Да заборавите сешто ве учеле дома. На излегување под чергата да ги оставите културата, достоинството и добрината. Да се борите за себе, здравјето, финансиите. Бидејќи ви припаѓа целиот свет - на дланка! Има директно да влегувате во конфронтации кога треба, ќе лижете г'з со сила, и ќе газите преку лешеви ако мора. Многу ми е жал што нашите дома не нѐ научија на овие вештини додека бевме мали, па сега повеќето од нас се изгубени астронаути во линеарното време. Знам. Не е убаво. Ама алтруизмот е веќе одамна мртов, а ковчегот му е тежок како олово. Затоа стегање заби и борба.
1. Од спомени и сентименталности не се живее. И јас колку побрзо сфатам, толку подобро. Правете го тоа што ве исполнува, загризете силно. Луѓето секогаш ќе ве обесхрабруваат, ќе осудуваат и ќе сакаат да влијаат врз вашите одлуки. Секогаш се најпаметни кога е туѓ живот во прашање. Малкумина ќе сакаат и можат да помогнат. 2. Веќе ништо не е исто, една година е доволна да промени многу. Има крај?
И јас ради луѓето, тука слободно можеш да изразиш мислење без да бидеш навредуван. И не само тоа туку и други работи. Скроз се у 21 век овие овде и никој со ништо не се замара.
Дали знаете дека кога ми се јави матичната да ме провери (корона), ми се расплаче на телефон? Поради преголем притисок, премногу заболени, дневно над 100 прегледи (да, прегледува), дома болни од корона, грижа за малечки дечиња... Ве молам сите ние да имаме малку повеќе емпатија и разбирање за здравствените работници. Пред сѐ и после сѐ, тие се само луѓе, како и сите нас.
Обично никогаш не одбивам дружење, речиси секогаш сум им на дофат де за кафе, де за ислушување на проблемите, ама во последно време, се научив да редуцирам дружби, и не, не ми е страв од можна зараза со вирусот, колку што гледам да се заштитам психички, бидејќи после средбата со некои луѓе бев толку оптеретена што заборавав дека и јас имам свој живот
Чим плата не се земало, доброволно се пријавувам да го средам форумов. Едит: @DiCaprio си за? Без пари. Пола-пола.
Ќе останам воздржан од коментар,треба да се види каде живееме и со какви гниди го делиме воздухот. Жално,тажно,страшно..
Не знае секој да ужива сам со себе во тишина, онаа тишина, кога сум во хармонија со самата себе, кога се ми е полно и порамнето и уживам во пријатноста која ме исполнува ..
За тишината и јас: уживам во неа, и веќе ми се смачи од луѓе да ми ствараат анксиозност со прашањето зошто ќутиш, бекни нешто.
Ретко кога гледам фудбал ама ете бидејќи утре полагам, место да учам јас си се загледав фудбал, уште па и интересен ми се виде.
Додека го читав ова и јас си пуштив солзичка. Се пронајдов во секој твој напишан збор буквално и јас ја загубив баба ми пред два месеца. Нема миг да не помислам на нејзе. Биди силна.
И после 10 години при секое плачење си ја барам нејзе да ме гушне и каже се ќе е во ред. Вечито го носев последниот успомен кој ми го даде и кога падна каменот од него. Мораш да бидеш силна,боли знам и ден денес ме пече душата.
На времето, се сеќавам дедо ми зема овошки, од сите по едно дрво. Јаболкница, крушка - петровка, слива... Некои се фатија, некои не. Ме учеше како да ги калемам, поубави овошки да раѓале. Велеше дури дека можело на едно дрво, две овошки да се искалемат. Една гранка, едно овошје да раѓа, другата, друго. Дали ме лажеше да ми е интересно, или вистина говореше, кој да го знае. Умре дедо ми, дрвата ги исекоа, скоро сите. Кое не раѓало, кое не било убаво, кое сметало... Украсните биле поубави. Не научив да калемам. Никогаш. Баба ми, урда знаеше да прави... И тоа каква урда само беше... Прсти да излижеш. Па ќе земе, ќе ја стави во некој глинен ќуп, ред урда, ред пиперки, и по некое парче сирење купено од Албанците. Кравјо само. Горе, крпа, на крпата камен. Па ќе ја мие. Во една вода, во друга, во седма. Не знам низ колку води требаше да се помине и колку месеци да седи. Ех каква урда беше тоа. Па со ајвар како се јадеше... Многу ја сакав и секогаш и велев да ме научи како да ја правам. Не ме научи. Никогаш.