Колку ми недостигаат и мене, едвај чекав да јадам од нив кога ги припремував. Бидете така, одам да правам стомачни.
Малку работи имам зготвено во животов ама кога ќе направам нешто е многу убаво, мислам имам талент де ама еве и желбата почна почесто да доаѓа
Wandavision ми е толкава опсесија шо помислата дека има уште една епизода ме турка во паника. Башка то шо ова епизода ја изгледав два пати и липав како бебе. Дали тоа Anne with an E има конкуренција?
Се тешам дека Фалкон е одма, по 10тина дена како иди ама не е то то. Јас Ванда ко лик сум ја сакала, she my bae, нема друга серија така да осетам ако ликот не ми е вака, башка шо приказната е совршенство.
Ај ќе се тешеме со Локи. Исто ко за утеха ми е шо барем имавме серија.. Фалкон ќе ни биде лек за болката за WandaVision. И така секоја наредна серија. It's Marvel year.
Не бе Локи далеку е, али не вервам до тогаш да прежалам така да јеј Локи. Као гледам мн серии и обично еден ден болка или некој сат од серија и скокај на др али има неколку шо ептен залепиле за мене. Како Ани. Таква е и ова. Нема да ја прежалам. Јеп, рарбг точка то, точка нормално замини со знакот и супер си.
Ај да се спакувам и да понесам уште еден празен куфер, да изнакупувам соја. Бтв, ако јадеш јади и за мене.
Денеска цел ден си шетав и немав време да размислувам на небитни работи и се осекав ок се додека не се вратив дома, како велат “тоа од кое што бегаш преку ден те стигнува навечер” Но нема предавање само позитивни мисли, мотивацијата ми е на високо ниво, а и да уште поубав ќе ми беше денот да не се сретнев со едно големо лицемерно суштество
На фб сум во една група со луѓе со кои делиме една иста многу битна карактеристика. Сите се толку добри и се трудат да те разберат и да ти дадат совет како што знаат најдобро. Секој на секому се труди да му помогни или едноставно да го поддржи, а скоро никој не се знае лично. Странци од насекаде околу светот, а ги осеќаш како да те познаваат. Случајно со една жена денес продолживме разговор и на мсн, видов како е да ти е животната ситуација различна а чувствата и однесувањето се тие. Ни таа ме познава ни јас неа, ниту ќе се запознаеме, ама си кажавме лични ствари. Ова е една работа која ја сакам кај социјалните мрежи. Можиш да се приклучиш на група со луѓе со исти интереси/сфаќања и иако не се познавате да се осетите разбрано и прифатено.
Сдк дека веќе ми е смачено од активни теми само за мајки и деца Немам ништо против тие теми но послено време врие од такви теми иако има многу убави а и забавни теми низ форумот само тие се најјактивни! Што не ме интересира уопште Можеби ради тоа што сеуште не сум мажена А да,и од пријателки со бебиња и бремени ми е преку глава доволно они ми ја пунат главата нонстоп. Стоп жено! Како да немам јас свои обврски не ме замарај, одам на работа и дома работам дополнително ексик! И притоа ми кажува дека била на контрола па како поминала ми ги кажуваат маките како во бременоста секој ден! Потоа што јадела што пиела Ќе полудам! Другата пак само ми го слика бебето,па цицало не цицало божеее! И здравствени проблеми во бременоста исто така и кога ќе ме праша за совет јас луѓе скревам како јас да знам да и дадам совет за тоа и само и велам "консултирај се со лекар!" Е ќе пукнам жими се! Па дали сте нормални имате лекари за тоа да ви кажат што да јадете а што не! Јас едно што не ме занима а друго што немма искуство од мене најде совети да бара? Подосадлоци поголеми нема