Веќе долго време се чувствувам како да сум при крај. И физички и психички. Не можам да го гледам хаосот околу мене, не можам да се справам со хаосот во главата. Сакам да исчезнам малку. Не можам веќе, не можам... Премногу ми е.. Ми недостига поддршка, ми недостига малку позитива.. Се изморив чекајќи нештата да станат подобри. Се трудам јас да ги подобрам, но немам сили веќе.
Обожавам да одам на свадби и да се изнаиграм дур не ми отечат нозете од штиклите Да можев дури и би се самопоканила на нечија свадба Одењето на свадба и целата таа атмосфера ми делува многу расположувачки и мотивирачки Порано како дете имав голема желба да правам свадба кога ќе дојде време, ама, едно големо ама, сега не ми ни паѓа на памет толку многу пари да искеширам за ништо. Исто ко да сум ги изгорела парите. А земање кредити за правење свадба е најголема глупост. Јас тие пари планирам да ги дадам за пораѓање во приватна болница и за зачувување на матични клетки. А идниот ми маж ако има желба за свадба, неговите ако имаат одвишок пари нека ни ја платат цела свадба нема да речам не
Се враќаат парите, и тоа како. Од муабети шо сум слушала, сите гости идат со поклон во пликче, со баш солени суми. Мојов пример не е свадба, ама за матурата моја шо ја славев во кафана со 100 души излегов многу во плус. Едвај неколку поклони да ми донесоа, се' скоро беше во кеш.
Ама ако ти се погодат скржави гости и во минус ќе бидеш. Сум видела како маж и жена доаѓаат на свадба, од дома не се спремиле, туку пред да влезат како ставаат одвај една 1.000ка во пликото. За двајцата порциите не можат да се покријат, а камо ли да се ќари нешто, да се рачуна ко поклон. А да не зборам што сум слушала за примери за буквално празни пликчиња.
Тие ако се скржави вие што сте што од целокупната сума собрана, потенцирате еден, двајца или тројца што не дале ништо или порцијата не си ја платиле? "Ќарила" неколку илјади евра како подарок на свадба, земала лупа и бара чие плико е со 1000ка или празно. Не ви е срам?
Ја видов сликава и си замислив еден свет, поинаков, фантастичен. Носи некое посебно чувство кое не можам баш да го опишам. Ќе ја објавам да ве понесе и вас, ќе сфатите.
Јас имам слушнато за тоа, од други што се пожалиле, а и претходно кажав, целата таа церемонија ми е кич. Знам за случај кај што младоженци за време на церемонија отварале пликови и кажувале кој колку им подарил, кој ништо не им подарил што за мене воопшто не е во ред да се споделува со други. Темата беше дека парите ќе си ги вратиш зошто беше споменато погоре за сумите кои ги добиваш.
За болдот - Да, на ромски свадби. Традиција им е. Да остане само на тоа ај ќе речам еднаш е, ама не, секоја наредна цереморија како на пример: крштевка, родендени дур порасне детето истото го прават,што мене ми е мизерно затоа што со собраните пари го плаќаат ресторанот, дури не им останува ни за штедна книшка на детето да му отворат. Со еден збор, корист!
Имам другарка која, кога се мажев, ништо не ми донесе, немаше пари и не сакаше да дојде. Си викам, немаш, немаш, не треба, ти само дојди, нема да се обогатам од твоите пари, а и не праев за пари, колку да не ме замараат после дома да ми доаѓаат да ме шлапаат на честито. Ама празно плико ми е целосен непочит и апсурд, никој не те тера да купуваш или даваш пари ако немаш, само не се брукај, а истовремено мене ме правиш глупа. Повеќе срамота ми е да дојдеш со празно плико, отколку да ми кажеш каква е твојата финасиска ситуација во моментот и немаш. Дека се терет свадбите на џебот, се. И тоа непотребен. Се мажам, големо такво. Што се однесува на свадби, јас сакав на мојата да избегам во wc и цела ноќ да ме нема. Напорно ми е, особено што морам цело време фејк насмевка да имам, да ми се грчат мускулите. А уствари ми се плаче. Стварно мразам свадби и се што вклучува во нив. Кога сум гостин, се натакнувам у некое ќоше и гледам да бидам невидлива, само да не ме замараат за оро. Особено ги мразам оние свадби со сите салтанати. Оро кај младоженец, оро кај невеста, па црква, па матично, па ресторан, па пак оро. Имам пишувано во друга тема, кај мене повеќето дојдоа во ресторан, на матичното најблиските, кај мене дома само мм дојде со неговите. И беше ептен мала свадба, повикани беа оние бар со очи што ги имам видено и екстремно блиски. Оние што фигурираат само како роднини, што ни име не им знам, јок. А и сама си ја финансирав, така да, мојот џеб опфаќа толку луѓе. Ај сега пред зграда ќе лупаме со тапани и ќе вртиме пола саат оро, за комшиите да видат и да рукоплескаат. Најомилениот дел ми беше, кога си одев дома. Море марш.
Денес е светски ден за заштита на животната средина. Точно, ко поединци нашиот ефект не е голем, ама секогаш го имаме изборот да напрајме нешто и ЗАЕДНО да напрајме мозаик од поголеми промени. Можиме да се делиме по многу основи, ама не по цената на заедничкиот дом. ♻