Значи ако користам emoji со потемен тен расист сум, а ти што се шеташ во трговски без маска научник си?
Кај нас си има едно суеверие дека ако влезе некое животинче во куќа каде што има некој што починал, тоа значи дека самиот тој дошол. Денес бев кај баба ми, и таман на излегување, во ходникот влезе пеперутка и почна да кружи околу мене. Нели прва помисла, да ја избркам или смачкам да не смета, кога ја слушам баба ми: "Сине, дедо ти дошол да те види". Занемев.
Ај, ај уште 50 ти фалат таман почни пиши и по др теми. Темите во кои се збора за секојдневието и до негде приватноста на членовите е подобро да се скриени а не на изволте на сите.
Коментарите се однесуваат на девојчето што вчера имаше суициден обид, па пожарникарите интервенираа. Еве што мислат вашите сограѓани и со какви делите воздух:
Не знам што си немав работа па отворив коментари да читам под објавата за девојчето од Карпош, луѓе јас не можам да се соземам, бес се напунив од читајки морони и кретени со коментари: па што чека, па нели ја е срам да ни губи времето ако решила да се фрла нека се фрла не да се предомислува, па голема работа ако се фрли, многу загуба, не можев да си поверувам на очи. Коментарите најчесто од средновековни мажи, па и помлади и средновековни жени, тие луѓе кои се исто така родители или ќе бидат, истите тие луѓе кога нема да препознаат депресија кај своите деца, истите кои ќе им речат не се глупирај. Магичен круг, чинам никогаш нема да излеземе од ваквиот магичен круг на прости, арогантни, злобни луѓе кои воспитуваат исто такви деца. Згрозена сум скроз, не можам, одбивам да пооверувам дека има толку многу на број од тие, значи ужас. Па и нашите медиуми мораа да објават и видео и слики и се од девојчето, уште повеќе да и го смачат животот. Да ти е**м народот, мизерии, дно. Значи најголем дел од мажите кај нас се шовинисти јас само тоа заклучив, ужасни, гадни и бедни. Едит: Сега видов дека и @KateKane коментирала за истото, јас немав ни храброст да ги препрочитам уште еднаш да ги копирам. Ми се згрчи стомакот искрено, посебно зошто и јас загубив двајца пријатели вака и знам каков е животот после тоа и знам какви муабети се наслушав и коментари и не можеш да направиш ништо. Злобни, злобни мивки луѓе.
Овде е кој од кој поужасен и понечовечен во коментарите, но, можеби, најужасни се медиумите кои прават „сторија“ од целата таа тажна човечка ситуација. Ова секако не треба да е предмет на каква било објава, туку да се среди многу дискретно од професионалци. Разбирам дека некој може да снима на мобилен, но, не можам да разберам како „официјални“ медиуми од тоа прават вест и со самото тоа поттикнуваат лавина човечка мизерија. Замислете како ѝ е на девојкава и нејзините блиски со таквиот „публицитет“. Не само што треба да се бори со сопствените демони туку и со демоните на овие кутри луѓе што си ја калат својата фрустрација врз неа. Плус, докажано е статистички дека ваквите вести охрабруваат слично однесување на „решавање“ на проблемите. Нема потреба дополнително да се потенцира, уште еднаш, дека во кризната состојба, во која ние сите живееме, луѓето кои се ранливи уште поранливо се однесуваат. Хорор. Ова е за секаква осуда.
@KateKane , @1209 Ми се гади од вакви. Одвратни створења. Не ни знаат низ што поминува жената,а се истрчуваат со коментари. И јас се изнаслушав разни коментари за другар на моите браќа,коментари кои беа далеку од вистината. Осет да се немало... Срамота!
@1209 @KateKane ова се тие суштества што мислат дека треба да одиш на бајачка ако имаш проблем за кој ти треба стручна помош. Гнаси! Не ли им е срам бе, многу од нив имаат деца, ако не и внуци. Мене реакциите ми кажаа се', односно дека најголем дел беа со „Ха-ха-ха“. Не се ни свесни дека и тие можат да бидат причината за нечие самоубиство. Зошто? Затоа што немаат разбирање и ги исмејуваат туѓите проблеми. Па и што ако скокнела, голема работа! Ц,ц,ц, неверојатни ликови!