Ако нејќеше да те цитираат,требаше да пишеш во СДК без цитирање. Кај готвење,чистење,перење и чување деца нема делби на машка и женска работа.Тоа го можат и мажите и жените.Мажите само не можат да родат деца,ама и те како можат сè останато.
А жената ако оди на работа и ако готви манџа после тоа, значи дека не го издржува семејството? Мажот ако готви грав дома тоа е понижување за мажот? Не знам каква ти е оваа еднаквост.
Еднаш како помалечка бев во циркус,но тогашниот циркус немаше лавови и од тогаш не сум била, а причината е што не гледам ништо забавно во тоа да се учат животните на силината на јажето кое ги удира за да изведат некоја точка и болката на измачувањето на нив. Алал да и е на оваа личност која што преку стрип го доловува реалниот циркус и што всушност претрпуваат животните. Spoiler Никој не заслужува цел живот да биде затворен и да се гуши во сопствениот измет и мокрача. Животните заслужуваат слободен и среќен живот. П.С. Не ја плаќајте болката на животните.
Јас ова сум го почувствува на своја кожа како е... И затоа знам дека вакви случаеви се за во полиција. Нормално е дека жената не стигнала да направи ручек, од многу причини. А таквото машко однесување не го оправдувам. И не видов јас во коментарот на Саше дека напишал такво нешто дека мажите ги удираат жените по устите заради не извршување на домашните обврски. И јас не викам дека маж не треба никогаш да зготви ручек. Јас колку пати од татко ми сум побарала помош за ручек да направам... И тоа не е ништо глупо. А тоа за ако жена не можи да роди дете... И ваков случај има една моја роднина. Тоа не значи дека жената не треба да се почитува доколку не може да роди. Мажот и сите блиски треба да и бидат голема поддршка на жената тогаш. И не ми пишувајте тука повеќе, реков ЛП.
Какво е тоа размислување во 21 век жити се? Во овој ебан век кога сите сме еднакви, кога корона не покоси како круши, кога мажите научија како се води домаќинатво затоа што жените им беа во први борбени редови во болниците...! Обврска и на жената и на мажот им е да го држат домот чист, обврска и на двајцата е да направат ручек..ако денес едниот прави ај утре па другиот.. Убаво ли ќе ти биде ако речам вака... Жена има за да раѓа деца, а маж за да ги чува! Во мнозинството случаи жената исто оди на работа како мажот по 8 и повеќе часови, исто носи плата како мажот...зошто по ѓаволите само жената да чисти, пере, готви и чува деца кога исто придонесуваат за тоа домаќинство? Што ќе прави мажот додека она чисти пере и готви? Ќе гледа фудбал на кауч? Извини, ама може во исто време жената сака да гледа сексот и градот..нека зачисти мажот
Аман,форум е и дискутираме. Не можеш да очекуваш дека никој нема да реагира на твоите мислења.Ако е потребно,модератор ќе ги избрише или префрли мислењата. Се вадиш,ама џабе. Што не пиша вака одма наместо да се истрчаш со мислењено? Овој има истрескано милијарда глупости за милијарда ствари и не е човек на кој треба да се угледаш.Ни ти,ни сите останати. Сакаш да се угледаш на некој маж? Угледај се на мажот кој готви,чисти,пере и чува деца додека жена му е на работа или брка други обврски. Угледај се на мажот кој се грижи за уморната/болната сопруга. Угледај се на мажот кој ја штити сестра му од насилници. Угледај се на мажот кој спасува животи. САМО НЕ НА ВАКВИ КАКО ОВОЈ!
Ооо колку очигледно дека самата помисла на успешна жена е закана за неговата преголема "мажественост".Загреота, се плаши.
Години наназад жените немале право на образование, немале можност за работа. Биле приморани да останат дома, да чуват деца, готват и перат. Сега, кога жените имаат исто право со мажите за образование и работа, зошто само жената е должна да се грижи за домашните работи? Која е логиката и двајцата да одат на работа а дома да работи само жената? Во 21 век обврските сеуште ги делите на машки и женски? Во 21 век да немаш право на избор, а раѓањето да ти било обврска. Жално.
На сериозна нота. Нема машки и женски работи. Има работи кои како единка ќе напрат да живејш без мачење, или да преживуваш и да си на "сегде" јер не можиш да се снајдиш. Чистење и готвење знај да е и понапорно од сама работа. Знам шо одбирам сама да прам некогаш наместо нешто друго. И не можи само еден од партнерите да извршва две работи ( работа + чистење, готвење, перење и други "женски" работи, додај три работи ко ќе дојди дете и знајме колку најчесто едната страна е заинтересирана, а колку другата), а другиот само една ( работа). Во моја ситуација едино ќе ми е прифатливо да преземам работи околу дома целосно, ако и само ако не работам. Ако работам, дома ќе работиме подеднакво. Не поделени по машки и женски. Поделени по кој шо можи и сака. Со ждрепка. Како било. А неработење не е опција. Одличен извор на социјализација е, плус не се врзваш до толку со дете за во иднина да не дојди до тешкотии за разделување од деца, обид да останат дома и депресија. Оти не случајно велам партнер, партнери нонстоп. Партнерство е делење на обврски и помагање да олесниш на партнерот од љубов, а не од обврска или оти мораш или оти е работа за твојот пол. Јас чистам, готвам за себе. За утре ако сум сама да можам да живеам, а не да преживувам. Не чистам и готвам за утре да сум добра жена на некој маж. За мене е се. И безразлика на пол ќе гледам на дете мое на пренесам то, за во иднина и то дете да можи да живеј, а не преживува. Така да дотичниот е само уплашен дека не можи да контролира жени, а можи и дека не можи да најди жена шо ќе му оди по гзот. Нема зошто инаку самостоен, способен маж да паничи и шири шовинизам за без пари на интернет. Живеење вс преживување, толку е. Или можиш да живејш, или ти смета дека нема кој да те издржва.
Не ми боде очи овој ќелавиов, веројатно паднал на глава во својата прва деценија, ама женине во коментари во негова одбрана ми се тешки опинци и сељандури. Ќе готвам, чистам, грижам за домот ако сакам, кога сакам, не од што морам. Гладни и нечисти нема да останеме.
Добро бе, се прашувам што е со луѓево што зјапаат по другите луѓе да не речам ама морам да речам, буквално како некој недоветни, мислиш тоа очите ќе им искокнат од зјапање. Облечена најнормално со маичка(најприкладна со нормална должина) и со шорцеви (најнормален, најобичен, со нормална должина шорц), да ти се одмили да испаднеш да прошеташ, на секој чекор зјапаат те мажи, те жени, па човек да се облече од глава да пети покриен пак ќе зјапате како некој ненормални, од планина испаднати, како луѓе во животот да не сте виделе. Психопати.
Ако нешто ме уморува тоа се лицемери. По малите работи ќе ги познаеш... отворените непријатели не се страшни, ама "пријателите"... Ако нешто ме воодушевува е тоа што познавам млада личност на висока позиција што не им се дава. Одам по линија на помал отпор зошто не можам да поднесам да треба да се борам со демоните на другите кои сами не си ги разрешиле. Гугл не е знаење... одам чекор наназад и не можам да го сварам сето околу колку луѓето се несвесни и незрели. Кога некому прават нешто - нема врска, кога им го прават - страшно е, и се поминува низ превезот на "нормално било така". Не е, безобразно е. Седам и се правам глупа, зошто толку вреди. Се ежам на луѓе "ама јас се кажувам, кај мене нема задскривање", "искрено кажувам" и слични себеблагослобувања. Лудило...
НОВИОТ ТРЕНД ШТО ПОЧНУВА ОД КАН ВИКА „НЕ СЕ ФАРБАЈТЕ“ Конечно! Јас уствар никогаш не ни сум користела фарба, исклучиво само колор шампон бидејќи косата и не ми е толку побелена. Т. Е. Ми е ама само во коренот,но не толку страшно да морам фарба одма да маанам. Anyway, до пред некоја недела ја оставив косата онака природна и со бели влакна. Бев на фризер и муабетот : ' Ааа, ти веќе си стигнала за фарбање, значи МОРАШ да ја исфарбаш косата. Срамота е веќе' Молам? До каде се дрзнат луѓето бе? Прво, шворц сум. Второ, не сакам. Трето, како бе некој да ми кажува што МОРАМ да правам со мојата коса? И сеа, коа ќе појдам на фризер, очигледно ќе ми каже дека сум во тренд. Хухуху
Јас имам бели влакна и не се фарбам. Нема чоек шо не ми има спомнато дека требало да се фарбам. И ме нервираат! Си се бендисвам со ваква коса!
И бурка да облечеш верувај дека пак ќе коментираат. Тури им пепел што велат. @WildMk Истото и за тебе. Каква коса ти се допаѓа таква носи. Што чудни луѓе има еј. Па ако сакам јас и ќелава ќе одам. Оде народов у три лепе или од секогаш било вака!?