НЕДЕЛНО ПОПЛАДНЕ, А СТАРИТЕ СКОПЈАНИ СЕУШТЕ СИ ПИШУВААТ ВО СВОЈАТА ГРУПА Vladimir Miletic Стари Скопјани, како е да се разбудите у чист град, каде 'Новите Скопјани' се отидени у своја провинција, на муабет и прчење со своите провинцијалци. Имате ли место за паркинг? У зграда дали си викате опуштено "добро утро'. Нема ли фрлање на ѓубре од 4-ти спрат у ко(њ)те(њ)ер. Дали БМВ-ата и Мерцедесите од Бугарија, увезенни преку Струмица и Паланка сега ги газат нивите кои нивните сопственици ги продале за да дојдат у Скопје. Дали слободно идете по тротоари, без слалом низ колите паркирани на нив. Сега можете да нарачате дупло кратко еспресо, без да чуете од соседна маса "за мене експресо долго а за п..ку сок". Уживајте у овие два дена, па од вторник пак по старо. МИСЛАМ ДЕКА НИ ТРЕБА НУКЛЕАРКА !
Ко одеа моите на одмор пред месец дена ѝ се смеев на мајка ми бидејќи го пакуваше куферот 10 дена пред тргнување. Сега мене ми иди да го спакувам мојот иако има 20 дена до одморот, па да тргнам пешки полека и да стигнам за тоа време тамам. Едвај чекам да се тргнам од сѐ и сите тука, до толку ми дојде.
Еден од најдрагите спомени од детството ми е гледањето на огнометот Крушево за Илинден од мојата тераса (не живеам таму, туку доволно блиску да се гледа градот на планина). Со тогашната другарка од детство и со брат ми на 1ви август се редевме на тераса уште денски, земавме нешто за јадење и пиење и седевме. Нејзините секогаш тоа време идеа на гости кај нас за роденденот на татко ми. Која радост беше да го гледаш огнометот таму далеку на планина навечер. Тоа беше до пред едно 14-15 години. Сега пред малку повторно случајно го видов кога излегов на тераса и се почувствував многу носталгично за еден среќен и безгрижен период.
Среќен Илинден или Свети Илија до сите Македонци/Македонки што го празнуваат, а посебно до членовите на форумот што им е именден. Да сте живи, здрави, среќни и позитивни.
Ја не се согласувам, 2021 сме, уште поделби постојат. Не е ок. Ама тоа шо го постирала не е за тука, осетлива тема е, и може да ескалира. Провинцијалка сум и не се срамам од тоа.
1. Среќен празник на нашата татковина Македонија, за многу години да е! 2. Не ми е јасно како може функционери на власт да честитаат на толку дебилен начин празник. 3. Читам деновиве, се воздржав ама еве пак се започна темата, провинцијалци, блабла. Океј е кој што сака нека си прави, секој нормален треба да си го сака својот град и да си биде горд на него и да сака да се зачува духот на истиот. Да се грижи за природата и општеството во него. 4. Како да научам да се спремам за некаде? Секое спремање за одмор ми е дежа ву, исто спремање, исти нервози и еднаш не научив бе лабаво да се спремам и без фрки
Што е толку тешко да бидеш добар? Има ли нешто поубаво кога со својот збор и дело ќе предизвикаш смиреност или насмевка кај некој близок или кај некој што не го познаваш. Некогаш е доволно и само "јас сум тука за тебе". Шири љубов, биди љубов.