Треба да си ептен за лечење ако луѓето околу тебе ги манипулираш со „ќе се самоубијам“ ако не ти ги исполнуваат сите музички желби. А колку ги има што паѓаат на овие фори, жално...
Деновиве на интернет кружат статии за поплавите. Очекував секакви коментари од овие со балкански синдром, ама дотолку да си во минус влезен со интелигенција, да мешаш Хитлер, Господ и геј паради во ова, па и што е уште полошо - радување на туѓ хорор и велење дека горниот гледал и враќал додека луѓе остануваат без дом или се водат како исчезнати... Ни за в пештера не сте. Гадотии.
Секогаш вината ја бараат во другите и се радуваат на туѓата несреќа. Никако да сфатат дека грешката е кај нив, а и кај сите нас. Енормната загаденост и наглото затоплување го земаат својот данок. Ова е само почетокот за жал. И во вакви ситуации најмалку ни се потребни игнорантни и empty-headed луѓе.
На една статија дека сè помалку деца се раѓале начекав коментар 'Затоа што има сè повеќе пе*ери'. Што можеш да очекуваш од злобен народ? Истите што фрлаат ѓубре на улица или од балкон.
A1 vip нонсенс! Почнувајќи од сметката за месец јули па натаму, господата од дотичнава фирма ќе наплаќаат по 15 ден. од сметка доколку истата ја платите на шалтерите.... Па, дали остана нормален некој во државава??? 100% не им ги креваат платите на вработените и удри по народот. Нз која политика им е оваа...
Која и да им е политиката, плаќај online. Јас одамна плаќам така, сметки не ми стигнуваат, само sms порака и преку апликација плаќам.
Прво, од каде тој твој заклучок дека јас зборувам за себе? Второ, има баби и дедовци кои не знаат да ракуваат со апарати за наплата и немаат апликации на мобилен бидејќи имаат стари модели на мобилни. Трето, немаат фамилија, која може да појде да уплати за нив. Четврто, ако зошто да се плаќаат 15 ден, кога тоа е обврската на агентот, да не услужи. Петто, зошто се најде толку засегната? Шесто, се се прави само да се кради од народот, а фирмите да си лапаат макар и 15 ден. Срамота!
Прво, не се нервирај Не дека заклучив дека за тебе прашуваш, не е ни битно за кој прашуваш во ситуацијава. Во право си единствено за стари лица ама обично сите имаат фамилија што може да им плати сметка, и јас им плакам онлајн на моите. Е ако стварно немаат никаква фамилија, да, не одговара ова во нивниот случај. Ама за сите други е позитивно, колку има и млади лица што можат да си платат онлајн ама упорно одат во А1 и ствараат гужва, не знам како им се чека па и со короната. Па и повозрасни што имаат услови нека се научат, три клика е, после ке им бидат благодарни за меркава на А1 Се надевам ке ги мотивараат овие 15 денари ама којзнае Под четири - обврските на агентот ги определува работодавецот, не ти. Под пет, не се најдов засегната, форум е, реплицирање е нормална работа. Под шест - дај боже до овие 15 денари да беше работата, ете на кој не му одговара нека смени оператор барем затоа имаме избор.
Не знам дали вие, но јас во секојдневие сум добила вакви "комплименти".Леле ама си ослабнала,исто нашминкана,средена ,ау колку ти се направиле брчки,или што не си се потшишаш степенасто ,што шампон бе користиш?Ми доаѓа да вриснам и да им речам, знам дека имам тенка коса и шампон за волумен сум употребила ,пена за волумен, виклери по кои за 5 минути ми паѓа волумен и опавче не можам да врзам не ми стои. Друго решение имате?.Замислете сум добила и ваков "комплимент" ,леле и ти остаре Драги феминки,вие што имате обичај да делите са "ничим изазвани" вакви "комплименти" ,би ве замолила во слободно време, ако веќе не сте љубители на книги ,да погледнете некој од дизниевите цртани филмови.Верувајте во нив има многу совети за културно однесување,како на пример во "Бамби",кога зајачето ќе рече ,ако немаш нешто паметно да кажеш, тогаш подобро молчи.