Ептен сум збунета. 936 шишенца. Рачунато дека во едно шишенце имали 5 дози. Ама некои земји вадат 6, некои дури и 7. Абе битно да се боцне, секако ги измешаа чиповите вака Да ви кажам што е во следната епизода? Ќе фалат шприцеви. Од кај знам? Се случува сегде, не е до вас
Сакам и јас некогаш за валентајн да се разгалам...како изгледаат девојките на инста пресреќни со букети во раце, чоколада И јас заслужувам цвеќе, да бидам насмеана Се прашувам кој валентајн ќе биде тоа Кој ден ќе биде да бидам битна за некого и да помисли на мене? Да сака да ме израдува?
Од денов ми останаа неразјаснети сликите од бебиња по бело боди и црвени подвезици со машничка. Во тон со мајката се разбира. Знам, тоа ги правело среќни мајките, секој го прави она што го прави среќен.
Пола од таа среќа и заљубеност што ја гледаш на инста е лага и фолирање. Кога сме вистински среќни и заљубени не размислуваме брзо да ставиме слика и да се пофалиме демек еве видете колку сум среќна со најпрекрасен дечко на свет, туку уживаме во моментот. И на партнерот треба да му бидеш битна и да те опсипува со внимание и љубов во текот на целата година, не само на Валентајн кој е преценет и клише.
Разбирам ама ете премногу црвенило на инста ме направи љубоморна малце. Сакам да сум еден ден во нивна кожа да осетам како е некој да ти посветува внимание, буквално не сум навикната јас некој да ме разгалува
И неможам да разберам а барам одговор, ти ме лажеш без да кажеш еден збор, и без да знаеш правиш, да се чуствувам ко, ко да не сум живеел ни еден ден...за нас...за нас... Убав текст, ама не го разбирам баш, Би сакал некој да ми го објасни
Некни во маркет една бабичка му вика на внучето - За да не осетиш студена зима, треба да имаш дебела јакна. Дури денес сфатив што сакаше да каже жената. И така.
Се изнервирана од видео каде куче буквално раскасапи мало дете на улица без притоа да биде испровоцирано. Гледам по соц. мрежи како родители оставаат бебиња и мали деца со кучиња. Да се разбереме - куче е куче - животно- нема разум само инстинкт. И најмирно да е на свет, не знаеш што може да поттикне да нападне?!
Многу ти е погрешно мислењево. Не за џабе кучето е најдобар пријател на човекот. Има бројни истражувања што го покажуваат баш спротивното на ова што го пишуваш.