И јас не сум вакви приказни да се пишат јавно. Сепак е персонален проблем и трагедија. Ама, вака излегва отровот на народот и ни дава шанса за дискусија за во иднина, идните генерации да видат што не е во ред и да се исправат и пораснат во поотворени возрасни индивидуи. На дотичните од сликите не ми ни се навраќа. Дно на човештвото.
И јас не можам да разберам зошто некои новинари немаат црвени линии и прават се за кликови. Ама исто не можам да разберам што човек треба да си за да пишеш дека пожарникарите 'не требало да и ја попречуваат желбата за летање'. Ова се одвратни луѓе и не можам да сфатам како може некој со толку злоба да е полн. Не можам, еве се пробувам да се вклучам во тој мајндсет, да прочитам дека некој пробал да си го одземе животот и да му пишам криво ми е што не си успеал. И криво ми е кај и во каков свет живеам. Најискрено. Не знам друго што да напишам, еве сто пати пребришувам и пишувам, страв ми е во ваков свет да постојам. Кај што има луѓе што се толкави социопати за туѓа човечка болка не само што не ги допира туку посакуваат некој да си успее во намерата да си го одземе животот.
Какви станавме. Или секогаш вакви бевме, само немаше социјални мрежи за да си ги покажеме вистинските лица. Не сакам да читам коментари, однапред знам какви се. Ние сме силата што бутка некого во провалија. Сите до еден што кликаат сенд/пост/реплај во истиот момент некого го удираат, шамараат, клоцаат на земја, и се раката што бутка кон дното. Адвокатот и судијата и ѓаволот.
Dobro do koga so ova?!?! Zoshto vo ovoj svet mora da se podrazbira deka zhenite se nesposobni da zarabotat i da bidat uspeshni, tuku se ochekuva da bidat trpelivi i samo da davaat poddrshka za nivnite sopruzi da zarabotat, da bidat uspeshni?!?! Mi se smachi od vakvi raboti da chitam, sekoj vtor post vakov e
Нема што уште многу да се кажува, убаво си се изразила. Само ќе дополнам дека твојот револт, згрозеност, тешкотија да се изразиш се сосема разбирливи. И јас го имам истото чувство. Тешко е да најдеш зборови за таквите постапки. Ни преостанува, на сите, да го осудиме тоа однесување, да не го охрабруваме, ВЕЌЕ кога еднаш тој настан станал „вест“ кој „собира кликови“, и да се обидеме, колку што можеме, да им помогнеме на луѓето кои имаат слични проблеми да НЕ СТАНАТ ВАКВА „ВЕСТ“. Сите имаме по некој близок, познат, другар/ка, роднина, кој е особено погоден и е ранлив, особено сега. Ова, можеме, колку и да е тоа малку, каков и да е светот.
За жал таква е реалноста во која живееме. Неедуцирана, слабо емоционално интелигента популација и новинари кои и сопствениот измет би си го објавиле ако тоа значи повеќе енгејџмент. Капитализираат на глупоќата на простите, а притоа настрадуваат најранливите. И искрено не знам од што повеќе да се плашам, од индивидуите што ги пишуваат таквите коментари или од тие што не пишуваат ама се рамнодушни на нив. И ме интересира како некој при здрав памет се дрзнува да каже дека државава имала мил, фин, мирен, гостопримлив народ. Каде? Јас сè што гледам е злоба, тврдоглавост, индиферентност, фрустрации, огорченост, никаква емпатија кон ниедно суштество на светов и фаќање за гуша со секој. А не е дека фб коментарите не се реална слика за тоа каков ни е народот уствари. Посакувам да не беа реални. Луѓево се многу реални, со нив одиме на работа, ги среќаваме на улица, ни ги учат децата, имаат деца самите (yikes). Секојдневно се трудам на луѓево да им го дадам the benefit of the doubt, ама одново и одново ме разочаруваат. И мислам at this point ако некој уште сака доброволно во државава да остане, или е страшен оптимист дека single-handedly ќе промени нешто, или е дел од баграта. Трето нема.
Ова марта со 9 ума е баш баш многу, дефинитивно убила је мене марта Тмурна само за спиење е..А и уште снег фалеше колку убаво..
Моиве ко ќе седнат со уште два пара нивни пријатели не зборуваат нормално туку врескаат сите како да се на shouting match, дури мислиш се караат, ама нив тоа им е нормално зборување. И се прашувам дали само тие така прават или е typical middle-aged balkan people thing?
Понекогаш и јас читам коментари на фб ... жално е кој процент на неписменост го имаме како право, се чудам, оти навидум персоните имаат завршено средно, потоа на ред доаѓаат пцовките, на крај навредите.. прашање е што пола од фб коментари не се ни разбираат што авторот сакал да каже. Таа слика човек да ја размисли малку подлабоко колку уствари сме дно, неедуцирани, со плитки навредливи зборови, игнорантни, лоши, злобни. На никого при сите тие булинзи врз персони не му е гајле како би можел некој сериозно да навреди и повреди некого. Зошто се храниме со злоба и лошотилк? Зошто еднаш пред да се напише било што не се размисли 2 пати? Зошто мора само да се напише нешто? Зошто наместо една пофалба наспроти се удира со 5 навреди? Зошто се нема осет? Жал? Емпатија? Тука, од коментарите на луѓето да размисли човек до каде сме, што сме и како сме, како ќе продолжиме, дали на децава свои ќе им оставиме пример за како не треба, пример за лош злобен и плиток речник исполнет со булинг врз било кој. Пример за каков ни е менталитетот во државата, какви луѓе решаваат и ја прават државата. 80% се такви. Без да знаат да се изразат, да остават празен ред или да пишат кирилица, другиве не ни пишуват исправно, башка навредите и пцовките. Колкава едукација само ни фали.... и добра волја, и емпатија... Што беше тоа емпатија се прашувам во светот?! После се чудиме на избори.. Се чудиме при избор на формирање на влада? Министри и пратеници... Народот каков ни е? Олош. Трул. Гнасен.
Иначе за коментариве на фејс, многу издава каква држава сме и дали има љубов, сожалување, сочуствување еден кон друг. Пишете на јутуб Majk Sow, уште појасно ќе ви стане.