Не кажувај така. Нели се договоривме честерфилд да влечеме во парк? Со кого ќе го правам тоа ако не со тебе?
Од рубриката ,, погрешно читаме,, сега темата Напуштени (канал 5) ја читам како Напушени. Тоа е се за денес веројатно
Никогаш пононшалантна не сум била со факултетов. Нека не вратат со физичко присуство, не се чувствуваме како студенти веќе..
И братучедка ми сега е средно 4та година еве завршуваат ама го нема тоа чуство. Нема трубачи последен ден, нема матура.. безвезе.
Не, не сум глупа, само семинарска од 10 илјади зборови што ни беше дадена во март ја одложував до денес, а рокот е до денес. Али да, во главно не сум глупа. Next question.........
И јас секогаш работите ги завршував во последен момент. Не, дефинитивно не сте глупи, само не сакате да го правите тоа и сте забушантка и прекрасна. Туку за следното прашање, може ли да се помогне некако?
Овие работи се искусуваат еднаш во животот.. ама тоа е. Најмногу ми е жал за матурантите, ептен изгубија.
Јас па би се менвала некој за мене да оди на матура. Памтам како една од најстресните вечери во животот мој од поќе аспекти ( МНОГУ гужва, МНОГУ гласно, атмосфера шо не ми одговара, притушно, како сите до мене да се и ми влегват во просторот, паника дека не сум до ѕид, цел град ме гледа како влегвам во факинг Епинал и ме сликат, накратко 90% од времето не дишев). Ама јас сум несоцијализирано гојдо, така да checks out. Сте пишеле на темата, а посекако ќе пишев. Вчера другарка става стори со другарот за матура сликани пред 5 години. Стомак ми се преврти оти јас постара од нив и мојата матура била пред 6 и се осетив ко бабетина. И после ми текна дека ја пропуштив 5 годишнината ради корона и одма подобро ми дојде. Како шо реков. Несоцијализирано гојдо. Или шо би рекла баба ми: „ти ко ќе си велиш ок е, ама друг ако ти речи не е ок?“
Мене убава ми беше матурата. Дека стопанско и 'многу учеа' сите, бевме 'наградени' со три дена во Десарет- Охрид. Не се знаеше кој пие, кој плаќа
Мене ми излезе во меморис 5 години поминале од матура, ама секако дека класот не се собира, ќе се соберат тие неколку души што си беа ко друштво. А и не ми фали искрено, со тек на време сите се загубија некако и немам контакт со никој оттогаш, дури ни со тие со кои се дружев. Пробував да одржувам контакт некои си 2 години по матурата ама не можи сосила нели.. Матурската вечер не ми беше ништо посебно, бидејќи беше ко свадба без зет и невеста. Literally едвај чекав да си појдам дома. Повеќе среќа следниот живот.