Зависи, некогаш не е соодветно. Пример другарка скоро 30 години, една и вика изгледала како 20 Што знам, можда на 50 некој да ми рече изгледаш помладо ке ми биде мило ама вака некои екстремни коментари.... Најубаво ич да не се коментира кој како изгледал.
Мене пред 2-3 недели ме прашаа на едно место дали сум полнолетна а годинава 23 години пунам . И јас го сфаќам ко навреда искрено .
Еее мене скроз вака, имам 27 ми викаат личам на 20, јас не знам која е потребата од ваков коментар ама ајт
Мене ми се случува некој да ми пише нешто, да видам дека пишал, ама во моментот не можам да вратам. И заборавам ја така дека некој ми пишал и некогаш после три дена враќам. Искомплкесирана сум, тоа е.
Мене па комплимент ми е да ми речи некој дека помлада изгледам. Ми се има случено еднаш ко си барав фустан за матура најпрво прашуваа дали за полуматура барам. Поубаво така отколку на пример ко ќе имам 40 да изгледам ко за 50-60, ама кој како сака. И другар ми е младолик многу, има 32 а не би му дала повеќе од 25-6 да не знаев.
Па не е убаво ниту да изгледаш постаро, ама па ако некој ми каже дека сум драстично помлада од тоа што сум не дека би би го сфатила како комплимент. Пример ако сум 30 и ми рече некој дека изгледам како 20 ке си помислам дека или мајтап си игра со мене или пак можеби дека не сум женствена на пример, зошто на 30 би сакала да изгледам како тинејџерка? А многу често и само така тропаат глупости луѓево без да размислат или мислејки дека даваат комплимент.
Баш бидејќи секој сфаќа на различен начин не треба туку така расфрлање со овие коментари, за некој тоа што е комплимент за друг е навреда. Лично јас не коментирам ако не ја знам добро другата личност и како би реагирала.
Да бе. Или некогаш едноставно ме мрзи да се допишувам. Или едноставно не седам 24 часа на месинџер. Сакам да ти кажам, не е за замерување ако некој не ти врати инстатно на пораката. И не, не се комплекси во прашање, туку живот надвор од социјалните мрежи. Кој сака да те добие и ако нешто важно е во прашање, секогаш може да крене телефон и да ти јави.
За стори имаат време да стават и слично а неможат да вратат? Инаку ги знам многу добро дека цело време се на телефон така да тоа второно ќе да е И да постојат такви луѓе демек не враќам одма после неколку часа, се замислуваат нешто со тоа.
Ти па толку ли немаш друга работа што толку детално ја следиш нивната активност, што, како и кога објавувале? Абе chill девојче. Животот е убав.
Една причина поради која не враќам одма на пораки е: луѓе шо не ми велат здраво на улица, ама затоа за услуга се први во порака, па ни фала не велат. Ако сакам и ич не враќам некогаш. Второ: некогаш сакам време за себе, можеби тоа вклучува лабаво да си скролам по социјални мрежи, можеби седам на Фемина, можеби се допишувам со дечко ми и слично. Трето: ти даваат обврска одма и сега, а можеби ручам/шетам, а притоа сум се приклучила на 2 минути.
Мене ми ласка Странци ми давале 20 години, а од кога ќе им кажам колку имам паѓаат на гз Ми ласка ептен
Хахах People are just people. Денес, слушнав зад грб, како колешките ми се смееа дека сум купила леб за дома, на меѓусмена за време на пауза. И како сум одела додека сум влегувала на работа и како сум ја оставила чантата, нз како. Ееејјј, до каде е заминат веков. И сакате да одиме во ЕУ. Е, нема.
Онака кажав. Ме зачуди. Има и ред др работи што ги прават. Знаеш, млади, а гледај како размислуваат. Наместо да бараме напредок, сплотување, да се чуваме еден со друг. Ние што? Очите си ги вадиме. Има еден да суди тука.
Не се растревожувај, тоа најмногу зборува за нив колку се плитки како луѓе.Замисли колку треба да ти е празен животот за да коментираш зошто некоја купила леб на пауза или како ја оставила чантата.
Од рубриката ,,Што правам кога треба да учам" издвојувам: Барав baby names за ако родам девојче еден ден (за некои 10 години) и си најдов едно ретко име и не планирам да го кажам на никој .