Профилов сум го отворила како средношколка. Некогаш си наоѓам мислења од тие први години и сфаќам колку гледишта, ставови, мислења се смениле. А и колку работи се случиле во овие години, а не сум ни осетила колку брзо летнале. Сум завршила средно, факултет, сум градела кариера, сум одржувала врска, сум стапила во брак и сега чекам дете. Дури и ме фаќа страв како не се осеќаат годиниве како поминуваат
Дефинитивно има вакви. Се дешавало и на другари. Едноставно некои си бараат закачка. Батка, ти меѓудругото веруваш дека протеините се стероиди, така да... Ама ти си знаеш, голем си...мисли си, верувај си, и фантазирај си што сакаш
Улаво времево.Пред една недела студеше како да не е јуни,а сега е пекол. Па,уште ако му текне да загрми,оф...
Дружење на луѓе кои се поврзани единствено на основа на омраза и (самозалажувачко) чувство на супериорност во однос на друга група луѓе, ми е најмизерниот облик на поврзување. Зборува за тоа дека овие од првава група немаат суштина, ниту доблест, туку се само празен негатив на некој друг позитив ( и обратно). Count me off! Не сум фашист, ниту сум подобар од другите, еднаков сум.
Половина од моите комшии, во недостаток на свои лични успеси во животот, секоја вечер легнуваат и наутро стануваат влажни со своите соништа дека селаните им го загадуваат Скопје, притоа давајќи си некоја лажна супериорност само поради место на раѓање, а 80% од нив се тешки пропалици и ебиветри во животот.
Мене па вакво време повеќе ми одговара отколку да се тресам од студ и да се наоблекувам со 123345 партали на мене. Едино за спиење е полошо и ради комарците, ама секогаш би избрала вакво време отколку -20 да е, да не можи човек да прошета во природа и да се искапи в море. Зборувајќи за море, сакам да се телепортирам сега таму и да ме нема до октомври. Блазеси им на оние кои живеат таму.
Која преголема глупост е ова децава што ги сликаат како мантуранти зошто градинка завршиле бе Градинка завршило и капата матурантска, тога и па уште пишале мали матуранти. Следно очекувам пелени штом откаже мало матурантче да го направат Катастрофа
Денес се осетив како принцеза во некоја игричка. Од една страна докторите и сестрите се борат за мене, ми викаат дека имам приоритет како трудница, од друга страна пензионерите како зомбиња некои, мислиш ќе ме распарчат, само да не дозволат некој да им го земе редот.
Иритира кога ги ставаат во фаца на некој сликите од децата со упорно повторување на „види колку е слатко,нели е преслатко“,а детето има израз на лицето ко лик од хорор филм.Или си брца во нос или тегне опаш на маче/куче. Најглупо е кога им го зборат тоа на личности кои нејќат да имаат деца или не се сигурни дали ќе сакаат. Децата не се cute за секој човек,ама некои не сфаќаат.
Не си ме сфатила. Не зборам јас дали е кјут детето или не, баш обожавам деца, ама самиот момент мал матурант ми е без поента Мислам што milestone е градинка, дајте ви се молам
И ние не се сликавме секој посебно после забавиште или во прво одделение? Мислам дека имам слика во фустан со карнери