Вистински маж е оној што е сигурен во неговата машкост. И да носи розево, и да носи тесни фармерки, и да е подсреден, и со ќерка му да си игра пак ќе биде маж!
Што се случува со facebook? Во текот на една недела ми стигнаа покани за пријателство повеќе од колку ми стигале во тек на една година. И тоа се од луѓе кој нит ги знам нит ги познавам и немам заеднички пријатели.
Ууу.. сте им го повредиле кревкото его. Ебати мажот што не верува во себе си и рендом селебритис ги доживува како 'закана'.
Неможам да ги сватам скржавите луѓе и крај, ситуација од пред малку ме тера да споделам и незнам дали уште да се смејам. Секој ден сме заедно и знам што личност е, ама пак дојде момент да ме изненади и насмее. Со маж ми сме скроз различни од нив. За јадење посебно па никогаш не штедиме, знам разбирам убаво е да се штеди, ама така да ти помине животот ете незнам. Се договарам со нејзиното дете. Оди јади лебче, па ќе одиш во продавница да купиш сладолед за сите нас, јас ќе ти дадам пари. Се качува и веќе го нема, дури пред време знаев дека нема да му даде да оди. Ок. Се враќаат од шетање, прво доаѓа и ми се жали детето. "Мама не дава да си купиме сладолед". Се насмевнувам пред неа и велам, ааа значи така, во ред. Таа вели ќе одиме до маркет, седете вие тука, таму да не ни сметате ќе купиме сладолед. Се враќаат и ми се јавува. Абе веќе е 9 часот, тебе ти се јаде сладолед или утре? Ако ти сега сакаш, па ке јадеме. Секако повлечена особа сум, а и некој така да ти рече ќе речеш епа ајде утре. А и плус децата едвај ги дочекааа, баш за сладоледот. Ги праќам децата дома и едното веднаш се враќа носи сладолед. Луѓе како прсте мал, најмалиот што постоел во маркет. За 3 секунди го снема, ужас не ни личеше на сладолед. Киселина веднаш ме фати. Сама се смеев и неможам да си поверувам. Инаку трудна сум, имам и алергија и 3 спонтани па повеќе сум дома и се пазам колку можам. Подобро оди си сам и си купи, наместо да си го мислиш, оф... Не е првпат, ама стварно се чудам ли чудам.
Излегуваш на прошетка, да избистриш мозок, да ги редуцираш мислите, кога тоа обавезно ќе наидеш на неколку души, па те подзастануваат и следува бомба од прашања за семејството, за изгледот, за комшиите, за времето, за короната, за политика, за случки кои никогаш не се десиле или пак не се сеќаваш, не верувам дека нешто посебно ги .... а може да биде толку едноставно и кратко ..... здравоо.
Комшиите ми се омилен феномен. Дојде дечко ми кај мене и: - едната, 10 минути седеше скриена зад ѕидот и прислушкуваше, а само гледавме каде да паркира. Секогаш иста приказна, ми е незгодно од гостите. Како некој аларм е, на движење одма се појавува. - другиот, застана демек да се поздрави и зркна во кесата, а само јадење ми носеше. По три дена ќе слушниш такви муабети и сценарија шо не можи ни на филм да ги видиш. Како еднаш не речат нешто позитивно, да пофалат, ама не, мора нешто нив да не им чини. И вака за сите ќе изнајдат нешто. Научив работи не по моја желба. 5 минути муабет со комшија = 10 дена рехабилитација од луѓе.
И мене доста ми стигнаа неделава. Добро е барем да не се трипам дека е до мене нешто, којзнае тој алоритам како функционира
Жива ненаспана сум. Ми дадоа многу денови по ред на работа, бел ден не сум видела. Толку ми е мачно,нозете ми отекуваат. Не можам значи,а имам уште 5 дена да изработам. Без осет се некогаш.
Место јас да научам да контролирам мачорот, мачорот научи да ме контролира мене. Научи дека не смеј да гиба мушамата шо е кај водата. Ја уништва ко ќе сака екстра порција храна. Мене звукот ме иритира и успева булингот и му турам храна. Поентата ми е, ко бишка ќе се напрај.
Ако некој нашол постојана работа во Македонија, нека се јави. Не се сметтаат, државна работа и информатичари во странски фирми. Избегавам луѓе шо ми работат на државно и ми попуваат да најдам ПОСТОЈАНА РАБОТА. Ми иде да фатам потаму Германија. Па, па.
Не знам дали има нешто поиритантно од тоа да ме разбуди некој/нешто од страна многу порано од планираното и после цел ден да сум ненаспана.Не можам да функционирам без нормален сон и крај.Им љубоморам на овие што ни топ не ги буди и можат во секој момент да презаспијат, алал да ви е.