Добро што правите со толку облека побогу? Не е дека сум нешто посебно скржава, ама па не гледам потреба од 20 пара панталони, не знам еве, јас цел живот функционирам со 4, а секогаш изгледам стокмено. Со тие пари 3 пати на одмор ќе одам, наместо да ги давам за парталчиња.
Нити сум трудна, нити имам деца ама затоа најпосетувани теми на форумов ми се од категоријата за бременост и деца...треба да ги убрзам работите изгледа
Па,што? Доколку сакаш да имаш деца,кога ќе дојде време за тоа ќе бидеш поинформирана.Можеби ќе ти се најдат советите.
Работата е тоа што колку повеќе читам толку повеќе ми се брза (читај сака) а млада сум пустата други планови си кројам Сакаш да се е*** , неќеш да ти влезе работава испаѓа Океј, enough
Да, јас ќе ви објаснам! Има многу девојки и жени кои имаат недостатоци на лицето. Подочњаци, акни, ретки/никакви веѓи, неизедначен тен и сл. и се чувствуваат пријатно во своја кожа, а има и такви кои не се чувствуваат самоуверено, па така си ставаат шминка за да ги покријат недостатоците бидејќи така се чувствуваат подобро, поудобно... тоа е нивната потреба! И не гледам ништо лошо во тоа. Попрво би трпеле коментари као „види ја оваа 100 кила пудра на плажа“ него „види ја оваа колку е грда без шминка“. Секоја година ги слушам истиве муабети за истово и можеби тие што зборуваат имаат чисто и убаво лице па не им е јасно како некој може да оди така на плажа. Јас лично имам и подочњаци и акни, и иако не носам шминка на плажа можам да ги разберам тие што носат. Личен избор е и не знам зошто толку шејминг за тоа. Накит на плажа ако се искомбинира убаво знае да биде многууу јака работа. Еве сега пред малку ми излезе Хејли Бибер: Spoiler Прејако изгледа, и јас си носам понекогаш минимален накит па што? Мислите лошо изгледало тоа или некогаш сум изгубила накит во вода? Никогаш. Ајде веќе доста со овие муабети од 2000та година застарени, бидете малку во тек
Се согласувам секој нека си прави како што му одговара но тие што носат шминка на плажа се запрашале ли колку е лошо да носиш на лице шминка на овие горештини повеќе време? Плус потиш цело време. За акни да не правам муабет колку полоша ќе биде ситуацијата со лицето. Been there done that. Секоја шминка е лоша за лицето ако се носи повеќе часа а па за оваа поевтината полна со чудесии и да не праам муабет.
Да нормално. Денес ретко нешто дека не е штетно тргни од храна па се до шминка. Не велам дека не е во ред да се шминкаме, едноставно мислам дека кога се може подобро е да се избегнува ако сакаме да си го зачуваме лицето. Особено ако станува збор за кожни раздразнувања. Тоа и дерматолог ми го има потврдено. Сепак ствар на вкус.
Како не им се смачи на некои само негативности да шират? Толку ли се незадоволни од својот живот што буквално ништо позитивно од нив не излегува...
Се прашувам кога ќе престанам да се чувствувам како да сум само дух во позадина на сите личности кои ми се "блиски" Мисли... зошто сум дала шанси на луѓе со црни намери? Ти доаѓаат во животот, искажуваат очекувања, и начинот на кои биле третирани во минатото, па се трудиш да им пружиш се најубаво и најјискрено, ама ете, ќе те фрлат.. И повторно се навраќаат на истото кое им нанело болка... Не знам каде грешам, зарем толку ли сум одбивна? Ах, да се преродам повторно...немаше да бидам ова суштество што сум сега. Едноставно не се осеќам како човек, секогаш последен избор, последна мисла во сечиј мозок.. Како јас да немам чувства, а се трудам да не ги повредам нивните.. Изгледа е пишано да набљудувам туѓи другарства, без да имам и јас нешто "свое". Одвнатре се јадам зошто дозволив такво третирање, ме убива. Не сакам, едноставно, да запознам нова личност веќе, не сакам никој, се изгорев премногу пати, ама последниов болеше најсилно. Дистанца и осаменост...
Нема врска која година е, проблемот е што за пливање контрапродуктивно ми е да имам шминка и накит. Шминката ќе ми се размачка, накитот ќе ми смета. Мене купачите ми сметаат, не па накит. Нема поубо пливање од тасма гола.
Да, ама тоа си ти, тоа е твојот стил и твојот начин. Сите сме различни. Постои водоотпорна шминка и девојки кои не си ја мократ главата кога влегуваат во вода. Накитот не знам како би сметал. Секој е различен, секој има различни цели и приоритетини секој различно функционира и така треба да се прифати. Ако сакаш дс одиш на плажа гола нема да дискутирам тука за тоа, така се чувствуваш, така оди. Тоа е твое право и избор и јас го почитувам тоа. Така и со шминката, и со накитот, и со тангите...исто е.