Пред некој ден, блиска роднина му го честита роденденот на татко и преку фб пост(и слики) образложувајќи колку е горда на него, а притоа става feeling PRIDE(со виножито) За момент помислив дека нејзиниот татко is coming out.
Што е со луѓево над 40... лечат коплекси со желби за диктатура, се пуштаа на 20 годиншни девојќи. Навистина не ми е јасно ..
Ќе го парафразирам Салман Ружди - секогаш кога си оди од нашиот живот некој човек кој го сакаме дел од нас умира. (Му се извинувам на Салман Ружди за парафразата, ме мрзи да го барам точниот извадок). Откако си отиде - има некои песни кои не можам да ги слушам. Со твоето заминување (од мојот живот, за среќа не си замина засекогаш од тука) не можам да ја слушам Луна од Архангел песната. Не дека ги сакаше нешто премногу Архангел, ама не знам, ми остана во сеќавање кога ја сподели песната. Веќе ми недостигаат твојата смотаност, твојата заразна насмевка во која го криеше сиот срам што го чувствуваше. Веќе ми недостига твојата експресивност, твоите слатки потези кои секогаш беа на границата помеѓу чудни и чудесни. Се сеќавам колку беше среќна кога искочивме втор пат, никогаш нема да го заборавам тој сјај во твоите очи. Само тоа ме одржува тука. Сеќавањето дека понекогаш беше многу среќна со мене. Можеби е сето тоа тажно и патетично, ама што да правам кога сум таков. Се сеќавам на летните ноќи и како ми лежеше во скут, малку пијана, доволно пијана да си дозволиш да ги направиш нештата што сакаш да ги направиш и кога си трезна, а не можеш, а сепак, доволно трезна да помниш. Не знам дали цел живот понатаму ќе ги преживувам само нашите моменти или ќе има и нешто друго. Знам дека се вљубив во тебе кога првпат ме гушна силно, на нашето прво излагање, ме гушна како да се знаеме цел живот и како да сакаше да ме гушнеш уште од претходно. Се сеќавам дека не можевме да се одделиме еден од друг. Зошто мораше да се саботираш? Би сакал да си добро, би сакал животот да ти се насмее и тебе и ќе биде сѐ во ред. Би сакал да те уверам дека и покрај тоа што се случи помеѓу нас, ти си прекрасна девојка и сум среќен што еден период од животот го поминав покрај тебе.
Зошто темата "колку играчки се потребни" е двосмислена или само мене така ми се чини? И зошто да? Многу теми ќе пропуштам ради велигденскиов пост, некој нека ми шепне за што станува збор да не ме копка..
Мcdonalds се враќа, ваистина се враќа. Едвај чекам да јадам канцероген помфрит и месо, ама сериозно. На крајот од денот, поефтино ќе ме чини, него масло у маркет. Ми фалеше таков оброк, колку еден залак
И јас едвај чекам да јадам. 3 месеци секојдневно гнетење не ми беа доста, понекогаш такви кризи добивам, ги сонувам сендвичите и помфритот најубав на цел свет па колку и да се нездрави! Па сладоледот и шејкот со карамела како десертче на крај, мммм перверзии. Ама нели, муфтето е секогаш најслатко. Како вработена таму се' ми беше бесплатно па гнетев ко да ќе нема утре. Сега треба толкав оброк да го платам ѓаол и пол за наш стандард, така да не се радвам нешто многу..
Осудените за убиството на Саздо не заслужуваат ни правда, ни подршка! Доста веќе со овакви малоумни постапки, ништо не докажувате.
Пред 3 години во 23h се спремав за излагање а сега во 22:30 си викам "уу касно ми е, да си легнам".. Животе - туго