ПМС е она кога се гледаш гола во огледало и не си ги препознаваш градите. Една тежи ко за две, ареолите се различни од вообичаено, затегнати, огромни и површината им зафаќа повеќе од пола града. И болат ко да се спремаат да експлодираат кога ќе ги допреш. Ај нека ми дојде пошто ќе пукнам.
На тема серии оригиналот Клон ми беше омилен. Шпанската ми беше мех. И така. Си направив кафе и сега ќе пичам на балкон.
Може заедно да си пиеме кафе.. јас се мислев балкон или во дворот и си направив кафе и сега си седнав надвор..преубаво е времето, децата на улица си играат, јас сама си пијам во тишина, ми требаше тоа. На здравје кафенце @bicycle
На здравје и тебе бејб <3 Дворот деновиве ќе го средувам, па и таму би почнала да пијам. Само да не служи времето вака.
Преку глава ми е од тоа секогаш јас да плаќам за сè. Сите трошоци, сегде, се мои. Сè јас да платам, и на крај, пак јас крива.
Го сакам назад времето кога безгрижно патувавме, влегувавме во една обична продавница без да се туфкаме и живеевме слободно. Колку само здраво за готово го земавме тоа.
И тоа. Ама ми фали и периодот кога ќе отворев некој медиум и во него не пишуваше за корона. Сега секоја вест е за корона.
Сакаш да го растуриш турскиот клан дома? Со среќа. Meanwhile,Турција ужива поради високите рејтинзи.Турција и државите во кои ѝ се најгледани сериите : Патетики,претерани романси и недосредени комедии не сакам од која држава и да се. Волим јака акција и асална драма,често со добар хумор. Првата Турска серија ја гледав кај вујко ми. Кои радости беа да се види нешто ново... Дел од Турските серии беа среќен дел од моето детство и преминувањето во возрасна. Сум пишувала и претходно на форумот,уште поинтересни ми беа кога вујко ми смешно прераскажуваше епизоди,перфектно имитирајќи ги глумците.Капучиното и колачите на масата,мачорот дреме на стол и многу смеење. Додека траеја рекламите му ги кажував маките на вујко ми,а тој внимателно слушаше и ми ги даваше најдобрите совети.Го ценев тоа. Се осеќав сигурна,имав на кого да се потпрам.Многу ме нервираат лошите коментари за него од оние на кои многу им помогнал. Имам убави спомени. Никој не може да ми го смени мислењето. Гледам многу нови серии,размислувам што би ми кажал во моменти кога ми е многу тешко и потоа пуштам мозок на пасење. Од други личности многу се разочарав и уште се разочарувам,ама тоа е. Не можам да ги сменам.Можам само да се надевам дека некогаш сами ќе се сменат.
Колку убав сончев ден Си го испив утринското кафе во кафич на дистанца,мераклиски Колку само сонцето влијае добро на мене тоа е чудо Сонце не престанувај да сјаеш те сакам и потребен си ми
Свеж селски воздух, по некоја птица црцори од некое далечно дрво в ливада, лакомо куче се вртка низ двор додека се крчка ручек и бушав мачор што ми преде в нозе. Терапија.
Некои ќе живеат во луксуз, со скапи автомобили, најскапа брендирана облека, највкусна храна, патувања...со еден збор кажано можат да си дозволат се што ќе посакаат, а некои со месечните примања неможат да си ги дозволат основните потреби, немаат доволно за храна. Се прашувате зошто луѓето бараат подобар живот на друго место надвор од нашата држава, ги навредувате дека не си ја сакаат татковината, не им се работи...Напротив, сосема е спротивно/со оваа минимална плата што ја земаат неможат да си ги платат месечните сметки спрема државата, а не да имаат за храна или нешто повеќе да си обезбебедат за себе и семејството. Нека се заменат на еден ден, дали ќе можат да го издржат таквиот живот, па потоа нека се зборува. Овде секој сака да те искористи, наместо да те мотивира, својот бес и нервоза да ги истури врз некој кој нема најмала вина..ќе ти го земе и тоа што ти е заслужено. Доколу се спротиставиш и на културен начин објасниш, наместо да бидеш ислушан, ќе бидеш навреден и ќе добиеш закани. Каде и да одиш кај нас, без разлика дали се работи за инситуција, работа кај нас секаде е така. А секако не е така само за одреден круг на луѓе секако блиски едни со други, познаници. Храната кај нас поскапа од било која друга држава каде платата е далекyyyy повисока. Кај нас се е поскапо. Се нема никаков ред, само викање, навреди, кавги, лаги, поделби и искористување. Нема човек кој не си ја сака татковината, своето родно место и секој би сакал да живее овде кога би живеел слободно и среќно, кога ќе може да си дозволи се што ќе посака. И секако таму каде што отишол согледал дека има ред, правила, закони кои важат за сите, има услови за убав живот еднакво за сите. Успеал да исполни многу свои желби и соништа за кои мечтаел цел живот. Ви посакувам само убавини и се што ќе посакате од срце да ви се исполни.
Често си викав на шала - Не верувај на човек што спие со чорапи. Оваа вечер и јас облеков чорапи прв пат за спиење. Ладна ко змија сум. Спиј точак, спиј. Нема абер од скролање.