И мене не ми изгледа пријатно кога ќе видам некоја во такви шорцеви но не коментирам. Тоа е едноставно мој вкус. Како што некој сака да носи такви шорцеви, така јас не сакам. Нема што да се дискутира, може и кошулата што ја носам јас на некој не му се свиѓа. Ме заболе. Мене ми се свиѓа. Едно е вкус друго е кодекс. Тотално некоректно е да се појавиш во некоја државна институција со шорц. Има места каде што треба да се води сметка кој како се облекува, ама не и на улица.
Си ги видела сликите од ‘92ра? Колку добро време беше тоа, никој не коментираше вулгарно, не гледаше на манијачки начин кон парчето облека наречено шорц. Мене повеќе ми е вулгарно кога не знаете да се изразувате како што треба, и кога 17 годишни ни го красат форумот со “хехенце”.
Леле, еве сега многу не навреди. Шубо сосила слепи се прајте, читате то шо ви одговара, успат си зачинувате со нешто ваше. Панчо дискриминираше, вреѓаше врз основа на дебелина и целулит и колку грдо изгледал таков задник во танга. Кај виде златна тука да прајме поделба меѓу дебели и слаби задници? Дали некоја воопшто пиша кој тип на задник го личи стегнат во такви шорцеви? Јас мислам не.
Добро Кристин шо тебе лично ќе те повреди ако ме видеш во кафич во шорцеви прекратки? Освен што ќе ме осудиш, ете?
Кај нас в село или в град и со сукња над колена било срамота да излезеш, кога се преселив Скопје се чудев на газ што се гледа под шорцевите, кога се преселивме странство еве и денеска е топло, носат маички без градник, газот на секоја се гледа, и така си одат буквално секаде, в маркет на пример, а за на работа ок сите знаеме дека не се оди така на работа, ама никој никого не гледа, нит се чуди нит ништо, скроз нормално е, значи никој не те погледнува дали гради или гз ти се гледаат. Јас за во градинка се чудев што вработените беа со шорц до под гз првото лето, а јас кога носев и земав дете по долги бев незгодно ми беше. Значи тука и млади и стари сите се облечени кој како сака односно соодветно за лето. На еден дел од реката е нудистичка плажа, а погоре е пешачката патека, тука си шеташ, а доле и машки и женски голи се сончаат и никој не оди намерно на пример да ги гледа или слика. На Вардар тоа за некои две илјади години можеби.
Океј ако бараме игла во сено да, има.Плус не е муабетот за институции, се подразбира дека постојат кодекси. Ама за преку ден да излезеш низ град или навечер на опуштено место нормално е да се облечат шорцеви.Мене па не ми е јасно баш кои се тие шорцеви од кои искача пола газ зашто обично шорцевите стојат нормално на телото.
Да. Нема да те сфатат сега.. Сдк се омажила школска што преку 10 години се дружевме. Нејсе, ме канеше уште од пред короната, немала кој и како поблиска да сум била до нејзе. Е од тоа оти немала кој тогаш криво ми падна. Ниеднаш во најтешкото не ме погледнала. Што да речам, со среќа нека и' е.
Јас ги имам видено, ама ти очигледно не. Многу поубави биле од денес. За годиниве, другата година 19 праам, за друга 17годишна мислиш.
На порталите пред некое време прочитав вест дека извесна шеснаесетгодишичка од Кочани е исчезната, додека попладнево пак, прочитав дека е најдена. Ми олесна. Ух, не знаете колку! Ама не знам што ме натера да прочитам неколку коментари подолу од ,,паметњаковичи" што три чисти немаат во црпката, а сепак си даваат право да судат. Била дрогирана, алкохолизирана, курва.... Останав подзината. Девојче од 16 години, побогу! Па, дали сте ебено нормални? Како може да знаете нечиј ДЕТСКИ животен патоказ врз основа на само една фотографија и име? Еве, дури и да е тоа вистина, дали ако е некој дрогиран, алкохолизиран и проститутка треба да е по автоматизам осуден на смрт? Дали Кристина НЕ требаше да биде воопшто најдена, или пронајдена мртва за да ви се направи ќејфот? Умоболен народ, бреј. Што семка ќе бевме, озбилно прашувам? И какво зло направивме што се родивме на ова клето парче земја со затуцан менталитет?
Не , туку ако си женско баш не треба да ги осудуваш тие што носат такви шорцеви , што тебе ти смета како тоа некоја се облекла ? Жешко е а ако видиш некој тип без маици што шетаат океј тие не ги осудуваш машки се имаат слобода ? Еве може ти не се чувствуваш убаво во нив затоа што имаш комплекси за телото но ако некој сака да си носи нека си носи нема што да се потресуваш
Има толку кратки. Тоа само го пишав дека ја цитирав Ани.Сепак,не можеме каде и кога сакаме да ги носиме. На плажа,на обична прошетка во парк или друго место,не е за замерување. Ама,за мене лично ако треба да искачам со повеќе луѓе макар и на опуштено место не би облекла нешто прекратко,а да не ги прашам другите како ќе се облечат.Треба да се има осет. Не би сакала некој/а да ми се налути.Има девојки што нејќат некоја од семејството/друштвото да им се појави на прослава или прошетка облечена во нешто прекратко и да го одземе вниманието од нив.
Ти можеш како сакаш да си се облакаш за да ги привлечеш машките , јас си се облакам за мене а не за некој друг. Вистинска девојка ја покрива својата убавина ? Хахаха од каде ти се цитати е од "семе синапово" или од "големи мисли на малиот мозок" . Или може би се чувствуваш загрозено околу згодна девојка со такви шорцеви ? Може се плашиш да не ти го украде мажето . Непријатно од блиски ?? А тебе не ти е непријатно од блиски на плажа кога одите да се радоблекувсш толку ? По купаќи еј разголено е тоа многу .
Секој има свој вкус и кој како сака така ќе се облекува не значи дека ако некој во 2021 има 17 год и се облекува и и се допаѓаат работите од '90 дека е "баба". Јас како машко не мислам дека некоја која е премногу разголена е привлечна, а другите не се и не мислам дека нема убаво тело па затоа не е разголена. Инаку немам ништо против кратките шорцеви само сакав да кажам дека облеката и начинот на облекување не се мерило за убавина.
Моралниве вредности на денешницава се испод нула Јас вака како со застарени сфаќања не можам да се облекувам како сакам за да привлечам некое машко, вистинско машко можам да привлечам со некои мои вредности и со пристојно облекување, со миничи се знае кој можам да привлечам и тоа не е темата. Едноставно е, јас ценам девојки кои си ја покриваат убавината, човек може да биде убав и облечен закопчан до горе, нема потреба од облека кога ќе седнеш да ти биде цел задник на изволте и да , никогаш не сум се чувствувала пријатно со кратки миничи и фустани и никогаш нема. Штом толку те интересира на одмор во Египет одам таму не се разголени на плажите хехе и од овој апспект многу ги ценам муслиманите ама 21ви век е, штом дојде лето, срамота е да не се разголиш