Зошто ова пролетно време секоја година ме потсеќа на скршеното срце Поради ова неможам да продолжам напред...беше пред 6 години
Ехх сега да си беше нормално време без корона, па да почнев да си се спремам за во град, да имаше некој добар бенд во омилениот кафич и да си пиев алкохол. А не сега дома да ме убиваат мисли и депресија да ме демне.
Океј е, утре на колоквиумот одам со "Господ на помош", али битно се растурив од играње карти. Онлајн карти. Сама со себе. До кога бре со паметов мој.
Добро, зошто мора баш во ова време да ми поминуваат низ глава сите cringe ситуации во кои се имам најдено?
Се уверив вчера колку некои особи немаат воопшто емпатија и се ќе сторат за лајкови на тик ток дури и совршено ќе глумат ставајќи тажни смајлиња на видеата. Се деси сообракајќа пред мои очи каде една кола со голема брзина прегазува двајца млади така што ги “собра” и ги исфрли неколку метри од пешачкиот премин. Се собра народ и еден Непалец снима ли снима како тоа да е многу битна ствар. Среќа на двајцата веднаш им беше пружена помош и подршка,а таа што ги собра мртва ладна седеше во кола. Таа помина на запалено жолто од зелено светло,што наместо да ја намали брзината она даде гас и со тоа погреши. Затоа се отвораат четири очи кога возите во населени места со семафори секој од некаде ќе ти претрча. Настрана се ова,си седам на тик ток и ми искочи видеото од Непалецот што снимаше и што веднаш му коментарав да се засрами и нема грам емпатија што резултираше со бришење на видеото. Дефинитивно не треба се да се споделува на тик ток за лајкови,дури и да те за*баваат другарите во школо. Се е лажно дури и емпатијата!
Што убаво порано имаше малечка продавница за кафиња, да не може да се одлучиш од кое да ти смелат во машина. Мириси, бои.. обично спакувано, а внатре.. Сега, ни кафе од маркети чини, ни нес..лигавење е ова од чаша, ако се пие, не чини.. Тапа од утро. Ми се згади.
Ме потсети на тој убав мирис кога го отварав спакуваното тазе мелено кафе и по пат од продавница до дома го мирисав кафето (Детска работа) П.с од турско кафе само Кубанита другото ми е бљакне го можам ниедно друго
Овој изгледа не слушнал за медиуми. Обично такви снимки од несреќи ги откупуваат медиумите за одредена сума. На некои ова им е цела професија, да ловат несреќи за да се богатат. Нема поголем шлајм од оваквите личности. Филмов добро го портретира оваквиот човек. Топла препорака за гледање викендов: https://m.imdb.com/title/tt2872718/
Ќе си умрам од смеа. Совршен ден ми е ова, ама не можам повеќе, припаднав од смеење, стомачни правам.
Дами и господо, 2 минути молк за мажињата кои сметаат дека самохраните мајки се убиваат од секс, а мажените се поштени.
Тема за корона: Ускратени ни се правата, јас не можам да издржам веќе рестрикции, децата дома ништо не учат, детето мора да има другарчиња,... Тема за породилно: Ситуацијата е критична, страв ни е децата да ги праќаме во градинка. Ситуација под прозор дури го пишувам ова: Група од 10 возрасни двојно повеќе деца си седат на куп си се дружат како да имаме 5, а не 1500 дневно. Кул.