A кој рече дека се шегувам за крстена вода ма Бриџит, јас сериозно си го мислам тоа за бизнисот. Сакам да профитирам, немам намера да работам за џабе, зашто „џабе нема ни код бабе“. Ооо, јас пак ја искористив фразата, а ти не ја разбираш.А гледам дека поговорката не е единственото нешто што не си го разбрала од она што сакав да го кажам, па така, ќе се поштедам себе си од објаснување, бидејќи и онака ти ќе го читаш и ќе го сфаќаш напишаното онака како на тебе што ти чини, па да не губам време без причина. Светици да, изигравате, посебно кога ќе треба да се вадат од контекст нечии постови. Не се фаќате за суштината, туку за ситниците за да развиете непродуктивна дискусија. Ако се пожалила дека има напорен работен ден, одма генерализирање и стреотипизирање дека некој е фрустриран. Само не знам кој е поисфрустриран овдека. А редактираш, а? Е тоа не ми се свиѓа.
^ Јас прва не спомнав фрустрации. Отпосле имаше оправдувања како мала плата, лоши странки, работа која не е нејзина туку на колешка (и да е така таа прави услуга на колешка самоволно, не на странката), па еве и од твоја страна споредба со пумпаши без школо. И кажи ми кој збори тука за фрустрации? Те разбирам добро, што има да не се разбере во твојот пост? А оваа демек надменост да не губам време не можеш да ме разбереш оти многу сложена сум, те молам, тие финти со мали деца. Со редакцијата не напишав ништо што ќе ја измени смислата на мојот пост, не се плаши.
Бриџит дарлинг,надменоста ти ми ја наметна. Редактирњето не ме плаши воопшто, само кажав дека не ми се допаѓа. И можеме да се препукуваме до 101 и назад, пак ти ќе се држиш до своето, јас до моето и нема да има крај. За мене дискусијата на оваа тема завршува тука, а бидејќи имам впечаток дека сакаш да бидеш последна, пиши што сакаш, твое право, па и редактирај колку сакаш, повторно твое право, јас отидов на хавајските острови мадам, чао! http://www.youtube.com/watch?v=Brd2Ef8spW8
Геа ако Ангел се почитува себе си, пред се нема да дозволи да работи на такво место, затоа што никогаш нема да го искористи својот капацитет, потенцијал и пред се цел. Јас сум убедена дека она освен за платата, не знае која и е крајната цел на нејзиното работење таму и сигурно ја фаќа паника од помислата дека треба да го работи тоа многу долго време и не може да најде мотивација и стимул, па затоа се вади од шини од нервози. Мала дигресија, не се согласувам со догматски наметнатите размислувања - плата правопропорционална на образование. Прво затоа што образованието не е одраз на интелигенција, второ може да не се заврши заради животни непогоди, трето, креативноста е нешто што на факултет не се стекнува. 300 евра зимаат во просек сите во таквите институции кои се пренатрупани со вработени. Ако им се покачат платите тоа ќе се одрази на граѓанинот кој и онака очајно тоне во сиромашна класа. А тоа не е добро за сите нас. Ок е да си се почитуваш себе си се додека не и штетиш на околината, а во овој случај и штетиш. Повисоки плати во администрација е надвор од разумот, ќе ја однесе во колапс и онака кревката економија. Секое почитување на себе си кое ја понижува и загрозува околината секогаш завршува со неуспех, да сме на чисто. Особено ако размислуваме сите вака во услови каде што речиси сите завршуваат високо образование, подгответе се да се изедеме едни со други, до душа и веќе се јадеме од себичност и несвесност кои сме навистина. И не зборувам за Ангел, општо земено, да бидеме реални, сите знаеме какви се не луѓе работат во институциине... Затоа е неспоредливо со работникот на бензинска кој е непотребно деградиран, а можеби и високо образован, но заради условите прифатил таква работа. Исто, немал друга цел, сакал пари,имал семејство за издржување, останал без работа, па на топло, на ладно, празник-делник, под постојан ризик од хаварии и пред се ризик да развие хронична леукемија работи. Плус, приватна профитабилна фирма која си плаќа данок за да Ангел земе плата... греота е да се зборува така, нека му се алал парите, тој е за жалење. Ама опис и попис, ризици и фактори, без оглед на образование викаат 500 евра, молим лепо... Епа така е со платите во администрација, плус превработеноста во истата ги намалува уште толку. Ангел ако сака со таа професија може да направи многу. Не се согласувам дека Македонија е, па ова, па она... Креативна и добро платена професија е, периодов видов најмалку 30 огласи за архитекти со плати над 500 евра, плус секогаш имаш алтернативи за приватно да отвориш свое биро. Ма разно-разни алтернативи. Е тогаш може да се деси да зима и 2000 евра плата, ама нема да го има удопството на слободно време. Да не беше претрома администрацијава, ќе разберев, до тогаш, не ги жалам,ни за плати, ни за работа. Од причина што самите избрале и ги има премногу. И затоа што ако знаеле дека ќе работат со клиенти кои често пати знаат да бидат и невоспитани, требало да си признаат сами на себе дека не се вешти во тоа и дека немаат комуникациски вештини за да излезат на крај, па не може сите за се да не бива, така? Туку работава е како да се натуткам да земам плата, па после да се жалам од се нешто. Генералниот проблем во Македонија е тој, никој не работи по своите реални способности и никој не работи со цел или целта им се само парите за кои се жалат како им се малку, како се високо образовани. Се ежам од кованицава - РАБОТА ПО СТРУКА. А како ја избра твојата струка? Па мајка ми тоа работеше... Да се обеси човек. Ако работам и нешто ми мањка, ме троши ќе се запрашам што вештина ми недостига и што треба да променам. Па ако не отидам на курс за тоа, ќе отворам интернет и ќе научам нешто, ќе вежбам. На Ангел и недостигаат комуникациски вештини кои со факултетот секако не и дошле рака под рака, како и способност да ја изолира емоцијата од професионалноста. Си има техники кои се учат и треба да си ги научи, а не да ги напаѓа луѓето, системот и нестимулираноста од платата. Тоа пред се треба да го направи за себе,а потоа за работата, она се троши, а не градоначалникот. Кога работиш со клиенти секој ден, комуникациска вештина е а маст и е цела наука, не е сеедно како ќе го кажеш нештото. Сите знаеме да зборуваме, ретко кој знае да комуницира. Изгледа до 300 евра функцонира принцип - клати врата- зимај плата, од 500 нагоре сериозно се работи. И не, не е срамота да си признаеш дека за нешто те бива, за нешто не и дека ти недостига некоја вештина, се додека имаш желба да ја научиш. Е сега тоа е, некој сака да се обидува додека се откаже или додека да успее, некој не сака, некој сака сигурно, тогаш нема зошто и да се жали и да биде незадоволен.
Spoiler Исто и јас му се чудам на малово братучедче од кај има толкава сила. Има само 5 месеци, а ненормално скубе за коса и штипе. Да неможеш на раат да ја пуштиш косата Штипењето, ај божем му ги исековме ноктите, не бре човече, пак малку ќе те потштипне. Не знам само од кај го вади тој глас за да писка кога не му е нешто по ќејф Додуша, тртлево малку е енергично, некогаш знае место да не го фати, па мораш во раце да го држиш и да го шеташ. А за скокањето како зајче да не прајме муабет, душа негова така да прави Абе, како и да е, пак јас најмногу си го сакам на светов. Толку години го чекав, и искрено поубав не можеше да искочи. Лепотан на дада, нема што
Само да појаснам-за бензинска пумпа беше само споредба, ајде да кажам карикирав и свесна сум дека не само на бензинска, туку факултетски образовани, интелигентни и креативни луѓе и такси возат, бидејќи немаат поинаков избор. А конкретно за бензинската не генерализирав, туку кажав дека постојат и вработени таму што едвај имаат основно образование завршено. Конкретно реагирав заради констатацијата дека, ако некој сака повеќе за себе, е лаком.Оттука почна целата дискусија. Лилит, се согласувам со тебе, во најголем дел од она што го напиша. Реалната слика е таа, многумина од нас не ја работат работата од своите соништа, туку се приморани заради егзистенција да ја прифатат истата. Иако Ангел може и самостојно да отвори фирма со својата професија, можеби едноставно нема почетен капитал, нема подршка од сопругот и сл. и се укажува шанса за некоја „сигурица“ под државна капа, прифатила, жив човек е, не е грев да каже дека имала напорен ден, без да биде окарактеризирана како лакома, зашто смета дека е малку платена. Во мое време кога студирав, не можеше секој да се запише на факултет и секој да заврши на овој или оној начин. Така што тоа што сум го инвестирала во себе, би сакала подоцна да ми се исплати. И верувам дека секој си го посакува најдоброто за себе.
Се сфаќаме во секој случај. Епа тоа го забележувам во државава. Сите инвестираме во образование со цел професија, а многу малку инвестираат во личниот развој во смисла, каде се гледаат себе си и како да тргнат до тоа. Од дома ќе те научат по нешто, од искуство, ама како докажан пат никој. Претежно сме уљуљкани во замислата епа факултет и нешто да се работи и тоа за многу пари, а зошто го правам ова, што ќе ми донесе ова, која сум јас со ова, што правам за другиве со ова, ретко се поставуваат како прашања затоа што стварно исфлраат од зона на конфорот. А зона на конфорот не ни е природна состојба, но развојот на општеството го донесе и тоа, и се поинтертни и интертни стануваме... Точно, секој го сака најдоброто за себе, ама суштината е што секогаш се мора да биде во баланс и тука грешиме. Добро за мене, добро за сите е крајната формула за да ти испадне стварно најдоброто посакувано за тебе. Не знам кое било тоа време, знам дека некогаш и било бесплатно, па не се запишувале сите. А сега кај е сиромаштија, технички поневозможно треба да биде,ама па и сите успеваат да се запишат на факултет со цел подобро да заработуваат... ах д ајрони. И искрено да ви кажам, сто пати повеќе можам да заработувам со своето хоби, отколку со двете дипломи. Во еден дел од мене тоа тлее и нема да се изненадам од себе си ако еден ден прерасне во моја професија која навистина ќе ја работам со многу љубов. Заработувачката ми е неспоредливо поголема така ако целосно би се посветила...ама уште се движам по некој утапкан пат како сите нормални нели, да не се правам ненормална...ќе речат учела школо, а занает тера. А ем повеќе љубов имам, ем повеќе заработувачка, ем не чувствувам бре дека правам нешто што ме фрла во дилема дали грешам или не, толку многу ме исполнува, смирува и резултатот ми прави да си полетам,а и среќните лица потоа... а верувам дека има многу такви како мене кои се плашат да тргнат по тој пат и прават и работат нешто дури и ако не ги бива, мислејќи дека ги бива, едноставно не се пронаоѓаат вистински во професијата и нема љубов во сето тоа. Не дека и другото не го сакам, го сакам, затоа што има друго што ме предизвикува,ама сепак чувствувам и нешто друго во сето тоа што ме тера.
Кога сме кај парфемите, на мене ми е најмногу мака кога разгледувам каталог на Орифлејм онлајн и не можам да си протријам со дланката.
Не бива готвење, помагање или врткање околу некој што готви благо, без да лижнеш од филот на маталките на миксерот... Никогаш не можеш да бидеш доволно возрасен за да не уживаш во тоа. Прајслес.
Вообичаено најнеспособните знаат како некој друг треба да си ја работи својата работа. Бидејќи ако имаат своја работа, нема да се грижат толку за туѓата. А своја немаат, оти се едноставно, неспособни. НВМ. Идиоти кои мислат дека ке направат нешто на некого толку лошо, а со тоа нема ни да заграбат барем за себе, ако себичоста е некаква оправданост, не можам да сфатам. А и не е мое да сфаќам, мое е да живеам.
Агри Ама ајде тоа, а да се утепаш барајќи парфем, еднаш го знаеш какво беше шишенцето, еднаш мирисаш нешто, толку те потсеќа на некој парфем, и пак само ти удира во глава, а никако да ти текне
Чувството кога се смеете од шестка до шестка кога ќе му го слушнеш гласот Дечки мислам дека ќе се заљубам, ехеј
Сезоната на гости што најавени што ненајавени кај мене започнува на почетокот на август и трае две до три недели... Затоа што се гурбетчии. Додека се собереме кој до каде сме. Лудница што да ви кажам, ги обожавам. Минатата година толку не имаше што домаќинкава си ја зеде перницата и мојов за рака па си спуштивме седишта во кола и броевме sвезди на небото.Абе невидена романтика Тогаш ти текнува дека постојат други планети, дека таа е голема и мала мечка. Па уште ако имаш среќа да падне некоја sвезда можеш да си замислиш и желба. Не се пожалиле од моето гостопримство а не се жалам ни јас од нив, затоа што истото и многу повеќе би го направиле за мене кога сум на нивна територија ... Две фамилии се најавија дека вечрва тргнаа, некаде по 30 часа вожња со Бог напред тука се Како што не има од сите генерации, ќе биде весело, лудо, незаборавно
Леле стварно немало гости во Охрид .... може да се примети бидејќи никој не се тагнува или пак постира на фацебук слики од Охридска плажа и остало