Јаооо зошто увек коа седнам да учам по било кој предмет, тоа што треба да го учам не ми е интересно па затоа почнам да листам страни по учебникот и најдам некоја лекција што ми е интересна, па почнам да ја читам таа, а тоа што треба да се учи го оставам се нервирам вака ми е секој пат
Работи позиција каде што има контакт со многу луѓе, не носи маска, демек имунитетот му бил многу јак. Следната недела, се раболува.
се додека шеткараат луѓево и не им дојде памет да се приберат и да намалат со кафиња како никад да не искочиле во животот како што беше и летото во охрид ке им избега одморот душички не отишле нигдека....АЛОО во прашање беше ЕДНА Е*АНА ГОДИНА може сега ке беше по лабаво, ама неее мора да се иде негдека...не бе, никад нема, ама НИКАД да го биде нашиов народ...морало да се журка секој викенд и морало да се собира ако не ке им избегаат лајковите.... да се разбереме не сум против забава но можеше да се почека...
не е до апликацијата до менталитетот е...има многу креативни луѓе и интересни работи...е сега што некој сака очајно пажња тоа е др...
Дека има квалитетни работи има, ама да беше само прашање на нашиот менталитет до некаде ќе го сварев тоа ама секаде у светот кој од кој повеќе се бламира и се снима за на тик ток. Предизвици и такви работи немам забележано на други соц. мрежи ама ова веќе е претеризам. Не знам, може јас немам забележано на инста како некој се стега со каиш.
Сдк дека морам да го направам тоа што долго го избегнував. Почнувајки од пронто, одма , веднаш, во овој момент.
Не можам да ги разберам луѓето кои прават нешто недозволено и на своја одговорност и после се лутат кога се фатени во истото. Не можам да сфатам прават грешки на своја одговорност а вина бараат во друг.
СДК од дискусијата за дрес кодови добив желба да си купам некој комплет сако и пантолони, што во моментов апсолутно не ми се потребни
Кога мислев на промена, освен онаа внатрешната секако мислев и на надворешна I love Mondays Понеделник ме потсеќа на почеток и на позитивна промена Од денес се вратив на вежбање ми фалеше да ја почувствувам таа убава енергија после вежбање, таа сила и исполнетост После секое вежбање сум како нова Јас си стојам на зборот(Овен) кај мене нема одложување а повеќе од сѐ ги сакам промените Сакам да се почувствувам и внатрешно и надворешно горда на себе Не е лесна промената кога "работиш на себе" ама што би бил животот ако нема промени и живееме во истиот круг!?! Затоа си реков "go girl, you can do it" За новиот почеток
Многу ме иритирааат оние луѓе кои што само знаат да се жалат. "Ме боли ова" "Ме боли она" "Да видиш шо ми се деси вчера, абе ке умрев за малце" "Ме мрзи да станам" "Господ мене ништо арно не ми дал, само маки имам видено".... Абе оке е се. Вас се нешто ви фали а мене рози ми цветаат у животот, само не сакам да се фалам.
Многу ме иритираат луѓе што буквално се им пречи и за секој и секого имаат некој навредлив збор, а не се погледнуваат тие прво во огледало па потоа да зборат за сите за жал опкружена сум со такви луѓе и дополнително ми влијаат лошо и напнато се чуствувам после разговорот со нив.
Одлучи се што ти е одвратно, слика од новороденче или од дете од 2 години? Зашто временската рамка е голема.
За кое такво изнакупив книги (и уште имам во план да купувам), кога до септември треба да положам 10 испити? Ќе се читаат сами очигледно.
Клучните моменти во животот се моментите кога сфаќаш дека колку и да си "голем" и колку и да си "моќен", постои нешто што може да те сруши додека трепнеш. Опака и подмолна болест пред која си скроз мал и небитна е твојата јачина. Тоа е моментот кога емоциите најсилно те удираат и бараш нешто апстрактно да ти даде храброст и сила за да продолжиш со оптимизам. Затоа што, силата на војската не е само во наоружаноста туку многу повеќе во духот на борбеноста на војниците.
Сметам дека прашањата од типот кога ќе се мажиш/жениш и кога ќе раѓаш, треба со закон да се забранат, што е многу, многу е!
Ако човек знае кога да се повлече, ќе се поштеди од многу главоболки и проблеми. Така и јас... Научив да препознавам кога треба да сум упорна, а кога напорот ми е залуден и не води кон ништо добро.
Имам некои денови кога ми се чита, ми се шета, ми се свири, ми се црта, ми се пее се одеднаш во еден ден!