборувам во множина, рационализирам со тоа што јас привлекувам такви девојки кон мене, иако како гром од ведро небо ми дојде, се што не научив што ми зборувала зад грб, али тоа е. Некогаш форумот дава лажна слика кога се филозофира и пишува премногу, ретко кој си кажува од личност искуство, туку теоретски, и тоа се дразнуваме да зборуваме во множина, во име на жените или пак во име на мажите.
Тешко е кога нечии емоции се товар кој мора да го носиш. Не може со сила убавина. На момент се почувствував највиновна на свет, како жена што е најладна, иако воопшто не бев таква. Тешко ми беше да видам дека јас сум причината за неговата тешкотија, ама не можам да го лажам. Што ли направив за да се вљуби во мене? Лошо се чувствувам и се плашам во која состојба замина. Се молам само да е добро. Дефинитивно нема да спијам мирно. Мислев дека вакви случки има само во филмовите или кај некои други луѓе.
И што сека лепотице? годините си минат а ти сакаш некој паметен, чаирска романтика, филмови,вино. Сакаш да бидеш сеа домаќинка а ложеше се на лоши типови. Ти би сега да некој помине 1000км само да те виде на 2мин. Ти би сега да те некој сака таква каква си, ма немој. И сеа ништо не ти е јасно. Како оние ''Ружните'' на кој се потсмеваше со насмевка на лицето, кои не ја пратеа модата и трендовите, како секоја од нив успеала? Знаеш ли зошто? Чест и почитување, мудрост и срам. Секогаш ќе има добри момци и добри девојќи.