Доаѓа периодот на лубеници Надвор е пекол. Добро утро на сите! Ви посакувам убав и хармоничен ден. Бидете свои
Прв пат кога бев бремена бев на контрола и матичниот гинеколог ми препиша витамини за бременост . Ојдов аптека да ги земам во ред се си платив и идам дома . Прво читам упатство таков табиет имам после пијам . Читам апчињата се за алкохоличари Се враќам и и викам на аптекаркана јас бремена сум како е можно вакви апчиња да пијам ? Леле рече грешка сум прочитала се извинувам и ај замисли да почнев да ги пијам кој ке беше после крив ?
Ако идеме по ова и во дм, космо се продаваат истите препарати витамини бла бла, па не одиш да бараш одговорност од продавачката во дм ако не се пиело со некој лек
Не сфаќам, гин ти препиша апчиња шо не се за бремени жени и аптекарка ти даде? Двата. Оти фарм го контролира докторот. И сама си свесна чим си била Зегин колкав репертоар на природни препарати има во Аптека шо нема во дм. Али се ежам ко ќе видам апче, макар и витамин, во место шо не е аптека. Здравје не е за играње.
Да ама се се учи, зошто да бидеме реални ниту образованието во средно не е репер, има секакви и професори и ученици. Има кој од горе што треба да мисли за ова. На нет се продаваат апчиња, па и во каталозине, така да... И јас го делам истото мислење дека не треба ама секој втор во денешно време сака да лекува, за жал
Не ме потсетвај на ова. Неодамна го дознав. Сите влакна на глата ми побелија во групи за подароци шо подаруваа апчиња шо одат исклучиво на рецепта. Имав "тантрум".
Доволно е да ги читнеш мислењата по темине за геј луѓе и религија за да сфатиш со колку нееволуирани глупави луѓе си опколен. Ама Европа не им била арна, ќе не' уништеле. За греота бе, па уште и млади луѓе се во прашање, аман.
Лекот не е лек само да се продаде па да не треба школо. А, и да, и со средно не можеш да продаваш лекови, ти треба лиценца која се зема со стаж плус. Нека ви е со лесно сепак, лековите ич не се наивни, посебно лекови кај деца и трудници. Преголема одговорност е која не се зема со 4 месечен курс. Ама шо разбирам јас сепак.