Телевиса пресента Последните три години од животот ми се шпанска серија. Ама последнава година, буквално претера. Кога ќе погледнам назад ми се врти и лоши. Од крајност во крајност...од една страна убави работи, од друга страна толку грди што ќе си носам трауми цел живот. Не знам кој пат да го фатам, не знам што да одлучам. А и мака ми е од одлуки, зарем не беше доволно "возрасност" годинава за моите 25 години? Точно е тоа што го рекле, дека кога поминуваш низ нешто многу тешко, тогаш вистински и длабоко се запознаваш себеси. А во време на болест, откриваш нова јас. Одлуки, одлуки...
Моменталниот статус: Да одиме! Не можеме. Зошто да не? Го чекаме Годо. Ах!... Ништо не се случува, никој не доаѓа, никој не оди, тоа е страшно!... Буквално опишан денешниот ден.
Од почеток не сфаќав. Сега гледам колку е, добро балансирана заедница форумов. Поздрав до сите членови. Срцки ми сте
Концерт во Карпош на отворено, нема потреба од сертификати и носење маски. Саем на книга на отворено, сертификат за вакцина. Некој да ми објасни?
Некој наслушнал од влада дека книгите ширеле нешто, ама не дослушнал, па помислил дека ширеле корона. Затоа сите од влада бегаат од книги како ѓавол од темјан. Друго објаснување нема.
Една од најубавите работи е да се засакаш себеси. Не нарцисоидно. Да си ја видиш својата вредност, да станеш свесен за својата вредност. Да работиш на себе, за себе. Да го сакаш секој дел од себе, да ги сакаш своите чекори што секој ден ги правиш и патот по кој одиш. Да станеш пријател на себеси. Да знаеш кој вреди да е покрај тебе и да си направиш услуга селектирајќи ги луѓето. Позитивните мисли тогаш се секојдневие, а со позитивни мисли целиот живот се претвора во позитивно искуство.
Само психопат може болен со вирус да дојде кај бебе!!!! Значи збеснав, јас да кивнам па нема да одам, а па посебно во е*ана пандемија!!!! Значи болест
Што не ти дозволува да се израдуваш на туѓ успех? Понеделник, ладен, смотан, чуден, закитен со еден потпис, старо-нова работа и мал милион нова администрација. Аирлија.
Форумов стана како државава.. Банана држава нели.. Дупли теми, навреди.. Се гледа колку луѓето имаат воља да ги почитуваат и туѓите мислења...
Велат дека лесно е жена да си Спастрена секогаш Дури и тогаш кога душата ти цвили И солзите однатре ти лијат Та си ги поткасуваш усните За да не вреснеш до небо Кога чекориш ко светот твој да е На потпетици од кои стапалата те вијат И тело исправено Дури и тогаш кога ти иди да се свиткаш И така ноќта да ја минеш Никој освен жена Не знае како е жена да си Кога од сите болки Треба насмевка да исткаеш Со плачот јадењето да го посолиш Од снагата живот да извадиш И за него повеќе од за себе да се грижиш Та велат оти лесно е жена да бидеш Оти шминката бледилото го крие И црните кругови околу очите Кои од наспаност не се Та се чини оти најлесно е Кога на раѓање женски плач се слуша Оти ниту една од нас Нема да заплаче пред туѓи очи Туку болката ќе ја џвака во себе И ќе ја исплука тогаш Кога во самотија ќе се завитка Без ниту еднаш да заофка Или да се пожали некому на глас Велат Велат дека жена е лесно да се биде И оти жените низ векот полесно врват Небаре патот со рози ни е послан И на него ниту едно камче нема А јас знам Знам по сите жени кои на мојот пат застанале Дека силата нивна е поголема Од кревкоста на нивните тела И благоста која во себе ја носат И дека плеќите од железо им се Ама срцата меки ко памук Ко облак бел на сино и чисто небо Велат оти жена да си Не е ништо особено Ниту дека е тешко во наши чевли да се оди Ама знам Како што знае и секоја од нас Дека најголемиот благослов и клетва е Кога женско дете в куќа ќе се роди Оти нејзината среќа лежи во туѓата И дека од себе ќе земе За на другите да им даде Со сета леснотија Во таа тежина жена да е Жена да биде
Заматена позеленета вода со нафта, дури две риби во рок од цела недела, неколку измутирани школки и дури еден галеб. Во вода освен тампони, пластични кеси и лажици, жив свет не видов. И не можев да си поверувам што гледам, требаше море да е. Да не веруваме пак во загадување на водите и изумирање на живиот свет во нив. Да не веруваме дека ни се лизга светот од дланка. Идиоти. А мислиме дека сме над животниве, кога всушност ние сме вистинските штетници.
Начинот на кој ми се подкрева во желудник од:"Кааај си мааа..." до озарен лик и тоналитет, ама она шеретското, кога ќе се видиш со некого после подолго време, ама цури и лицемерие.
Го научив вистинското значење на "Сé се може кога се сака"! Многу се гордеам со себе и тоа што успеав да го постигнам за кратко време.
Колку е убаво човек да биде искрен со себе, да има широко отворено срце и безусловно да си го сака животот.