Работава од дома или ја мразам или ја обожавам, се на моменти, а средина нема. Денес е ова второво. Кафе на тераса и филм, некогаш ми треба само малце да бидам среќна....
Тргнав сабајле на лекарско и сум си ја заборавила личната карта дома, а цело време бев убедена дека ми е во паричникот додека не стигнав во болница. Овци да ми нацртаат и да ми дадат да ги чувам и нив ќе ги изгубам, до толку заборавам и губам работи.
Ставај ги работите што ги губиш/забораваш повторливо на видливо и секогаш исто место... Ова функционира... И јас бев од тие толку изгубените. Ти треба само систем. Претпоставувам имаш премногу мисли во главата...
На партизанска на семафори паралелно до мене застана една девојка. Возеше бело женско точаче со цветчиња на корпата. Имаше многу симпатични широки панталончиња и интересни тенки чевлички како балетанки. Во ист момент се погледнавме во очи и одма се свртевме (како да се усрамивме наеднаш). Имаше некоја конекција, одамна не сум се почувствувал така. Имаше многу убави очи, во моментот ми дојде да и кажам ама некако се виздржав. Сега ми е криво што не и реков. Ако по некоја чиста случајност се пронајде тука, сакам да и кажам: имаш многу убави очи
Да му посакаме среќа на членот @Ajronmen пак да ја види девојката со точакот Ако е членка тука да каже,ако не е да и каже некој што ја познава да се зачлени Од мене музика,од Ајро пијачките
Ми фалат неколку стари членки премногу, што порано се дружевме секој ден тука, знаевме да се смееме, да лудуваме...да си направиме да ни биде интересно во темата трета смена, од јутра до сутра како ние што си знаевме. Штета што више ги нема тука, а ги имам многу..Каде и да сте, добро нека сте само
Си го сонував најмилото. Едвај чекам да дојде август да ми се исполни сонот, да си го држам во раце целиот мој свет.
Денес се охрабрив да се качам на вага. Здебелена сум две кила. А нарочно ко почнав со активност не се качив оти знаев дека ќе сум поќе. И сега ме фаќа паника, во колкав плус бев за сега да сум +2кг?! Али добра мотивација е да намалам со благото со кое сум благо опуштена. Pun intended.
Да се даде отказ или не? Прашање е сега. ОК, осудете ме, сега не се дава отказ нели? Но! Првиот месец да ви платат 10 500 Вториов, прашање е колку ќе дадат , да се работи и саб и нед и празници....? 10 500 бе? А ветена основна плата? Еве некој нека кажи како да се преживее со 10 500, ако имаш 6000 ден сметки. Ајде,ќути ќе ми речете, луѓето плачат за работа плус од вчера останаа 30 000 без неа. Ма, одам јас на др планета. Ова не се поднесува повеќе.
Не е за осуда. Такви работодавци треба на цедило да се остават, па да се опаметат. Не знам каква ти е работата и дали имаат работа моментално, но сепак ако решиле да одржаваат бизнис треба да си ги одржуваат вработените
06.04.2021 - тоа утро во 10:40 те изгубив засекогаш бабо моја. Ми почина пред очи, во раце, обидувајќи се да те пробудам и реанимирам, доцна беше.. Зашто ли ме напушти толку рано? Нели заедно ќе го чекавме моето ново вработување? Многу планови имавме бабичке моја единствена. Ме чуваш од кога се родив, еве денес сум возрасна личност а ти секој ден поминуваше 30км само за да бидеме заедно, и попладнето пак си одеше дома, утредента пак доаѓаше и секој ден така веќе 20 години. Зашто ме остави кога најмногу ми требаш? Многу бевме приврзани една со друга, ме сакаше до бескрај, од твоја уста двоеше за да ми дадеш мене.. никогаш нема да ги заборавам нашите спомени, убави моменти и деновите..фала ти за најубавото детство и тоа што ме израсна да станам човек. Ти ветив дека ќе ги паметам и применувам сите твои совети цел живот да знаеш..ама сега се е само сеќавање бе бабо, многу ме боли душата, дали знаеш колку е празна куќата без тебе? Не можам да влезам во собата од тага, не можам да го гледам креветот каде лежеше, празен е, само која ли ти беше желбата бабичке, кого ли сакаше да видиш што нонстоп ги отвараше очите? Мама ќе ти ги заклопи, ти за 1 мин ги отвараше.. дали имаш нешто неисполнето бабо? Да знаеш дека душата ме боли, од тука до вселената и назад и ×10000, претешко ми е без тебе. Денес во 15:00 ќе те погребаме, не знам како ќе го издржам тоа, се рушам бабо, се топам како свеќа од тага, вчера се простив од тебе, извини ако нешто сум ти згрешила или пак не направивме доволно за да оздравиш. Чувај ме од горе и летај со ангелите најмила моја!