Еден муабет. Луѓе, после вкусен ручек, следува благо и попладневна дремка. А, не да му праиш атер на сите, да излегуваш по нивни план. Еднаш атер и толку од мене. Аривидерчи
Прифати одете на кафе ти, она и нејзината пријателка и потоа кажи и дека има многу привлечна пријателка, ќе видиш како друг пат нема ни да ти спомне за нејзините пријателки.
Ако има нешто што не ти се допаѓа или ти пречи кај другарка ѝ,кажи ѝ го тоа(ако не си ѝ кажал веќе). Замоли ја да не ѝ пренесува. Поразговарај.Не си должен да трпиш некоја затоа што ѝ е другарка.
Мислев јас дека ти е девојка и баш се зачудив зошто девојката на средба со момчето ја поканува и пријателката.
Нема,ама ако дечкото сака насамо да разговара со девојката,тогаш девојката не треба да ја вика другарката. Па,и за другари исто.Ако сакаш да идеш на кафе само со А,тогаш А не треба да ја вика Б.Треба убаво да те праша.
Ја викнала од страв да не и се удвараш, да не си умислуваш дека сте на дејт Затоа влечевме другарки со нас, заради дечковци со кои сакавме да сме само пријатели.
Црешке,во ваков случај треба убаво да се праша,а не да се предложи.Само неа ја викал.Да сакал да дојде со другата,ќе ѝ речел и двете да дојдат.
Ми е страв да ти реплицирам. Ама, секогаш глава ме боли кога нема да напишам нешто, и оп гледам ти си го напишала. Ми олеснува. Фала.
Јас со другарка и не комуницирам веќе неколку месеци а ова јас го сфатив како ултиматум дека ако сакаш да излезеш со мене мораш и со неа зашто ние сме другарки и не се делиме и идеме во пакет. Затоа пишав во првиот пост дека ако сум сакал ќе сум ја викнел неа на кафе.
И кафе да не се разбере као дејт пошто секад на тоа асоцира ама ни двајцата не пиеме алкохол па мора некако да се поканиме