Станав во 3 сабајле да пишувам семинарска зошто неможам да спијам иако рокот е до крајот на мај. I guess that one way to start the month.
Мажот ми беше две недели во САД, службено... и истото ми го кажуваше. Дека секој, секаде може да те зазборува. Му љубоморам. Колку би било интересно да зборуваш со некој кој живее апсолутно различен живот од твојот, макар и на пет минути Во Париз кога бевме сите на разминување те поздравуваат. На пример, седевме пред зграда со багажот и чекавме маж ми да го најде точниот стан каде што сме сместени (преку ЕрБиЕндБи), сите што не одминаа не поздравија со добар ден. И ако се обраќаш некому, било каде.. па и на продавач во продавница, почнуваш со: Добар де/Добро вечер/ Добро утро.
I felt that Ова е фино ако си таков човек да сакаш да си збориш со луѓе и тоа е ок, ништо против. Само од моја перпесктива повеќе ми е мачење, поприлично сум затворена и интровертна и ми смета кога на улица некој би ми почнал рандом муабет. Ама ви ја сфаќам поентата тебе и на @ForeverYoung, сите околу мене се поекстровертни од мене така да сосема ве разбирам на што мислите. Сакам да кажам тоа што вас ви годи, мене ми изгледа страшно
Добро сега... нема да дрдориш ако некој очигледно не е заинтересиран. И јас некогаш не сум расположена за муабет... иако сум брбалица по природа. Не го земам за лошо.
Сакам сонце, ми влијае позитивно на раположението.. ама не е здраво ова припеквањето. А шуба си беше планетата... немаше дупки во озонот и високи индекси на УВ зрачење
Па затоа реков дека треба да се процени ситуација. Ако на другиот не му се зборува тоа е очигледно, и нема што некој непознат да те масира И јас не сум расположена во секое време и за секакви муабети. Интровертна сум и јас ама интересно ми е да зборам со нови луѓе, особено кога патувам ептен сакам да запознавам нови луге, посебно локалци, колку инспиративни приказни сум слушнала од рандом луѓе. Сосема нормално ако ти не си таков тип, ама ако некој непознат ти прозбори можеш само учтиво да му одговориш и тој/таа треба да сфати дека ако не продолжуваш конверзација не ти е до муабет. Ама нема зошто да се осека тој другиот непријатно, дека е нападен итн. Еве јас само што го пишав претходниот пост одма добив пораки дали сум сакала да чатувам со непознати што го потврдува тоа дека има стигма кај нас, и сум погрешно сфатена.
Езеро Треска. 1978 година со самопридонес, а своите златни години ги имало во текот на 1980-те и 1990-те, кога илјадници граѓани, особено во летните месеци го користеле за бегство од градските метежи и летните жештини. Езерото денес е запустено освен депонија и Езеро без вода не остана ништо друго. На истото место се најавува дека ќе се градат Викенд куќи,и хотели Но не и обнова на истото како што некогаш си било. Од 5та минута на видеото прикажано за Езерото.. Сега се да се уништело ццц
Не сум ич по јадењето, апептитот ми е нула, ама во последно време имам огромна желба за пиперки. Вчера се утепав од плачење (хормоните се криви) зашто ми се јадеа во секаква форма, и пржени, и печени, и пинџур, и во салата, а дома нема (имало). Денес му кажав на татко ми, зема цела бавча ја посади со пиперки и ми купи едно ќесе пиперки да се изнајадам. Е сега има цело лето само тоа да јадам.
Сега откако сите нишки се прекинати, останува само да си простам. За времето, бесот, фрустрациите, изборите и најбитното, одлуката да те сакам и да ти верувам.