Некогаш си се чудам сама на себе, крај не ми се наоѓа. Работам во кујна во еден ресторан. Поради корона некое време бев дома. Кукав како не се додедува дома. Сега почнав пак, Кукам како има многу работа.
До кога ке се учат женските деца дека треба да бидат слуги на "мажот" ? Да немаат машките раце и нозе ке разберам ама вака незнам
После анксиозноста сфатив колку лицемери сум имала околу себе, злоба и љубомора , драма не е ни чудо што ми се одразило на психичкото здравје, фала богу ми се исчисти животот од вакви особи останаа уште по некои кои допрва ке се селектираат за кај се. Секое искушение и не е казна туку благослов и лекција.
А и да јас останав покрај тебе но никогаш нема да бидам твоја како порано , до тој дел од мојата душа ти немаш повеќе пристап...ја сум сега само своја и ничија а чувството на женска моќ е неверојатно!
Не сум мајка и затоа не сакам да пишам во една поприлично активна тема утрово. Не ми се објаснува со луѓе на темата за кај ми е местото и дали смеам да пишувам, ама имам мислење на дискусијата што се разви и се решив тука да го ставам. Од сé никогаш нема да може да се заштитат децата. Сега ќе ги контролирате да не јадат благо, утре ќе тргне во школо и ќе надокнади за цело благо што му било ускратено и нема ни да дознаете Подобро да се научи дете како да е балансирано тоа благо, отколку да му се ускрати тоа парче чоколадо за роденденот на другарчето во градинка. И јаболко да јадат и мандарина наместо тоа парче благо, може само да се лажеме дека се супер здрави на тоа колку пестициди содржат и внатре, колку и да ги лупите. Светот е тој што е, убаво е да се јаде здраво и балансирано и треба на истото да се настојува, ама пак ќе речам, толку пазење за 20 грама благо на два месеци мислам дека е премногу заштитнички.
Саат и десет минути го гледам телефонот и се мислам дали да се јавам. Ова ја преминува и границата на интроверт, треба да ми измислат нов збор. Ама животот е зафркнат, знам дека утре како за инает ќе најдам работа каде што ќе треба нон стоп да сум на телефон. Едит - два пати беше зафатено, замислете ќе има и трет пат. Сдк 2 - уживајте во секое годишно време (помалку или повеќе), не брзајте да го дочекате наредното. И онака времето брзо лета. Сдк 3 - обавезно еднаш месечно во темата го има коментарот на мен20.
I'm in this post and I don't like it. Вистина though, ако треба да се јавам на некој што не е дечко ми, мајка ми, или некој близок пријател, од претходниот ден се спремам психички, и достигнување ми е да го завршам повикот без гласот да ми трепери.
Novcanik vo veles go izgubiv krem boja licna karta ima i dr raboti ako go najde nekoj neka mi pise poraka
Да повторам, луѓето ќе те запознаат лнолку колку што се познаваат себе си. Пак и пак и пак и пак... Ќе те мерат по нивни аршин, а дали себе си се погледнале? Дали себе си се измериле правилно?
Пијам кафе и размислувам-Дали денешните девојќи ѓи чекаат своите момци 12 месеци да се вратат од војска??
Кафе и книга Нема по убава комбинација Во книгава ликовите се во Грција на некој остров..па ми се навратија моите спомени кога си бев со маже на Paxos и Antipaxos Која убавина е тамуу, па и водата тиркизна чистаа Сонцее силно грееше ние се ладиме со сладолед и шетаме заедно рака под рака Нај убави спомени си имам со НЕГО Ми фалиш бе моренце Сакам топлоо летоо и нови спомени