Јас сум ти тип на човек што ќе легне во 01-02 часот по полноќ и ако случајно некој ме разбуди во 06ч сабајле, станувам. Нема шанси да легнам да се доспијам. Без разлика викенд или не. Sleep is for the weak.
Не им верувам на жени кои за секоја друга жена имаат да кажат дека е курва, грда, предебела, преслаба, а во нивниот речник не постои збор комплимент.
Поминувајќи покрај продавнички забележав комплет поклончиња со панделки за 8ми март. Ајде реков да видам што има. Подобро да не видев. Комплет со крпчиња за во кујна, тегли и не знам уште какви домаќински работи. Добро бе симболика за денот на жената ви се крпчиња за во кујна? Сериозни сте? Денот на жената е за да ја покажеш нејзината вредност, да се заблагодариш на мајки, тетки, баби, стрини и така натака за нивната пожртвуваност. Да покажеш дека залудно не се бореле во минатото за нивните слободи и права. Да подариш цвеќе. Да подариш љубов. Во минатото конечно се избориле за правата на жената за таа да биде еднаква со мажот во сите сегменти на општеството и за првпат гласот на жената бил слушнат, а од друга страна во 2021 година, 8ми март се прославува со подарување крпчиња, тегли, тави и не знам што бидејќи местото на жената е во кујна. И сакаме општеството да оди напред. Е нема. Spoiler Може малце подранив со мислењево, ама не можев да почекам до понеделник.
Не можам сѐ уште да ги разберам луѓето кои ги затвораат сите врати зад себе и очекуваат некој да влезе кај нив и да ги извади надвор на сончева светлина, луѓе што користат сарказам, како одбранбен механизам и мислат дека така ќе се одбранат од светот, а всушност сѐ повеќе се фаќаат на една добро осмислена стапица, очекуваат никој да не ги критикува нив, дури ни добронамерно, а на белиот ѕид секогаш наоѓаат црна точка што ја расчепкуваат сѐ додека не го срушат ѕидот или не го ќумурдисаат...Размислуваат:„Очекувам да се појави некој посебен што ќе ме разбере, ама јас никогаш нема да бидат тој посебен што ќе се обидувам јас да им сум разбирлив на другите„ За сѐ треба ЗАЕМНОСТ, другари, сограѓани, жители на планетата Земја. No PAIN, NO GAIN!
Сдк дека нема правила за мене ,не мора да чекаме осми март за да се вреднува една жена,да и се упати комплимент,да и се подари поклон , цвеќе или внимание.Тоа треба да се укине осми март и остало за да се богати некој трговец на народните славења.
Сакам да кажам дека ја видов сликата на Дејвид Силвијан кај @Vikktorr и сега си го преслушувам ♥️♥️♥️