Да не се разбереме погрешно. Јас не ти правев психолошки профил, ниту пак ме интересира твојот психолошки профил. За мене си обична членка на форумот, како што сум и јас. Исто не ме интересира каков човек си, ниту пак имам намера да те проценувам и да кажувам каква си. Не е моја работа и не ме интересира едноставно. Тоа што го напишав се однесуваше општо за ситуациите на форумите, ама имав чувство дека треба да го искажам тука и во дадениот момент. Не се однесуваше стриктно на тебе. Жал ми е што се пронајде во тоа мислење, но тоа е твој проблем. Мило ми е што си успешна во поглед на образованието и ти посакувам уште поуспешна да си во иднина. Се надевам дека сега е појасно, за разлика од претходно и дека не беше ова директен напад кон тебе во врска со твоето его.
Денес чув убава вест, на прв братучед на сопругот ќерка му се верила. Нека им е со среќа, ама девојчето има само 18г, за мене многу малку за брак. Нејзините дале шанса и да се образува, но не прифатила, па долга врска и оп, сега брак. Многу млада ќе биде исправена пред брачните и животни проблеми, не судам, но во животот треба да се искусат уште еден куп работи пред да се донесе ваква важна, би рекла најважна одлука.
Оваа Европска унија има изместени(искривени) вредности за однесувањето и облекувањето на младите. Жално што ваквото однесување на голема врата се прифаќа и кај нас. Приоритет на секој родител треба да биде воспитано, културно дете, а не штикли, шминка, нокти, танги, бесни мотори и автомобили, материјален статус.
Повели еднаш да видиш како возат. Љетив на кров. Ни на пешачки премин не е нешто поарно, претрчуваат. Многу се вообразени,само на едно им се восхитувам на децава што се еднакви во однос на другарувањето без оглед дали е некој дебел,грд,глуп или има маана. Тука нема збор.
Не, туку ние имаме искривено гледање на Балканот, кај нас фино воспитано дете се гледа преку најповршни работи како дали облекла штикли и се нашминкала. И јас на 13 г почнав шминка да си ставам и на полуматура штикли носев, не гледам дека тоа лошо ми се одрази.
Не ми се верува дека уште се вергла на темава, ајде да преминам сега конкретно на професија доктори и да се осврнам на пишаново на Среќа. Како прво јас потполно ти ја сфаќам поентата на муабетот, ама целата работа за која повеќево членки ти изреагиравме дека не е убаво што и скокна на Среќа е што твоите коментари се преувеличена реакција на она што првично членкава пишала во темава. Ете можеби бидејќи си изгорена од низа непрофесионални однесувања на лекари, може дека ете не толерираш таков вид на добрина која впрочем од старт не ја признаваш за добрина бидејќи и е дел од професионалните обврски и за тоа си во право, еве јас не ти го оспорувам тоа. Ама знаеш колку пациенти од такви што прво ниту се професионални ниту добри навремено да пружат мед. нега и помош го имаат завршено животот во ходник? Членкава тоа сакаше да потенцира и доктори, ма и сите да бидеме пред се човечни, професионални и добри, дека еве и да сме лоши особи ништо не не спречува да правиме и шириме добрина, со тек на времето со правење такви дела се топи тој лошотилукот. Друг многу битен момент што го пропушташ дека и докторите се луѓе и таа очигледно е дека е почетник еве јас претпоставувам е на сам почеток на применување на теоретските знаења во практични и навремено успеала точно да дијагностицира пациент и да го препрати каде што треба при тоа спасувајќи му живот, што во итни ситуации вакви реакции од стручен кадар и те како се битни и значат спас на живот или не и како човек од крв и месо и полна со емоции се понадевала доброто дело ќе биде препознаено и од колегите така да постапуваат почесто, дека често забораваат поред професионалноста пред се да се и добри луѓе, а и од другиве да не поттикне да правиме добри дела независно од професијата, дали на работа или надвор од неа ако обавуваме такви служби во кои сме обврзани на тоа. Пред се нејзиниот коментар е човечка реакција, восхитена е и возбудена од моќта на работата која очигледно е и без да напише дека ја сака. Со тек на време ќе и спласнат овие чувства ама јас посакувам и се надевам како станува попрофесионална практикувајќи медицина не само теоретизирајќи за неа ќе научи пред кого да покажува и колкав квантум емоции и мисли и нема да реагира и да ја допира се кажано од секого, ма колку добронамерно или во др.намери кажано да било туку најголема надеж полагам во тоа покрај професионалноста да е, се гледа дека е, остане добра личност пред се, човечна со надежи и верба како и сите останати дека добрината со добро се враќа, едноставно добрината создава и шири добрина. Според мене @Среќа на добар пат си во работата, само успех ти посакувам и зачувај ја човечноста и добрината во себе што и да работиш, ако грешно претпоставив што си учинила не ми земај за зло, може си иден одличен еден од ретките женски хирурзи и си спасила живот на операциона маса, небитно, важно е делото што си го направила и оставаш зад себе како пример.
Истото го мислам и сакав да го пишам. Само ќе се надоврзам, иако некои не сакаат да го прифатат тоа медицинската професија и тоа како е најхумана, не за џабе тоа останало. Уште од студентските денови, некој си ја посветил младоста да учи за да спасува животи, па да специјализира, едно 15 години животот го поминал во учење за на некого да спаси живот, и после некој ќе дојде ќе ти рече па тоа ти е само работа, за тоа зимаш плата. За тоа ќе речам докторската професија е најнеблагодарна. Какви се работи работат докторите што некој не може ни да ги замисли, дома да имате болен човек не може да го трпите, ама да ги критикувате медицинарите први сте. Членката не кажа ништо лошо, како што прочитав во другите мислења минува низ некој тежок период па за тоа така си кажа, не гледам тука ништо лошо.
Ја знаеш народната 100 стапа по туѓ грб не болат? Само тој што минал или делумно осетил како е разбира и оди подлабоко да сфати што има во големата слика, што се крие зад дрвјата. Лесно е да се критикува, донекаде и денешниве дешавки во здравството наметнуваат критика, ама треба да е конструктивна критика со усул, ама во ситуации во кои покрај конструктивната критика недостасува и солидарност и поддршка внатре во фелата што да се каже е излишно. Се надоврзувам на случајот со докторт кој 3 год. пред пензија е избркан поттикнато од негова јавна фб примедба за неправилно напишано име на оддел во клиниката кој вака така ја нема сета поддршка во фелата, ама тоа е нашата жална Македонија и сите неправилности во неа се одразуваат и врз здравственото уредување и функционирање. Самоволието и егото на поединци во и надвор од здравството едноставно не само што вришти, урива плафони.
Ако имаа нормални и реални цени сигурно немаше да ги кријат во пораки. Со време научив да ги одбегнувам таквите страници кога некои исти производи ќе ги купиш од други страници и бутици за поефтини цени.
Некако меѓу народов имам чувство дека "мразат" доктори, како некој револт да имаат. Има поединци без знаење, без култура, без посветеност итн итн со лоши карактерни особини и професионално неквалитетни, но да бидеме искрени секогаш се најомразени и најнеблагодарно се однесуваат кон докторите. И да, сто стапа по туѓ грб лесно е. И најмногу мразам кога ќе речат па ти си одбрал да учиш 10 15 години, да жртвуваш се, ако е така тогаш да немаме жал и за некој што одбрал да не учи, што работи за минмалец и во ужасни услови )))))) сори нат сори
Чувството на собирање на желудникот и пресекување на нозете кога баба ти ќе ти заѕвони во 1 по полноќ По грешка и тоа, пази молим те
Леле секогаш ми е така, дури и преку ден во последниов период... Некаки дека стареат и многу ми е страв за нив. Да ни се живи и здрави бабите и дедовците!
Поделби: - скопјани v.s. провинцијалци - граѓани v.s. селани - домашни v.s. гастербајтери - сиромашни v.s. богати - шефови v.s. работници - СДСМ v.s. ВМРО - прележан ковид v.s. не прележан - Синовак v.s. Фајзер - вакциниран v.s. невакциниран ..и се така во круг до недоглед, зависи од приликата. Важно, и да нема начин, ние ќе си најдеме сами за да се поделиме. Е, затоа сме до ова дереџе до кое СМЕ.
Како се справувате со ова време? Сакам да заспијам октомври да станам...ова е претерано, не се диши, не се работи ама ништо не ми се прави на 30+ степени Влазе на тие што не ви смета ова време
Колку ќе биде убаво кога ќе дојдат првите есенски денови. Малку заладување, па џемперчиња и јакни, топли напитоци, ќебенца. Мислам и дождот ќе ми годи. На ова жешко време ваква сум Летото е супер за одмор, разладување, сончање, ама за се' останато... Некогаш климата пуштена да лади, некогаш сите врати и прозорци отворени да издува низ куќа. xD И по 15 минути од туширање пак испотен си... Истото е на секое излегување надвор. Сум стигнала на работа и веќе сакам под туш да влезам, а пред мене 8 часа.