Колку и да сме се скарале, колку и да сум била лута на тебе, сепак ти си моја мајка. Те сакам ! Среќен роденден!
Додека бев помала уствари кога почнав да излегувам ,излегуваа и мама и тато со нивните другари ... Многу пати се случуваше да се сретнеме на иста свирка или во некој исти кафич ... се срамев и се криев не дека правев нешто али еве несакав да ме гледаат другарките дека сум излезена со мама и тато на исто место ... некако ми беше понижение вечерта ми се расипуваше ... Како почнав да созревам и да размислувам тоа почна повеќе да ми годи Си се смешкавме заедно, пред излегување тато секогаш велеше :каде ќе одиш вечерва да знаеме да не се сретнеме Со тек на време излегувањето ми стана монотоно,се заљубив имам озбилна врска и оние детските работи веќе ми се поминати,не ми е интересно да одам и да се глупирам да ме гледаат сите наоколу ,барем денешниве деца на 16-17 години така се однесуваат. Сега е многу поубаво на некое убаво местенце да си седнеш и да муабетиш,не велам дека дискотеките не ги сакам но мирната атмосвера повеќе ми одговара Пред 2 години почнав да ги молам моите да излегуваме заедно да одиме да се забавуваме јас мама тато сестра ми ....абе убавини Летото на некое убаво местенце седнати заедно -поубаво здравје Вечерва си се почуствував многу убаво по повод нивната годишнина излеговме на вечера Јас мамичка тато и сестра ми , веќе не се срамам да зборам со нив отворено,не се осеќам незгодно ако се напијам винце пред нив , осеќам блискост и сигурност,среќа и љубов , нема ништо поубаво кога гледаш задоволни насмевки на луѓето што ги сакаш Немаат крај нивните приказни, приказни ама вистински обожавам да го слушам тато кога раскажува за нивната младост ... ах колку им било убаво си мислам секогаш,душите им биле чисти и исполнети со љубов и среќа
http://www.dailymail.co.uk/news/article ... lions.html http://www.huffingtonpost.co.uk/megan-s ... 81562.html Светот во свилени ракавици. Мамето ваше свирепо. Ние тука сме биле нецивилизирани неандерталци? Пффф!!! Патем до толку сме гомца, што чисто се сомневам дека целото население е запознаено со тоа што денес Ѓорѓе држел говор на Ломоносов за круцијално прашање кое може ќе ни реши многу дилеми. Само зошто сме погани саможивци и само затоа што човекот беше маргинализиран по диригирање на великиот Грујо никогаш не ја доби заслужената почит.
Зошто ли се уште постојат оние луѓенца кои што мислат дека е во ред да се прди, ждрига и да се исфрлуваат шлајмови во друштво? Абе јас сфаќам дека е природна појава и факт е дека сите го правиме тоа и притоа не мириса на лаванда, ама никој не е должен да се опива од вашите прдежи и да морам да бидам сведок на сочно собирање на шлајм и плукање на истата. Ми се одјаде, ми се отпи, ми се одмили животот. Па уште кога ќе ми каже дека тоа нормално го прави кога ќе и дојде освен пред ептен непознати личности, ама пример пред дечко и нема гајле, само и упатувам еден ваков поглед и културно и кажувам дека е најгрдото нешто кое што една девојка која треба да е дама може да го направи. Јас сфаќам и близина и се ама НЕКУЛТУРНО Е, и да ви е изговор дека станува збор за блискост сепак не држи вода, и верувајте ми колку и да ви се смеат дечковците и другарките и да ви викаат дека е слатко, не, сосема спротивно е, на никој не му е пријатно кога си ги пуштате миризливите издувни вентили пред нив.
Слушнав нешто ама не можам да им поверувам на ушиве. Не е возможно Иако е добра вест во однос на целото патешествие, сепак доаѓа доцна, барем така мислам. Џабе везеш сестро, кога требаше ти не везеше, сега гоблените излегоа од мода. Камо среќа ова да се случеше многу порано, барем две години наназад, можеа да се променат многу работи и јас ќе пишував овде со повеќе оптимизам. Останува да видиме што ќе се случува понатаму, во овој момент не можам ни да си претпоставам за можниот исход, не можам дури ниту варијанти да предложам. И јас мразам кога некој ќе напише вакво мислење, како моево сега, да не можеш ништо конкретно да заклучиш од него ама не би откривала повеќе за да не си бидам сама на себе малер. Можеби, доколку се случи нешто убаво, ќе споделам барем во скратена верзија ако не во детаљи. Нека утрото ви биде убаво и пријатно како пролетното сонце сред зима, а кое се очекува денес.
Знам дека некаде постои живот само за мене.Некаде ,каде патот води во шумата и до реката,со стебла од багреми покрај патот. Некаде каде што ќе имам свој послужавник со плетено миље,некаде каде собите за гости секогаш ќе мирисаат на чиста постелнина,на ладнична летна зора,заклучена тука пред да изгрее сонцето. Некогаш живеев во таква куќа,би сакала да го вратам тој живот,кога ме успиваше тишината,а ме будеше петелот.Шепотот на стариот шпорет на дрва ,завесите на прозорците какви сега нема да најдеш,тапети на ѕидовите какви нема да видиш никогаш повеќе.Сега сме нели модерни. Сакам живот,каде што нема да ме буди гласот на оџата,каде ќе сретнувам луѓе со топло срце и широка насмевка,каде што ќе си готвам секој ден без да ги пребројувам парите за тоа што е неопходно а што не.Живот каде ќе се осети почитта на младите кон старите ,каде нема да сретнувам лица кои те стрелаат со поглед. Ќе полудам,и така полудена ми доаѓа да одам од човек до човек и да му цртам насмевка на лицето,да им го отстранам туѓиот сјај во очите да ги прашам нели е полесно да бидеш добар отколку лош и злобен. И за промена би ги поканила сите во мојата жолта куќичка,со дрвена капија,и со бели каменчиња околу розите,на терасата на која би ги поминала сите пролетни ,летни и есенски денови од мојот живот. Знам дека е невозможна мисија,но никој не ми брани да сонувам.
Ја пушам мојата прва цигара утрово. Се фатив себеси како гледам во една точка и размислувам. Дури несвесно сум запалила уште една цигара. Доказ на тоа е дека некои работи всушност ти се случуваат пред очи,а ти тоа не го приметуваш. Така е и со луѓето,ти прават работи но ти тоа подоцна го приметуваш,кога веќе е доцна... Зошто се луѓето злобни? Каква корист имаат од тоа? Размислуваш но неможеш да го најдеш одговорот.. Ти се вртат прашалници во глава,како да постапиш понатака? Како да постапиш а да не бидеш како нив,како да им вратиш со добро,а не на нивниот начин со лошо... како? Сонцето ми го грее лицето,тишината во населбата те смирува,птиците црцорат. Доаѓа пролетта,тоа се чувствува и во воздухот бидејќи поинаку мириса. Но се чувствува и злоба,од луѓето кои што те опкружуваат. Дали е ова праведно се што се случува? И повторно си размислуваш,се враќаш на почетокот. Се прашуваш себеси кога ќе дојде тој проклет ден кога ќе бидеш среќен,кога луѓето ќе сватат дека малите работи ја носат среќата,а не големите.. И кога ќе сватат дека ние не се сопнуваме од планини,туку од мали камчиња.. Кога ќе сватат луѓето дека како постапуваат во животот така и ќе им се врати? Животот е огледало,ако му се насмевнеш и одразот ќе ти се насмевне тебе. Имајте пријатен ден девојки,и правете добри дела!
Мирисот на багрем!!! Одамна немав нурнато во тој мирис. Нов чај од La Soy, со агруми, бадем и багрем. И те враќа наназад, во некоја удобна поза, како дете кога ќе залегне во некоја полјана и брои ѕвезди... Човек не знае што се’ има, во сопственото детство. Се надевам, само убавини. Alela Diane би ја пеела во зачаден бар некаде низ Централна Америка. Со чизма и македонска облина. Периодов имаме неколку невести на работа. Неодушевено се оградувам од сите пропратени теми за китенки, штикли, старосватици и ресторани. Мило ми е, но не можам да одржам капацитет. Едноставно, не сум тој тип, иако ќе фаќам ора и терци. Шта се мора није тешко. Со него сме како гулаби заробени меѓу две неба. Март е некако најдалеку до сега. Во меѓувреме, соништата ми раскажуваат опасна зона. Црвена, на работ од Пеколот. Се надевам, пак, само убавини. Вторников е совршен за аскетизам, за јаболко, за прибирање на сите книги од околни невраќачи, за рефокусирање, што би рекол Зоки и потврдување на Музата. Она што сум јас, без да бидам опасна по живот. ПМС, здраво, како си? Чија глава да скинеме денес И онакви снопови чад од уши. Смешка. Сакав да кажам само, бидете со ширум отворени дланки кон светот. Калвино, вели дека секој треба да си го пронајде својот куфер од соништата. Само, дали ќе го отвараш или носиш како тежина, тоа зависи од твојот ков. Мојот е празен и чека повторно патување, до Него. Којзнае што не’ чека утре. http://www.youtube.com/watch?v=THIMp5_Q8GI
http://www.sitel.com.mk/mk/foto-vo-zool ... t-lavovite Ало злобници едни бе! Невино животно да убивате бе ало! Вас вака да ве убијат и да ве фрлат на лавовите бе ѓубриња едни! На друго место можеле дом да му обезбедат,гадови едни,во пеколот да горите!!
Морам да ти реплицирам. За некој што нели тврди дека се разбира од музика, греота е да не можеш да распознаеш кој ја пее песната. Особено дали е Френк или некој друг. И секако, дури и насловот ти е грешен. https://www.youtube.com/watch?v=LcJm1pOswfM
Преубав ден пред мене.Сега планирам дали да отидам на кеј или во Скопје по трговскиот.Надвор сонце..многу сум расположена.За жал го видов оној коњ се шишал...ама не успеа да ме онерасположи. Имајте преубав ден и излезете малку времето е преубавоо
сдк... Вчера денот беше прекрасен и го поминав со љубениот мој ,преубаво си поминавме . Денес е повторно прекрасно,сонцето е преубаво ми дава енергија,среќаа,ах ... .Сега ќе излезам на прошетка,кафе со другарка,па и ќе се видам со мојот сакан можеби.Ќе го искористам цел ден,излезете и вие искористете го,шетајте,забавувајте се и топлете се од сонценцето. Јас отидов да уживам. Пријатен,прекрасен ден имајте среќички
...Овој кажал вака,друг помислил така,тие имале едно мислење за мене ,па откако ме запознале добиле друго ... Оставете ги мислењата на другите настрана секој има право на свое мислење,нека секој зборува што сака сепак тоа е негово лично право а тоа дали јас ќе прифатам и како ќе прифатам тоа го знам само јас. Да има зборови кои се потешки од дела кои не се забораваат колку и време да поминало, но тоа нека остане во нас зошто мојот бес и болка да ги искажувам пред другите ? Како ќе ми помогнат ? Неможат никако ! Кажаниот збор не се враќа па колку и да боли колку и некој да се труди да го избрише тоа е дел од нас, останува врежан во нашите мисли .Велат минато е остави го ќе се заборави ,но не таквите зборови и муабети не се заборават,болат и можеби се тешки но со тек на времето тие секогаш се навраќаат во нашите мисли секако со помалку болка но сепак се во нас ... Да не дозволиме другите да не повредуваат со нивното мислење едноставно испочитувајте ги и тоа е се ''Никогаш ништо не сваќајте лично,без разлика кој какво мислење има за тебе ,и тоа да е лошо или добро ...тоа е само нивна мисла, но не и твоја вистина.'' Ви посакувам убав ден на сите
О, убила ме интуиција, ме сомелува нонстоп, прав шпион е, ни ЦИА,ФБИ, Интерпол не можат со неа, ги надминува, можат вода да и носат за шпиунажа И после, ќе ми речет некој од кај знам некои работи, е од дека де :geek: Не знам како им е интересно на луѓево да бегаат од одговорност, кога ќе се најдат во тесно, паника ги фаќат...После криви се Обама, жена му, тодос...и патем нели секакви се, само не луѓе.
А кога на уште десетина принцези ќе им го скршиш срцето и кога ќе те напуштат, тогаш ќе сфатиш дека без кралицата си еден обичен скитник.
Денес професорот по хор ми рече дека за следните четири години нетреба да се грижи, се насмевнав и ја погледнав “принцезата“ право во очи што седеше неколку столчиња од мене. Таа “прекрасна“ фаца никогаш нема да ја заборавам, а ќе се погрижам и понатаму да ја гледам! Во се, никој не е добар.. Секој има свој талент
Најпрво-Не тврдам дека се разбирам од музика,никогаш не сум го рекла тоа. Можеби се разбирам до некаде,но во видот на музика кој јас го сакам. Знам дека песната се вика Can't take my eyes off of you и знам дека не е од Синатра,но линкот е намерно ставен како I love you babу од Синатра затоа што повеќето ја препознаваат песната така,а тоа ми беше целта.