Исто. Се' би дала сега да почнував трета година средно и одново да ги проживувам сите дешавки, матурата и другарската посебно. Толку е досаден и стресен студентскиот живот и онака за грев беше па сеа и короната не доотепа. За греота мантурантите. И прослави, и екскурзии па и последните училишни часови, се' им е одземено.
Остај, па свирачи идат по тебе како одиш кон хотелот и свират во тебе и оти тие се таму сите те гледат тебе *паничен* Кога и да се сетам на ова јанза ме јади. Се сеќавам дома колку плачев оти неќев да одам, од др страна сите беа со "нАјУбА вЕчЕр Ќе Ти Е, оД сТрЕс ВаКа Ти Е, ќЕ вИдИш". Најуба вечер my ass.
1- Се' шо кажа @theowndemon, плус тоа дека ако има нешто позитивно во пандемијата е прескокнувањето на апсолвентската. Уште една свадба без невеста. 2- Животот е скапан!
“Кодошилница со би'ро“ - си го гледала Сомнително лице на Охридски театар (Со Џемо Биљбиљ)? Ако не си го гледала, да го гледаш! Мислам на Јутуб го има.
Хах најјаки ми се оние коментари “Таа само нешто прави,ваму онаму коментира”. Добро е,штом си толку очајна и разочарана од сопствениот живот та мојот го погледна,што сум ја правела. Тоа што јас го правам,ќерка ти никогаш нема да го направи. Ќе се задоволува со наградните игри од фб и од парите на маж ѝ. Ништо повеќе од тоа,нели егзистенција ви зависи од маж ѝ. Гледај си својата черга, не гледај во мојата многу поочајна ќе станеш.
Ич не ми беше матура нешто да бидам превозбудена или едвај да чекам да славам , највозбудливиот дел ми беше купувањето фустан и штикли (затоа што обожувам да си купувам работи ) другото онака беше цел клас лицемери , иако убаво си поминав ама после тоа бев ко никад да не ги видам . После се собираа пак као ама никогаш јас не отидов нормално не глумам лицемерство као нив , со цел клас се испокарав и ден денес да ги видам само со двајца тројца од цел клас здраво си викам на другите очи да не им видам не глумам јас лицемер као нив па на крај јас пак лошата . Само ми фали периодот околу матура пред матура кога немаше грижи и обврски со факултетот е многу поинаку и по стресно.
И мене ми беа поинтересни подготовките за матура, отколку самата матура. Иако не ми беше ништо посебно, што знам, еднаш се случуваат тие работи, убаво е како спомен. Бар мене. До душа цело средно ми е убаво како спомен, супер си поминав, ама сега и да имам шанса не би се вратила, факултетот и покрај сите стресови, некако ми е поинтересен. Поточно не ми е поинтересен, туку и средното и факсот ми се некако различен „тип на интересно“, и мило ми е што и двете ги доживеав (доживувам).
Што те мачи бе девојче што постојано пишуваш вакви постови? Депресивна си? Имаш некој проблем? Побарај помош. Не е крај на светот, што и да е
И кај мене исто, особено во последно време. Ама, се надевам нема вечно вака да биде, се си трпи промена.
Не можам да разберам возрасни луѓе што носат маички со Мини, Пајо паторот, Вини д Пу и остали ликови...
Не гледам поента да се стегаш во калап и да се ограничваш ако нешто ти се допаѓа, пример блуза со пајо. Ако сакаш да носиш, или пак ако неќиш, избор е. Ама ако си го ограничиш тој избор ради икс причини само оти општествено е прифатено изборот да е за деца, друг пол и сл., си прајш штета само себе. Денес ќе се ограничиш за едно нешто, утре за друго нешто.