Зошто стрес, што се случило? Поради луѓето не би се откажала никогаш. Ако сфатам дека не е тоа што сум се надевала, сменети приоритети, интереси, планови, тогаш можеби. Ама заради луѓе (професори, колеги и слична багра) не, никако. Особено ако сум вложила време, труд, ќеиф и пари.
Сакам да кажам, од утрово 4-5 теми ме мачат, за дел се искажав ама сега сакам и тука. Надолго. Скроз да ми олесни. Откажете се од прилика тука ако не ви се чита долго, и дефинитивно не некои интересни теми. Прво и најважно, сите возрасни држете си ги валканите раце настрана од малолетници. Искуствата на децата најдобро е да се исполнат со врсници, не со возрасни. Разлика во години е една меѓу две возрасни индивидуи, друга меѓу возрасен и д е т е. Скроз 10то е кога дете раѓа дете, а партнерот на детето, е возрасен. Мора погласно да збораме за злосторување на деца, и за груминг. Зошто сум запрепастена колку е нормализирано рандом возрасни луѓе да се дружат со млади тинејџери ( 12-3+ години) и се то да е океј. Да му купват пиво, да му се пуштат, да бидат со нив нон стоп. Искуствата на децата треба да се со други деца. Остајте ги децата на мира. Нормално е дете да не е свесно за ова, па дури и да мисли дека чичкото шо иди во друштво дека е кул. Дете е. Има башка перцепција. Подложно е на манипулација. И јас сум била тинејџерка и сум седела со големи друштва Офицерски и седеле со нас чичковци и се пипкале со девојчиња од другото друштво. Проблемот е шо тогаш, 15-6 години седевме сите на куп собрани и понесени дали од друштво, дали од тинејџерско слепило, не знам, никој не гледаме проблем со то. Сите праевме шо сакаме нели. Ама еве сега скоро 7-10 години покасно седам и се думам шо кур бараа чичковците со нас, тогаш средно почнати. Шо кур бараа чичковиците да се пипкаат со девојчињата, едно 20 години помали од нив, од другото друштво. Шо кур бараа постарите другари на браќа/ сестри шо одеа на факултет и се пипкаа со сите? И кога ова го зборав наоколу, видов колку луѓе имале ваков крипер, барем еден, и колку е ваквото криперство нормализирано и ми се гади. Ми се гади од такви луѓе и ми е жал за тинејџерите. За да го пишам ова бев мотивирана од две вести: 1) Средновечен маж се заканувал на 15- годишно девојче дека ќе ја силова 2) Малолетна мајка, со разлика од 6 години од таткото на детето Првата ситуацијата е јасна. Чичко се пушта на девојче малолетно и не е океј и е осудено. Како и шо треба да биди. Гнасна гнида шо се заканва дека ќе ја силова ебате простакот. Втората ситуација ме буни зошто никој не пристапи исто. Пак имаме чичко шо се венча со девојче малолетно. Да, на 15 роди дете, а се запознале ко имала 12, на 15 роди. Тој 18 ко се запознале. 12 годишна, со 18 годишњак. Let that sink in. Ако не гледаш проблем на само, еве, спореди ги двата случаеви. Возрасен маж, со малолетник. То се двете ситуации. Разликата е шо едниот се заканва со силовање, другиот едноставно полека си ја „воспита“ каква невеста сака и си ја зеде. Едно е да си голема разлика ( не дека е голема разлика 6г), меѓу возрасни кои поминале низ слични предизвици и ги поминале сите животни фази, и преголема е разликата каде имаш малолетник кој е основно, а ти си завршил средно па си продолжиш со работа/ факултет. Игра на моќ е и малолетникот, пак, е подложен на манипулација. Пак, згадена сум од ова шо го читам, а уште поќе од коментарите на фејсбук без осуда кон грумерот. Не сопруг. Грумер. Од кога го изајв ова од системот, одам одма на новата тема. Нетолерантност кон ЛГБТ+ лица. Да. Сите сме различни. Да. Сите имаме различни ставови. И ако сакаш јас да го почитувам твојот став, треба да го напрајш минимумот - да не вреѓаш. Не мораш да си океј со хомосексуалци. Не мора да ги сакаш. Се шо треба да прајш е да не ги осудваш, да не ги плукаш, да не ги тепаш, да ги остајш да живеат. И не. Не е пропаганда дека во емисија се спомнало дека постојат истополови парови. И секогаш тука иди некој со реченицата „абе ок, ама мене не ми смета, нека прат шо сакат само нека не велат дека е нормално и нека не шетат така, и нека не пропагират, нека не...“ и извини вака, кој кур? Кој фактор си прво ти да кажиш шо некој друг да не прај? Нешто друго шо апсолутно не те засега тебе, и никој друг сем самата индивидуа и неговиот партнер. Така да госпожа, глеј си дворот. И за да дојди до промена мора да се збора, мора да се гледа нештото и така да стани дел од секојдневието за некогаш во иднина ко ќе видиме, во случајов хомо пар, да не сме ко „омг педери“ туку „ха, сиг се сакат“. И за то треба време. И многу зборање. И ќе стигниме таму. И мило ми е дека во последно барем нешто од нешто се менва на темава и се прај. Редно беше. И ова е така за се, да се збора поќе за да се нормализира, не само за ова. Така да зборајте погласно. За тие шо седат назад да слушнат. Инспирација за оваа точка е: 3) Зборуваме за LGBT - општество без предрасуди Одлична иницијатива со мала маана, шо ме носи до проблем кој трае тука. Можи и пошироко ама пред се ме интересира како е тука. Не дефинирање на жената како пол кој вреди. Или поточно фрази од тип „лезбејките се луѓе од понежен пол“ додека „геј се луѓе од машки пол“. Нешто слично беше со категориите на страна за шопинг ( не ми текнува која, ако некој знај нека надополни), каде категориите гласеа: жени, деца, луѓе. Пошто жените не се луѓе. Само мажите се. Така испадна и погоре. Мажите си се машки пол нели, али жените ... тие се ... понежен ... пол. Не женски. Понежен. П р е к у. Еве за ова точка кратка ќе сум, некако поврзана е и ко критика на претходната. И кога веќе зборам за жени, не се збора доволно за насилство врз жени и насилство во домот. За ова мора да се збора поќе, да се има типс енд трикс како и кога жртва на насилство во домот да замини. Со полициски час и тоа шо сме обврзани да сме во домот постојано носи до почести конфликти генерално, а уште полошо е за жртви на семејно насилство кои буквално делат простор со насилникот поќе од шо би сакале. На сите вести, барем при карантин нека вртат бројчиња за пријава, за центри за прибежиште. Едно е да пријавиш да го земат, па да се врати дома и да „заврши“ работата насилникот. Друго е жртвата да пребега на безбедно место со се деца. Ама и ова е мислам тема шо се подразбира како треба да е, ама пишам да ми олесни оти денес денот само фрла новости шо ме револтират и морам да го извам од мене. Причина за ова точка: 4) 39- годишен маж ја уби својата партнерка и се обиде да се самоубие Нека почива во мир. И за крај, ми остана уште една гнасна вест, како се ова до сега да не беше доволно. Сакам да кажам збор- два за врсничко насилство. На ова тема можи имам зборано најмногу, и зато ќе бидам кратка. Стварно е грозно она шо се случи, снимката која кружеше. Не можев ни да ја догледам, одма ми текна на слична случка од лани каде девојка е тепана. То е живо суштество и пред се мора да се работи на родителите и како да препознат дали детето е насилник. И ако е, да се работи со него соодветно за да се пушти функционален човек во општеството, а не некој кој ќе тепа се шо ќе му застани на патот. Гледајте промени во однесување, какво друштво има, како се однесува со врсници и со браќа/ сестри дома, дали има изливи на агресија и како ги адресира кога е дома, поплаки на училиште земање сериозно. Не се можи да се спречи, ама голем дел можи да се спречи. Не фокусирање на изворот на детето - родителот, е према мене грешен фокус. Пошто детето можи да биди насилник- агресор или соучесник, активен или пасивен. Активен кој оди рака под рака со насилникот, поќе како врснички притисок, а пасивните се тие шо не прат ништо, во случајов шо снимале. И тие се соучесници. Зато е важно со кој се дружи детето. Дали има некакви поплаки против друштвото на детето. Ако има поплаки за насилство, шансите се дека другарите му се enablers и дозволуваат то да се случи дали од страв или оти мислат дека е кул, за жал. И ве молам, ако детето ви е жртва на булинг, држете се цврсто до него и не попуштајте в о о п ш т о и одете до крај да истерате правда. Најлесно е да се префрла жртвата од клас во клас, каде нема да можи одма да се поклопи и ќе се повлечи и пак можи ( и најверојатно ќе е ) да е жртва на булинг ради та несигурност и ниска самодоверба. Веднаш терапевт. Веднаш реагирање кај директор, наставник, да се земат сите потребни мерки против вршителот на булинг и да почни да се работи со него. Еве и таа вест: 5) Насилство меѓу 12 годишни девојки во Велес Се осеќам како вестите денес, или поќе како емисија. Дојдов. Ова се темите за денес, ова мислам за нив. Извајв се шо ме мачеше. То е то. Останете ми поздравени и безбедни. Чувајте се. Денес за вас, Демон.
Ете сево ова горе наведено е класичен пример на манипулативна загриженост,не исклучувам можност и да не е манипулативна,само ако се работи за неинформираност или во краен случај социоопштествено слепило,негледање,непознавање и не препознавање на текот на нештата. Сосема е во ред загриженоста за растечкиот тренд на насилство и педофилија кај нас и во светот,но се побива себеси во делот каде што кажува: Не треба мешање во дворот во ЛГБТ заедницата но е во ред да се замеша во брак на пар со голема разлика во години,веднаш тука имаме осуди и нетолерантност.За мене лично и двете работи не се во ред.ЛГБТ е само почеток на еден процес во моментов е ЛГБТЏ и ова тука нема да заврши напротив сега се во процес на вклучување во оваа низа во овој ген на неморал и обезличување на човечкиот род и лица кои бараат права и слободи да се венчаат со својот домашен љубимец и да право да си посвојат дете човек но и куче а зашто да не,во нивниот двор никој нема да смее да се меша.Да не зборувам понатака права за педофили,права за садисти мазохисти,обезличени луге во состојби на куче и слично,дури и посакувано убиство од фетиш нема да биде крај на сево ова се до крајно обезличување и губење на смислата на постоењето на човечкиот род и самоуништување.Многу е манипулативно и лицемерно што овој процес ни го сервираат со негативни примери,кој секако се за крајна осуда вклучително и овој процес.
Пар кај шо едниот е дете и не можи да дај согласност е едната инстанца опишана, да. Некој и 10+ години да е разлика ако се 18+ никому ништо. Така си одлучиле, големи се. Знат најдобро за себе. Пар кај шо има два возрасни, макар од ист пол, можат да дат согласност. И така то е ок. Ова се ситуациите кои ги опишав. Специфични. Значи не, не е осудата за голема разлика во години, туку предаторство од грумерот и акт на педофилија шо потака ти укажваш дека се плашиш дека ќе се нормализира. Биди смирен, нема да се случи. Впрочем секој против педофилија треба да стави прст на чело на сторијата со малолетничката бременост. И то е основата на цело пишано. Секоја индивидуа да можи да носи одлуки за себе и во процесот да не повреди друг. А вие презагрижените дека возрасни, со дозвола се ебат меѓусебе, не, нема да е ок педофилија. Ни зоофилија. Ни некрофилија. Зошто еден од "партнерите" не е способен да дај дозвола: дете, животно, мртовец. И штом едната страна не дава дозвола - не е во ред. За фетиши ( мазохисам, садизам) нема да коментирам оти не ги ни спомнав првично. Предолго ќе биди. Само не извртвај шо пишам да не мора да пишам дополнително и ок сме. Како сега де.
Да не се повторувам сите твои примери од моја страна целосно ги осудувам,и тука нема дилеми,но исто така го осудувам и она кое ти посака да го представиш како позитивно во споредба со овие грозоморни примери,и двете нешта за мене се исти неприфатливи и за осуда.
Ништо не извртувам ти самата се отвараш и кажуваш се и секако ги познаваш работите значи не се работи за незнаење. Позз А
За нешто да е громорозно и за осуда треба да има жртва. Нема. Има само луѓе на кои не му се допаѓа. И океј е да има такви луѓе. Не е интересно да сме сите исти. И зато просекот определва шо е норма. Ама во живот подобар водич сум немала од ова: Ама сите имаме башка водичи мех. Пак ќе речам, коментирам за делот сексуалност. Воопшто не за фетиши оти е долга тема и мака ми е да куцам од телефон. Не ја спомнав првично, нема да спомнам и сега. Можи сме согласни, можи не. Којзнае.
Ова е извртвањето шо го спомнав. Мојот коментар не е осуда кон пар со голема разлика години. Впрочем не можи помалку гајле да ми е за пар со голема разлика во години ако си се уредно во ист свет ( 18+). Мојот коментар е осуда кон предаторот шо злоупотреби малолетник. И ако ти ја користиш цитираната реченица, извртваш цели два или три пасуси шо сум напишала против предатори, педофили и грумери.
Овие предатори утре ке се прикличат во низата ЛГБТП и исто така ке бараат права и да ја разбереме нивната болест,но тогаш да не биде веке касно.
Не. Пробват да се пикнат под чадорче ама ради добро објаснетата причина не успеваат да се пробијат и нема да се пробијат. И ова го објаснав. Idk. Читај. Нема смисла да се бркаме за грешно разбрани и недочитани работи.
Ми го голицкаат инаетот луѓе што се курчат кога се осеќаат фатени во тесно, а не сакаат нормално да се понашаат. Ама се воздржувам да не ги реметам затоа што греотка се. Океј е, егото ги тера да се накострешат, јасно ми е, ич не ми смета, нека си тераат си така. Еве ќе се направам уште еднаш паметна со една од моите омилени филозофии: изгладни го егото, нахрани ја душата.
Океј ми е секој да сака кого сака, ако не прави злосторство(било кој вид) и океј е да се кажат поими на тв, да знаат деца дека постои и нешто "различно". Само од друга страна секоја невладина, движења за човекови права и слобода ми е сомничава, многу пати се покажало дека не се искрени во своите цели и најчесто манипулира со група луѓе за лични интереси, пари, работни позиции и сл. И друго да си кажам, значи колава ми го има спасено времето како никој друг
Со една личност имам нерасчистени односи. Овој пат јас згрешив повторно што на шала му пишав нешто, а тој го зеде 'здраво за готово'. Емотивна бев и ете пак згрешив. Уште да му пишев дека сериозно ми треба некој за муабет, 100 % ќе го добиев истиот одговор за очајноста на мојата личност. И така, за мојот пост при честитањето на неговиот роденден, добив еден лајк, а сите останати добија срце. Ја сфатив пораката. Само не ми е јасно зошто при секоја средба црвенее, а последно ме гушна толку силно,толку беше весел. Требаше да одеме заедно во лифт, не сум сигурна дали избегна средба лице в лице на 10 секунди или стварно требаше да оди до маркет. Кога ми беше најтешко. Кога барав некој за муабет добив ' толку си очајна, јас не можам да ти, помогнам' и ме остави сама на сред улица. Ова се моите 5 мин. Поздрав батко. П. С. Најдобро е што секоја година јас сум последната што му честитала роденден. Нека ти стои. На. Сакам да дадам апел, секогаш проверувајте ги оние што ви велат дека им треба помош. Анксиозноста и депресијата не се зафрканција.
https://www.strana.mk/article/previ...W59N_Etn0IBSbRY7gsZHKRonWdtjIsS5TmQPwjUvA0gtI Ќе ме обвините за насилство ама на овој би му го начукала од позади и со тоа рачка од метла, на сила. Додека не осети болка. Психопат недоделкан. Бесилка за тебе.
Замисли системот секојдневно толку да те изневерува што се радуваш кога државните служби си ја вршат работата и приведуваат педофили и сето ова со денови да е ударна вест низ целата држава. Среќа ние не мора да замислиме.