Зошто така ми имат кажано девојките...ако сакате носете тоа е , не пишам повеќе оти ептен ми е мизерно да се правдам оти така размислувам
Стварно мизерно е, се чудам досега како не ти текна. Може треба едноставно своја работа да си гледаш.
Ова така ти имаат кажано девојките е многу глупаво, еве ние ти кажуваме дека има и девојки кои немаат никаква цел со носење краток фустан, едноставно им се допаѓа и сега ќе појдеш и ќе го кажуваш ова? Ќе кажеш така ми кажаа девојки од форум? Не. Значи не се донесуваат така заклучоци тоа е целата работа девојче
Сосем ми е нормално да сакаш внимание да привлечеш. Секако во границите на нормалата. Можеш да носиш провокативно фустанче да изгледаш стилски, да си културна со самодоверба и да не бидеш очајна за внимание.
Не е работата за правдање, туку дискутираме. Не треба да се ставаат сите во исти ќош и да се коментира за секој шо носел и одма заклучок за тоа. Ако веруваш во се што ќе ти кажи некој, тогаш не знам шо да кажам.
Зошто ете ваквите фустани ми се одвратни, ете некои ги носат за внимание тоа знам, некој сакале па носеле океј е
Не реков дека е за мене лично. Реков дека е за сите женски осудвани од кој било. Во случајов од други женски. И така тажничко е од страна. Едит. Пак ќе прашам. Фустанот кој го стави, ок е ако некоја за себе сака, ефтина ако го носи за друг. Како препознаваш па да знајш кога да се згадиш?
Добро де, не носи таков. И мене не ми е убав фустанот, ама затоа немам таков. Што ти е проблемот ако некоја друга сака да привлече внимание со ваков фустан те прашуваат другиве. Може па баш сака некој за секс да си најде. Тебе сигурно нема да те праша да ја одобриш
Абе која сака да си носи ќе носи и без да ве праша вас. Мене лично не ми изгледа убаво. Ама ако видам нема да ме тригерне до толку да дојдам на форум 10 страни да се објаснувам куку ноне страшно било. И баш не реков дечко
И мене не ми се свиѓа. Кој што сака нека носи. Нема потреба до олку да се вознемирува. Не кажа дечко ама одиш кон целта, на што мислеше, за несигурност ?
Срам!!11!!! Не, мислев на секс Баш така и пишав, може секс и е целта Може сака девојка да си најде, не знам. Рандом човек за секс за една вечер.
Не е страшно ако се облекува така за себе или ако сака да му привлече внимание на слободен тип.Тогаш е во ред. Ама,не е во ред да го прави тоа со намера да му привлече внимание на зафатен тип.Најгадно е ако тој е дечко на нејзина роднина или другарка,па уште ако е и несигурна таа... Лошо и погрешно е да се билда нечија несигурност исто колку што е и да се боде нож во грб.
Абе ние си збориме хипотетички ситуации, па сега и типот зафатен испадна. Џизс. Сѐ шорцеви ви сметаат, се сукњи кратки, мислиш нешто голема работа е деколте и нога.
Да,де,ама има вакви ситуации во реалноста. Секоја може да си носи што сака,ама не секогаш и не секаде.
Па сигурно дека не секаде. Таму кај што има дрес код нема да те пуштат ако не го почитуваш. А тој зафатениот ако пола газ и пола цицка видлива го провоцира до толку да тури пепел на се, што да кажам. Нека иде.
Тоа да,ама за некои не е во ред ни во кежуал атмосфера такво облекување доколку со тоа се повреди некоја страна.