Се сеќавате на мислењево? Денес бев да завршам обврски, и решив да купам една лубеница од пазарче. Отидов таму, ги гледам, ги вртам, ги чукам... Врска немам која е блага, која не. Јас и лубеници, две различни поими. Иде еден дедо до мене и ми вика. Внучко, оваа лубеница земај ја, блага ќе е. Ако не е, дедо парите ќе ти ги врати. Го гледам овака, истиот човек од тогаш. Таков лик не се заборава. Му понудив да го префрлам до дома, да му помогнам со кесите и неговата лубеница. Толку купил човекот од пазар, јас едвај се однесов до кола. По пат, муабети. Бил од Валандово по потекло, лубеници имале на времето, па имал ќерка од братучеда мажена во Крушево. Па имал брат во Србија, па внуците од братот сега живееле во Америка... Војска служел во Босна... Уште 30 минути муабет ми правеше од кога стигнавме. Фала момче, фала за превозот... Фала ти тебе за лубеницата. Чао, чао. Пријатно. Ајде сега да видиме колку добро ги разбира дедо Станко лубениците. Повелете.
Бев да се шишам кај Моестудио Дадар, луѓе верувајте и по 150денари сум плаќала волку никој во животов не ме има промашено, ми штрчи секое влакно, ма сама да земав да се шишам подобро ќе се ишишав, понудава била феноменални 1.200денари среќа намалена на 400ден а целовкупниот впечаток е дека квалитетот и знаењето на фризерките кои ги вработиле вреди 0 денари или просто речено, не вреди да ги посетите, ужас!
Комшијава ќе го заколам веќе жими се . Цел живот , од малечка ги слушам неговите пцовки , погрдни зборови и пијанства . Толку пати сме викале полиција и го земале во станица и џабе . Ете го во двор влегол , се дере , урла , вришти ...
Коа ќе влезеш у некоја шема и правиш исти работи у одреден период од денот, нели се дешава да почнеш да сретнуваш исти луѓе секој ден... Пример идеш на сабајле на работа, и по пат ги среќаваш истите 10 луѓе да речеме. Сте приметиле? И после имате чувство као да ги знаете... Епа ја после некое време почнувам да ги поздравувам или да им се насмевнувам особено ако ни се сретнат погледите. Само ја сум забеган? Или и на други ви се дешава ова?
Единствена убавина на летово е што носиме наочари за сонце, па не се осеќам толку незгодно при случаен eye contact. Исто така може да зјапаш луѓе без да се примети. ПС. Треба да си купам наочари за сонце.
Сите што ми пишувате во приватна порака со цел да се запознаеме па подоцна да бидеме партнери, да знаете дека јас не сакам дечко од нет, или електронски дечко. Поздрав и убав ден.
Кога не можам да заспијам си го пуштам на јутјуб видеото од една госпоѓа која го чита романот „Вероника реши да умре“ на македонски и заспивам ко бебе. Мајка ми која ја има причитано книгава ме декларираше како психопат а на сестра ми не и е чудно со оглед на тоа дека имаше моменти кога заспивав и со crime подкаст. БТВ: Неколку пати ми е ислушан в крај гореспоменатиов роман и врска немам што се дешава
Се каам за многу работи шо сум ги направила погрешно, за ветувања шо не сум ги исполнала и понекогаш сето тоа ме прогонува. Ама морам да си простам, и да се сменам пошто човечки е да се греши. Редно е да свртам нова страница и да почнам да дишам слободно и се што се случило во минатото да го оставам таму. Доста ми е од солзите и немирот кој го осеќам веќе некој период, млада сум за толку работи да носам на грб.